"Што е тоа страв од Бога и страв од човек?
Постои страв од Бога и постои страв од човек; страв од Бога- тоа е смирение, страв од човек- тоа е кукавичлук.
Од каде доаѓа стравот од човек?
Ако имаш страв од човек, тогаш, значи, имаш славољубие; оној, кој нема славољубие, ја отфрлил човечката и е исполнет со Божествената благодат, која расте според степени.
Стравот од човек е сила на световното срце. Световното срце- тоа е срце, залепено со светот кое како пајак го исцицува животот од него. Тоа е срце во кое наместо крв тече кал од лоши помисли.


Како да се победи стравот?
Многу едноставно- да се биде смирен. Во смирението потонуваат сите стравови и помисли како камен во огромен океан. Тогаш ти ќе дознаеш дека смирението е вистинска храброст. Затоа стравот е спротивен на храброста. Но, не таа храброст за која говорат во светот, туку храброста на смирението, кое раѓа чисто срце. Чистото срце, познавајќи Го Непознаениот и сместувајќи Го Несместливиот, нема страв од човек, туку има страв од Бога, кој се претвора кај него во непресушна Љубов.

Од што се раѓа храброста?
Од непрестајна молитва! Заморот и слабоста, стравот и малодушноста, бегаат од непрестајната молитва; а храброста, цврстината и целомудрието го облекуваат срцето, кое ја здобило непрестајната молитва, неуништлив духовен оклоп.
Како да научиме да ја зачуваме непрестајната молитва?
Не смее да му се допушти на стравот и плашливоста да ја сруши цврстината на твојот дух. Треба да се направи истото како оние кои имаат опит, подвизувајќи се како опитен воин Христов, кој без страв оди таму каде што е опасно и без плашливост стои таму каде што е тешко."


~ Света Гора Атон

 

Извор: ФБ профил на :

Bage Blagica's profile photo

Баге Благица

5-ти август 2018 лето Господово