Црно-бела нација

 

Во Нинбершкиот процес, еден нацист бил прашан: „Како можеше да убиваш луѓе, исти како тебе, во гасни комори?“ Тој одговорил: „Јас не ги сметав нив за луѓе“. Ете ви, зарем ѓаволот не го сака токму тоа – да престанеме да се гледаме едни со други како луѓе? Зарем не се случува гревот да биде негуван како правило, та луѓето веќе да престанат да личат на луѓе, и да престанат да се гледаат едни со други како луѓе?

+ + +

Сетете се на типичните зимски вести: „Оваа зима, во периодот на неколкудневни поларни студови, толку и толку луѓе умреа од студ, повеќето бездомници.“ И токму тој збор, бездомници, прави да мислиме дека не станува збор за луѓе, туку за некој вид на животни. Можеби си мислиме: „Сами си се виновни што се сиромашни и болни. Не се како мене – јас сум здрав, имам пари, живеам праведно“. Добро, може не мислиме буквално вака, но близу сме до ваквите помисли. А тоа што вистински се случува е следното: појавувајќи се во нашите животи, овие „бездомници“ неуморно нѐ потсетуваат дека не можеме да се скриеме од евангелската вистина, и дека живеењето по филозофијата „доволни се мали добри дела“ нема да помине неосудено на Страшниот суд. Од осудата нема да нѐ спаси Законот – ниту нашите постења, ниту одењето на богослужби, не, никаква сабота нема да нѐ спаси. „Ако вашата праведност не ја надмине праведноста на книжниците и фарисеите, вие нема да влезете во царството небесно“ (Мт. 5,20).

+ + +

Што се случува со нашите болести? Оној Кој може да ни даде злато и сребро, сепак не може да ни рече „Стани и оди“. Нашата ужасна болест се состои во тоа што ние сме навикнати на нашата болест, на нашата смрт, иако силата на Воскресението делува во овој свет. Бог е против нашата смрт. Бог ја победи нашата смрт, и таа победа ни ја даде во светот. Ние треба да ја сведочиме Неговата победа.

Ќе го чуе ли Евангелието овој раслабен свет опиен од суета, овој свет во кој зборовите немаат сила, ако ние самите не ја сведочиме и пројавиме евангелската слика? Среде овој свет во којшто лажепророците добиваат сила и се решени да ги заведат дури и праведните, зарем не е потребно како Црква да пројавиме многу знаменија и чудеса, како што се случувало во раните дни на христијанството? Зар на светот денес му се помалку потребни чуда? Христос воскресна!

 

Протојереј Александар Шаргунов

 

 

 

 

 

 



Извор: http://pravoslavie.mk.