Светата Четириесетница заврши; во вера ги поминавме дните на Страстната седмица и Пасхалното славење. Речиси сите се покајавме и се причестивме со светите Христови Дарови, и нашите души се очистија и обновија.

Што е следно? Усрдна грижа, за да не се вратиме на старото, да не ослабеме духовно, да не умреме. Тоа може да се случи многу лесно! Животот којшто нè окружува води токму кон тоа. Секој еден е во брзање, секој еден е во трка, зафатени сме, немаме време – и така секој ден. Сите се живееме сè побрзо и побрзо – но каде одиме? Наша духовна задача беше и остана тоа да не потонеме во оваа бркотница, да не се задушиме.

Треба да се ослободиме од неа, треба да ја сочуваме нашата духовна личносност. За да го сториме ова треба да имаме, ако не неколку часа, тогаш барем неколку минути дневно, за живот на душата, на духот, да подзастанеме барем малку и да созерцуваме, малку да се помолиме, да прочитаме нешто. Потребно е да имаме некакво „правило“ за нашиот духовен живот, кое нема да го напуштаме, и тоа не затоа што сме законици или фарисеи, туку затоа што се сеќаваме дека „Саботата (одморот) е за човекот, а не човекот за саботата“.

Сите ние сме луѓе, и ни е потребна помош, поддршка, за да не потонеме во тековите на современиот живот. Она што ни е потребно е некакво „правило“ за духовен живот, за духот, за душата, за душата на секој еден од нас, кое ќе биде поставено и кон коешто ќе се придржуваме. Зарем немаме правила во нашите телесни животи – да јадеме, да пиеме, да се капеме, да се облекуваме. Има и правило за живот на улица: каде и како да преминеме улица, како да возиме, итн. Доколку се обидеме да ги прекршиме овие правила – што се случува? Овие правила се за луѓето, за нивните животи, за спасување на нивните животи.

И така, да бидеме праведни. Да мислиме на нашата душа, за нејзиното спасение, за правилото што ќе ѝ помогне да живее, да се очува.

Поминувајќи ја Светата Четириесетница, поминувајќи ги во вера деновите на Страстната седмица и Пасхалното славење, сега е време да размислиме како да се очуваме себеси духовно, како духовно да зајакнеме и да се збогатиме. Амин.

Епископ на Кампанија, Методиј

Извор: http://pravoslavie.mk.