"Даровите на Светиот Дух се непроценливи. Секој дар не е ништо друго туку огнена љубов. Но, заради ширењето на нашето срце, за тоа да може да ја прими Христовата љубов, неопходно е сите да поминеме низ многу искушенија. Оние што живеат во телесен мир атрофираат духовно и остануваат затворени за Божјата, Христолика љубов. Таквите живеат и умираат, а нивниот дух не се качува кон небото. Меѓу даровите од горе и подвизите на верата постои некаква синерија: сите кои одат по патот на Христовите заповеди, се препородуваат следејќи Го Христос, едни повеќе, а други помалку, зависно од тоа колку срдечност покажуваат. Преку сораспнувањето со воплотениот Бог – Словото врз верниците слегува благодатта која човекот го прави сличен на Богочовекот. Овој голем дар во себе содржи и живоносно богословие, преку реален живот во Светлината на љубовта.

Самото сфаќање на гревот е присутно единствено таму каде што односите меѓу Бог-Апосолутот и човекот-грешник добиваат чисто личносен карактер. Инаку, сѐ си останува на интелектуалните претстави за помалиот или поголем степен на форми на совршенство кај постоечкото. Гревот е секогаш престап против љубовта кон Отецот. Тој се покажува како наше оддалечување од Бог и потчинетост на нашата волја на страстите. Покајанието е секогаш поврзано со воздржувањето од гревовните поттикнувања. И надвор од христијанството се води борба против некои страсти; и во хуманизмот можеме да најдеме совладување на овој или оној порок; но затоа што недостасува сознанието за длабоката суштина на гревот – за гордоста, затоа овој лош корен останува несовладан, па трагизмот на историјата не престанува да се зголемува." - Старец Софрониј

 

Избор од ФБ профилот на : Моника Николова

04.04.2018 лето Господово