28-ми февруари 2018 лето Господово

Фоторепортажа од Слепченскиот Претеченски манастир

"Утрата мои" песна од збирката богољубива поезија на сестринството „Манастирски води“

Утрата мои

Како слана падната на лист провеан
Како искри бисерни на зимско платно
Како водопад од страни со лилјан обвиткан
Како магла прелеана од сончево злато
Такви се утрата мои

Како ситен дождец поминат низ виножито
Како латица која се отвора при сончев изгрев
Како нежен цут на врба кој се откинува милно
Како прв развигор во пролет дојден
Такви се утрата мои

Како глуварче дојдено на мене да се прилепи
Како зајаче кое го подава своето носе
Како детенце кое бара со своите очи
Како срничка која легнала при моите ноѕе
Такви се утрата мои

Колку желби имам
Да ги видам утрата мои
Да не се разбудам
Без Оној кој ми ги приготви

Но сепак морам да станам,
На поле да излезам
Многу да внимавам
Љубовта да не ја загубам

Битка да бијам
Тебе да Те повикувам
Во внатрешноста на моите зеници
Птици рајски да пропеат
Како бели лебеди
Крила да рашират
Да ми ги приближат утрата мои
За потоа да бидат и твои

 

 

 

 

Излезе од печат втората книга од едицијата „Манастирски води - Лебедот“, сведоштва за духовниот живот преточена во поезија од сестринството на Слепченскиот Претеченски манастир  под псевдоним Кипријан Слепченски.

 

ПП

 

 Друго: