Доаѓаат многу тешки денови. Обрнете внимание на својата душа. Обединете се и ставете се во подвиг. Старец Ефрем излезе од изолираност. Нему Господ му одговори. Старецот молеше од Господ  да го продолжи времето, но Господ рече дека антихристот е на земјата и дека сé започнува оваа година.

Нашето време е темпирано. Нé очекува тешка година и опасност за време на нашиот престој на земјата. Разбеснетиот сатана сака да нé проголта и да нé однесе во пеколот. Благочестивиот  човек  ќе се спаси и ќе ги избегне неговите заби и ќе се искачи на Небото.

Од година во година ситуацијата се влошува. Сé повеќе има грешници и блудници, гревот се множи. Таквата состојба не може да трае и ќе дојде Божјиот Суд. Затоа мораме да побрзаме да им помогнеме на нашите ближни да ги сакаме и љубиме.

Мораме да им помагаме на нашите блиски, но и на нашите браќа и сестри во Христа, да им помагаме во нивната болка и страдање. Ние сме сигурно заштитени ако сме под заштита на Пресвета Богородица, а во опасност сме ако живееме под јаремот на постојан грев кој е во моментов во пораст во светот.

Старец Ефрем Филотејски (Аризона, Мораитис) е духовно чедо на Јосиф Исихаст кој пишуваше за својот духовен отец во прекрасната книга „Мојот живот со старецот Јосиф’’.

Подготви: Снежана Корнет

28-ми април 2017 лето Господово

 


Извор: http://borbazaveru.info/content/view/9569/1/

 

Друго:

Во понеделник на Светлата седмица на Атон, Празник на иконата „Сладок бакнеж’’

Што преставуваат предметите во рацете на ангелите?

Протоереј Сергеј Адодин - Лошиот свештеник

СВ. ОТЕЦ ПАЈСИЈ: Ако сакаш да воспиташ дете, држи се до овие правила!

 

 

 

 28.04.2017 год.

Преминпортал