логоFacebookTwitterYouTubeeMail

ALASKA TRIP TO HOMER 13-14 SEPTEMBER 2010

Крстот со три хоризонтални греди, како што погоре е прикажан, е најчестата форма која се употребува во Православната црква – без разлика дали станува збор за едноставен накит, украс, распетие или икони кои го прикажуваат Крстот, трите греди се најчесто присутни.
Кратката, најгорна греда го претставува натписот закован на Христовиот Крст, кој гласел: ОВА Е ЦАРОТ ЈУДЕЈСКИ (Лука 23,28; во Евангелието според Јован натписот гласи: „Исус Назареецот, Цар Еврејски“).
Долната, искосената греда од распетието, е за потпора на нозете. Сите распетија ги имале овие потпори, зашто никој не можел да биде прикован на крст само со клинци. Суровата смрт на распетие не настанувала поради губитокот на крв, туку поради недостаток од кислород: истоштен, човекот не можел повеќе да стои на потпората за нозете, телото виснувало, и повеќе не можело да се вдишува воздух.
Потпората за нозете на Христовиот Крст е искосена, бидејќи се верувало дека во последните моменти пред Исус да го предаде духот, Неговото тело се згрчило и потпората била изместена. Но, во овој вистински настан има и симболизам. Потпората укажува нагоре, кон Небото, на Христовата десна страна, и надолу, кон Адот, на Христовата лева страна. Една од петочните молитви на Православната црква јасно го објаснува ова значење:
   

Среде двајца разбојници Твојот Крст се покажа како праведно мерило.    Едниот го упатува во адот поради тежината на хулењето,    а другиот се олеснува од гревовите заради познавањето на Богословието.    Христе Боже слава ти.

(види Лука 23,39-43)

 

Полумесечината и Крстот

Cross-over-Crescent


Понекогаш може да се види и ова: Крст над полумесечина. Се даваат повеќе одговори за ова. Од референци на месечината во книгата Откровение (вообичаен образ на Марија), потоа како древен симбол на Црквата, па до котва или едноставна изјава против Отоманите.


Википедија: – Една варијанта на православен крст е „Крстот над полумесечина“. Во 1486 година, царот Иван  IV (Грозниот) го освоил градот Казањ, кој се наоѓал под владеење на Татари муслимани, и во спомен на тоа, тој заповедал оттогаш па натаму исламската полумесечина да се поставува под крстовите, за да се означи победата на Крстот (христијанството) над полумесечината (исламот). Овој „Крст над полумесечина“ понекогаш е придружуван со „Гаврил како дува во труба, качен на врвот од Крстот“.


Митрополит Иларион (Алфеев): Понекогаш може да се сретне полумесечина под крстовите на куполите. Според нашите сознанија, овој вид на крст ги украсувал куполите на неколку цркви од 12 век, поточно црквата „Покров на Пресвета Богородица“ на Нерл, катедралата „Св. Димитриј“ во Владимир и катедралата „Успение“ во Стараја Лагода. Овде, полумесечината воопшто не претставува муслимански симбол и воопшто не укажува, како што понекогаш се мисли, на супериорноста на христијанството над исламот. Полумесечината била еден од државните симболи на Византија (ја симболизирала царската моќ) и само по освојувањето на Константинопол од страна на Турците, таа станала симбол на Отоманската империја.

Приказот на полумесечината се среќава на древните руски икони, одежди и минијатури во книги. Освен тоа, крстот заедно со полумесечината ни напомнува на котва (симбол на спасението, во согласност со симболизмот на Црквата како кораб), потоа на расцветан крст, чаша или крст, забоден на змија.


(Orthodox Christianity Vol. III, The Architecture, Icons, and Music of the Orthodox Church by Metropolitan Hilarion Alfeyev. p. 57)

Подготвил: презвитер Георгиј Глигоров

Извор: Мистагогија

Друго:

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 772
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1050
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 997
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Ајде повторно и оваа година – како во годините наназад, на Нејзиниот ден, да го обновиме нашиот подвиг – молитвеното правило „Богородице Дево...“ Оваа молитва, за нас раслабените, е последна...

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

Нo пoстoи рeд и начин пoмeѓу тваритe, видлив и дoстапeн за нас луѓeтo, а пoстoи рeд и начин нeвидлив и нeдoстапeн. Спoрeд тoј нeвидлив и нeдoстапeн рeд и начин, кoј...

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Ете она што дојде да нѐ повика, сега ни се јави: Бог надумно се соединува со луѓето; со гласот на Архангелот прелеста се изгонува, а Дева радост прима; небото слегува...

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Ако ги приклониме колената, а во срцето свое, во вистинскиот храм во кој Бог се вселува, не го поставиме Крстот, сме го промашиле суштинското значење на празникот, затоа што тоа...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

Според својата слободна волја човекот паднал во грев, па затоа и според својата слободна волја треба да се лекува и на крајот излечи од гревот и смртта. Бог не ги...

« »