✣✤✣ ЧОВЕКОВАТА РЕШИТЕЛНОСТ ДА НЕ ГРЕШИ ПОВЕЌЕ ✣✤✣

Веродостоен знак дека дошло до искрено покајание според кој грешникот може да препознае дека Бог навистина му ги простил гревовите е омразата и одбивноста кон сите грвови до таа мера што човек попрво би се согласил да умре одошто со својата волја да греши пред Бога; покрај тоа, во него се појавува желбата да им простува на сите, се јавува чувство на леснотија, на чистотија, на необјаснива радост на длабок мир, желба да прави се' само во слава на Бога, да ја замрази и да ја отстрани гордата желба да си припишува слава на себеси. И обратно, недостојното покајание, по кое остануваат гревовите, предизвикува чувство на незадоволство, со двојна тежина го притиска срцето, како некое тешко, матно, нејасно чувство на огорченост.

Запамти, покајанието нема да биде целосно и полезно доколку во тебе не постои внатрешна цврста решителност да не се враќаш на гревот кој си го исповедал. Aко за било кој грев (паѓање) велиш: "Прости ми!", се ќе ти биде простено, но ако велиш така, а потоа повторно се вратиш на гревот и не се бориш со него, тоа значи дека твоето покајание е лажно; тоа значи дека се каеш и остануваш во гревот. Господ да чува!
Човекот треба да го спознае својот грев и да го намрази, треба да вложи што е можно повеќе напор за да не се враќа на поранешните беззаконија.

Простувањето на гревовите е ослободување од страстите, и оној кој не се ослободил преку благодатта, сеуште не добил простување. За човек да добие простување од Бога треба да го промени сиот свој живот, и оставајки ги пороците, постојано да живее добродетелно.

Покајанието не се цени според количината на времето, туку според расположението на душата. Оној кој го мрази гревот бега од него и брзо ги поразува страстите во него; Меѓутоа, често се случува исповедникот да не го забележува својот духовен раст и тоа да го вознемирува, како што е случај со тебе. Му се чини дека стои во место, или дека станал полош одошто бил: "Еден чекор напред, два назад." Не грижи се мој пријателе, тоа само така ти се причинува, всушност нема случај во кој секоја исповед да не изврши промена кон подобро кога човек тежнее кон благодатта и кога има добра желба да се поправи, да го задуши гревот во себе.
Човек не може да си суди праведно, не може да знае дали станал подобар или полош. Само на духовниот отец Господ му ја отткрива вистината, само тој знае во каква состојба се душите на неговите деца. Обично зголемената строгост кон себеси и засилениот страв од гревот во човека создаваат впечаток дека гревовите се умножиле и дека духовната состојба наводно не се подобрила, туку дека станала полоша. Освен тоа, Господ од нас често ги сокрива успесите за да не паднеме во фарисејство, суета и гордост.

Се случува, иако не сме се ослободиле од гревот, честите исповеди и причестувањето со Светите Тајни да го разнишат и сосема да го ослабат неговиот корен, така што со тоа и самата борба со гревот и страдањето заради свесноста за својата огревовеност и носат на душата голема полза. Затоа немој да се плашиш, пријателе, дури и ако секој ден паѓаш... Стани што побргу, кај се и подвизувај се смело, и Господ ќе те награди за трпението.
Покајанието не е само исповед во црква, тоа е целиот човечки живот во покајание и во покајничко чувство. Треба да го зачуваме тоа чувство до самата смрт, постојано со умот мораме да бидеме во адот, то ест, искрено да мислиме дека сме достојни за адот, но да не очајуваме, туку да се надеваме во Божјото милосрдие. Доколку човек го изгуби тоа чувство на сосптвената непотребност, ќе ја изгуби благодатта.
Гревот врз нас остава таква дамка која не може да се исчисти со ништо друго освен со искрено покајание и со горчливи солзи поради него.
Оној кој не плаче поради сопствените гревови, ќе плаче поради казната за гревот и во овој, но и во идниот живот; затоа е подобро овде доброволно да се исплачеме за своите гревови и да истрпиме заради нив, одошто вечно да плачеме во маки.

Секој грев се прави поради наслада и влегува преку насладата, затоа простувањето на гревовите се дава преку страдање и тага, а гревот се избркува со огорченост и солзи.

Старец Сава Псковско-Печерски

Извор: Агапиј Тивериополски