Грчката православна црква ги поткопува добрососедските односи помеѓу Грција и Македонија со наивни и неодговорни повици за прекројување на границите, се посочува во реакцијата од Обединетата македонска дијаспора по новата изјава на грчкиот митрополит, солунскиот епископ Антимос дека „Македонија е грчка... и нејзините делови што недостасуваат треба да и' се вратат“.

Со оваа изјава грчкиот митрополит алудира на територијата на Република Македонија, но и на делови од Македонија што се во Бугарија.

„Повикот за поделба на најмалку две балкански земји од грчките црковни лидери е неприфатлив и во секој случај не придонесува за добрососедски односи, за какви што Грција тврди дека ги посакува со Македонија“, соопштија од Дијаспора.

Во реакцијата се посочува дека изјавата на митрополитот Антимос е во време кога Грција ги зголемува неоснованите и политички мотивирани тврдења за „иредентистичка пропаганда“ на Македонија против Грција, кои произлегуваат од таканаречениот спор за името помеѓу двете нации.

Извор: ДНЕВНИК



Уште еден грчки митрополит сака дел од Македонија

Атина /14/11/ 16:43

По скандалозната изјава на солунскиот митрополит Антимос во врска со Македонија и митрополитот на Калаврита и Аигалеја, Амбросиос смета дека делови од територијата на Македонија и припаѓаат на Грција.

Амбросиос изјави „бидејќи најдобрата одбрана е нападот, многу добро направи митрополитот на Солун потсетувајќи дека Монастири (Битола) е грчка територија, од која скопјаните имаат корист“, пренесуваат грчките медиуми.

„Ако Антимос е националист, тогаш зашто некои други да не се ,продале’ на странски планови и интереси”, прашува реторички митрополитот на Грчката православна црква/крај/фокус/ил

 

Посети: {moshits}