kniza.Postapkite.jpg

СОДРЖИНА:

ВОВЕД

ТАРС
ДАМАСК

ЕРУСАЛИМ

АНТИОХИЈА

ГАЛАТИЈА

МАКЕДОНИЈА

АТИНА

КОРИНТ

ЕФЕС

КЕСАРИЈА

РИМ

ИНДЕКС

kniza.Postapkite3.jpg 
Животот на ап. Павле
Лето Господово
5. Роден во Тирс
35 Преобратен на патот за дамаск
35-38 Проповеда во Арабија и во Дамаск (Галантјаните 1,17)
38 Го посетил Ерусалим(Галантјаните 1,18)
38-43 Проповеда во Сирија и во Тарс (Галантјаните 1,21)
43-46 Слуќи во Антиохија со Варнава
47-49 Прво мисионерско патување (Дела 13-14)
49-49 Апостолскиот собор во Ерусалим (Дела 15)
49- 50 Го пишува Посланието до Галантјаните
50-52 Второ мисионерско патување(Дела 15,36--18,22)
52-55 Трето о мисионерско патување(Дела 18,23-21,16)
55-58 Го пишува Посланието до Римјаните
56 Патувањето за Ерусалим, го затвораат(Дела 21)
57-59 Затворен во Кесарија
58 Патувањето во Рим(Дела 27)
60-61 Затворен во Рим
61 Ослободен од затворот
61-65 Проповеда во Мала Азија и во Грција
65 Уапсен, осуден и погубен во Рим
Сите датуми се приближно точни.

kniza.Postapkite6.jpg 
Апостол Павле, претставен на еден мозаик во Монреалската катедрала на Сицилија од XII или ХIII век.
Ап. Павле обично се претставува како низок ќелав маж.

ВОВЕД

Неколку години по Христовото Воскресение младата Црква во Ерусалим, предводена од ап. Петар и Апостолите, билагонета од Јудејските верски водачи. Стефановата смрт, чиј сведок бил младиот фарисеј по име Савле, е забележана од св. Лука во Делата на апостолите. Тогаш за првпат го среќаваме човекот што го проповедал Евангелието низ Римското Царство.

Преобраќањето на ап. Павле на патот за Дамаск се случило неколку години по Педесетница. По неговото среќавање со воскреснатиот Христос, тој бил во Дамаск кратко време, потоа поминал извесно време во Арабија, денешен Јордан, и на крајот две или три години подоцна го посетил Ерусалим. Од Кесарија тргнал преку море до Тарс, каде што останал околу 10 години, проповедајќи го Евангелието.

Ап. Павле почнал да проповеда и да учи во Тарс во петтата година по Вознесението Христово. Петнаесет години подоцна отишол да му помогне на ап. Варнава во Антиохија, а оттаму двајцата го почнале своето патувања за Кипар и Мала Азија. Евангелието се проповедало и во Македонија во дваесеттата година по Вознесението Христово, а ап. Павле бил во Грција во педесеттата год.

При враќањето во Ерусалим, римската војска го спровела ап. Павле до Кесарија, каде што бил затворен (57 до 59 год.). Судењето му било во Рим, каде што дошол во почетокотна 60 год. и таму бил во домашен притвор. Пострадал најверојатно за време на Нероновите прогонувања на христијаните 64 год. или кратко време потоа.

Историјата за ап. Павле започнува во Тарс, каде што се родил, но ние за првпат го среќаваме во Ерусалим, градот кој не се изменил многу од времињата кога Исус го посетил. Потоа ја следиме историјата на ап. Павле од Дамаск и неговите патувања низ денешна Сирија, Турција, Грција и Италија.

 


(Извадок)

МАКЕДОНИЈА

Македонија е голем предел на Балканскиот Полуостров чиј најголем дел сега се наоѓа во северна Грција, вториот поголем дел се наоѓа во Република Македонија и еден дел се наоѓа во Бугарија. Во античко време таа била моќно царство. Грчките градови држави од класичниот период (V и IVвек пред Христа) не ги сметале Македонците за вистински Грци, иако македонските цареви биле ревносни покровители на грчката култура. Еден од најсилните македонски цареви, Филип II (356-336 пр. Хр.), ги освоил грчките градови-држави и го основал македонското царство. Веднаш потоа бил убиен, но неговиот 20-годишен син Александар го продолжил татковото дело и во 334 год. пр. Хр. тргнал кон Азија со својата македонска војска. За неколку години тој го соборил Персиското Царство. Кога умрел во 323 год. пр. Хр., неговото огромно царство не останало долго време обединето. Македонија наскоро повторно станала посебно царство.

kniza.Postapkite4.jpg

„а оттаму во Филипи, ... римска колонија" (Дела 16,12).


Римскиот пазар, или агора, во Филипи, изградена по победатана Октавијан кај Филипиво 42 год.пр.Хр.

kniza.Postapkite5.jpg

 „Тие дојдоа во Солун, каде што имаше јудејска синагога...“  (Дела 17,1)


Сводот на Галериј, изграден како ознака на патот Игнација на влезот во Солун од исток.

 

 

kniza.Postapkite1.jpg

Морис С. Томсон има составено голема фотографска библиотека како резултат на многубројните посети на Блискиот Исток, каде што одел да ги фотографира местата што ги интересираат читателите на Библијата. Во 1979 година тој ги основал библиските сцени на обиколките во слајдови, за да ги илустрира историјата, географијата и обичаите на библиските земји. Овде, го гледаме со жена му Џоан, која го придружува на неговите многубројни патувања.

Фотографиите во боја во книгава се посебно одбрани како илустрација на текстот на професорот Брус, кој има за цел да претстави јасна слика на земјите и градовите каде што проповедал Апостол Павле и каде што се родило христијанството.


Превел:Александар Зафировски
Одговара: Петко Златески
Компјутерска обработка: "ВЕДА" - Скопје

 

 kniza.Postapkite2.jpg

Покојниот професор Ф. Ф. Брус работел како професор по Библиска критика и егзегеза на Универзитетот во Манчестер до пензионирањето во 1978 год., кога е и прогласен за почесен професор.

Тој е автор на коментари на Делата на светите апостоли, на Посланијата на апостолот Павле: до Римјаните, Коринтјаните, Ефесјаните, Колосјаните и до Евреите. Тој, исто така, има напишано и книги за историјата на Израел, за црковната историја, за Свитоците од Мртвото Море и за англиската Библија.

Професорот Брус бил чест посетител на библиските земји и во книгава како одличен библиски познавач, ни ги пренесува своите лични искуства на еден невообичаен начин.

Светот што го познавал апостол Павле бил дел од Римското Царство. Многу од местата што ги знаел и посетил и денес се живи градови, како што се Ерусалим, Солун, Атина и Рим. Меѓутоа, некои места можат да се доловат само преку археолошки докази и преку добро поставени реконструкции, како на пример градовите Ефес, Коринт и др.


ИЗДАВА: БИБЛИСКО ЗДРУЖЕНИЕ
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Скопје - 2007

Посети: {moshits}