Крстот

Ох Крсту мој,
Ох Крсту сесилен,
Чувару на вселената,
Господару на силата.

На тебе адот се натакна,
На тебе страстите се распнаа,
На тебе душата се подига,
На тебе умот слободно делува.

Крсту од искона предвиден,
Жезол Аронов умудрен,
Факел пред избраниот воздигнат,
од тебе челадта недеж добива.

Господи, Господи,
заштити, спаси и помилуј,
со Крстот Твој умудрувај,
и од падови подигнувај.

 

Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир

Друго: