Вечерва


Ќе се собереме
од краиштата  на сите времиња
погледи ќе си размениме
во вечер која утро ќе дочека.

Заедно
опашани со ограда
во круг околу Чесна Трпеза
љубовно заробени од Света Литургија.

Ајде, ајде повикани
браќа и сестри, ктитори
и сите вие од минато христијани
спомнати на сите четири страни
во молитви на ѕидови од Храмот испишани.

Торжествено да си спомнеме
за молби осветени, исполнети –
сите Едно да сме
во овие Воскресни мигови.

Небо отвори се,
Храму подигни се,
Огну Небесен посети не,
во срца наши распали се.

Мисла  чиста
застанала на уста човечка,
виор од срце излегува на површина
се шири по цела вселена
Христос Воскресна !

 

Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир

Друго:

8-ми април 2018 лето Господово

ПП