tek_5.jpg


28 март 2014

Во Ирачката држава расте незадоволството против законот, усвоен кон крајот на претходниот месец од страна на Кабинетот на министри во земјата, со којшто се дозволува брак со девојчиња кои сè уште не достигнале возраст од девет години – известува информативниот портал „Линк“.

tek_5.jpgСе отвора широка дискусија во врска со предлог законот којшто беше предложен од страна на министерот за внатрешни работи на Ирак, Хасан ал – Шаммари и усвоен од страна на Кабинетот во земјата.

Така властите внесоа промена во семејниот кодекс, со кој се дозволува брак со девојчиња кои се уште не достигнале возраст од девет години. Се нагласува дека новата правна норма воведена во согласност со учењето на Шиитската џафаритска правна школа (Масхаба), може да се однесува само на муслиманското население – законот не важи за христијани и други неверници и атеисти. Авторот на овој скандалозен правен акт, Хасан ал – Шаммари, во своето интервју за медиумите изјави дека законот бил изготвен по исцрпни консултации и дискусии со Улемите – џафарити, научниците-академци и правниците, „како претставници на интересите на приличниот број разнолики слоеви на општеството“.

„Овој закон“, изјави министерот, „го заштитува уставното право на Шиитските муслимани, предвидено со 41 чл. Од Уставот на Ирак – имено, слободно располагање со приватните работи согласно со вероисповедта“.

Според ал - Шаммари потребата од таков закон се појави уште одамна: „Многу години наназад христијаните кај нас си имаат свои сопствени судови. Скоро секое дело на ирачки христијанин, пред да дојде до световен суд, задолжително поминува преку црковните структури. Граѓаните со муслиманска вероисповед треба да имаат аналогни на тие права“.

Од своја страна, пак, активисти за заштита на човечките права на усвојувањето на овој закон одговорија со бројни демонстрации во престолнината на државата - Багдад. Демонстрантите излезени на улиците, рекоа дека последното решение што стапи на сила, не само што ги загрозува правата туку и го раздвојува општеството охрабрувајќи го верскиот радикализам и фанатизам.

Извор: Православие.ру