логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Она што сигурно е грев – етички и еколошки, и што треба веднаш да го промениме, е  оставањето на многу семејства во Р. Македонија без огрев и храна преку зима, а сме можеле да им помогнеме. Наместо да палиме ритуални огнови и да ја дозагадуваме околината, и наместо да го нарушуваме постот со мрсни јадења и световни музики и песни, подобро е да им помогнеме на сиромашните со огрев и храна, и ќе видиме каква радост тоа дело...

img_2844

Нема поголем дар од дарот на служењето на својот Бог, Нашиот Господ Исус Христос, на својата заедница, на својот народ. Синот човечки не дојде да биде послужен, туку да служи, па служејќи му целосно и несебично на целото човештво, животот Свој го даде како откуп за мнозина (Мт. 20, 28).

16.jpg

Да го чуеме Неговиот благ глас кој нè кани на Неговата прекрасна трпеза. Да се храниме со Неговите пресвети зборови и живоносни поуки, и најважно - со Неговите пречисти Тело и Крв. Соединувајќи се со Бога, ние ќе станеме светлина што ќе испраќа зраци на љубов во овој свет, а љубовта во Бога е единственото нешто што му е потребно на човекот. Таа е и неопходната пропусница за влез на Царската вечера.

Според тоа, со таква просветеност на умот не може да се создаде благосостојба на земјата. Точно е дека образованието, науката воопшто, е нешто неопходно. Но за таа наука да биде полезна и соодветна во подобрувањето на животот, треба да се надополни со моралната просвета. А тоа може да го стори само верата.

Со прсти, дење и ноќе, монахињите допираат камен: студен е, како што е студен и манастирскиот двор, додека низ него одекнуваат грубите удари на чеканот што го дроби студенилото камено, за мозаик. Студен камен? Зар не е и тоа привид, зашто во сè што е дело на рецете Негови мора да спие Божјиот оган?

Страдаме или поради очистување на гревови, или да не би се повеќе вдлабиле во грев и опасност. Понекогаш дури после многу години гледаме дека искушенијата не биле пратени случајно. Тие нам ни биле потребни за да би биле посилни. Се што работи Господ, води кон подобро - ова треба да ни биде секојдневен став. Против паниката и грижите постои одлично средство: М о л и т в а.

Богочовекот Исус Христос ги победи ѓаволот, гревот и смртта – и тоа ги победи за нас, и наместо нас, и го обезбеди нашето вечно благобитие. Ѓаволот, неговите демони, неговиот слуга – антихристот, гревот и смртта се поразени. Наше е само слободно, со вера и на дело, да избереме дали ќе учествуваме во победата на Богочовекот или во поразот на ѓаволот, и никакви други победи или порази не постојат на овој свет, и никаков друг суштински избор немаме.

Нам, пак, како народ, Бог ни го испрати апостолот Павле, преку повикот на Македонецот – да дојде во Македонија и да ни помогне.[3] Како што Исус Навин го презеде водството на Израилот од Мојсеја, така и нашиот свети Климент го продолжи делото на Светите браќа,

Параболата за добриот Самајранин

Соборноста како суштинска нишка на нашата вера постојано го исправа пред нас прашањето: како се однесуваме кон нашите блиски, оние чиј живот е неразделно врзан со нашиот? Во таа релација се огледа и автентичноста на нашата лична побожност. Старецот Силуан вели: мојот брат е мојот живот

Душата човекова е жедна за благодат и близина со Бога возљубени и скапоцени мои браќа и сестри, но единствено примерот може да ја приведе душата на секој човек по патот на вистината или по патот на погибелта, во зависност од делата кои секој од нас ги твори, а за кои неодложно ќе го добиеме заслуженото.

02.jpg

Зошто ни се случува сето ова? Зошто денес целото Христијанство е во страшна криза? Поради тоа што голем дел од родителите не постапуваат како Светите Јоаким и Ана, родителите на Пресвета Богородица. Гледате, тие, иако го добиле своето единствено Дете во длабока старост и, природно, биле многу приврзани за него, сепак, знаеле дека најдоброто место за него ќе биде при Бога, во храмот Господов. Затоа таму и ја однеле Пресветата Дева Марија.

 

Наблус е град во Палестина, расположен на западниот брег на реката Јордан. Градот кој порано се викал Наин, во денешно време има население двапати повеќе од Куманово и во него многу често се случуваат воени конфликти меѓу Палестинците и Израелците.

Во Наин, каде што се наоѓа гробницата на патријархот Јосиф, градот каде што се наоѓа бунарот на патријархот Јаков – покрај кој Христос разговарал со Самарјанката, во тој град, браќа и сестри, се случил и настанот опишан во денешното евангелие.

Од едната страна доаѓала погребна поворка, а од другата страна доаѓал Христос – следен од многуброен народ.Погребната поворка носела покојник – единствен син на мајка вдовица. По смртта на нејзиниот маж, синот останал нејзината единствена потпора. А сега, на носилка ја носеле за да ја спуштаат в гроб единствената утеха на овдовената жена, која веќе пропаѓала во тага.Но, додека таа со очајно ридање се движела покрај одарот, неочекувано слушнала како некој одлучно и вели: „Не плачи!“ Тоа не биле зборови на човек кој изразува сочувство со наведната глава, човек кој и самиот трепери од страв пред смртта. Блиските тешко дека можеле и да помислат да кажат такво нешто.resurrection-nain.tissot.jpgПрвите три денови од жалењето по умрениот за Јудејците од времето на Исус биле денови на плач. За време на првата седмица нажалениот не работел никаква работа, дури не се ни миел, а времето го минувал во потполно жалење. Потоа следувале уште 30 денови во полесно тагување.„Не плачи!“ – тие зборови биле искажани повеќе како заповед, отколку како совет. Тоа се зборови, не од обичен човек, туку од Богочовекот Христос – Спасителот. Оној што дошол во светот за да ја победи смртта не се разминал молкум со безнадежноста и беспомошноста на човекот. Исус Христос ја положил својата рака на ковчегот и рекол: „Момче, тебе ти велам, стани!“Толку е потребно за Животворецот да го оживее безживотното тело. Само збор од Господа е доволен за да се обнови сојузот меѓу душата и телото и „мртовецот стана и седна и почна да зборува.“Кај Градските порти на градот Наин поворка на смртта се соочила со поворка на животот и животот ја победил смртта, зашто Началникот на животот ја покажал својата животворна сила! Неизмерна била радоста на мајката, а присутните извикувале: „Бог го посети својот народ!“Конечно, браќа и сестри , знаеме дека умреле и мајката и синот кој што еднаш бил вратен од канџите на смртта. Смртта до денес привидно триумфира над животот и како да се потсмева над нашите надежи за вечен живот. Но, нашата сигурност во конечната победа што ќе ја донесе Воскреснатиот Господ и ќе го востанови вечното Царство Небесно е плод на нашата вера во Божјото ветување дека Адот нема да ја надвладее Црквата како земја на живите (Мт 16:18). Нашата вера е вера во „Бог кој не е Бог на мртвите, туку Бог на живите, зашто за него сите се живи“ (Лк. 20:38).Повик од Спасителот до очајната жена: „Не плачи!“ – е повик што  Спасителот го упатува кон секој човек. Целиот земски живот на Господ Исус Христос, целиот искупителен подвиг – од Раѓањето Христово до смртта на Крстот – бил тој повик, исполнет со божествена сила и љубов: „Не плачи!“ Синот Божји беше испратен и стана Син Човечки за да го прекине тој безнадежен ȏд кон гробот. Поради Христа и поради верата во неговото Воскресение не жалиме за умрените како на вечна разделба. Св. Апостол Павле нè советува: „Ви кажувам браќа, за умрените да не жалите како оние што немаат надеж!“ Значи, човечки е да се жали и длабоко да се жали, но безбожно е да препуштиме тагата да нè одведе во болест и да нè разори нас самите и да ја уништа нашата вера и надежта на идниот век. Истиот апостол зборува за „тага според Бога“ која води во покајание за спасение и „световна тага“ која произведува смрт.Световната тага во крајна линија е самосожалување. Од нас се бара да не дозволиме тагата да не одведе во самосожалување.(Пред неколку години ненадејно умре еден мој пријател и бев присутен меѓу членовите на неговото семејство во првите моменти на трагичниот настан. Меѓу плачот и лелеците ги слушнав зборвите: „Зошто мораше ова мене да ми се случи?“ Си помислив: „Чекај сега, вели; „мене да ми се случи“? Него го жали или себе се жали?“)Да го избегнеме себичното самосожалување со цврста вера дека без божја волја не се случува ништо (Мт. 10:29) и дека „единствениот Творец човекољубиво уредува сè и на сите им дава сè што е полезно“ (Стихира од Парастос).Во тешките моменти што се неизбежни за секого од нас, повикани сме да се надминеме себеси со вечна љубов кон ближните, со љубов што не престанува, туку се преточува во молитва и продолжува и тогаш кога човек заминува од овој свет.Да го чуеме, браќа и сестри,  повикот од Господа: „Не плачи!“ и да го прифатиме со увереност дека сите ние овде привремено се разделуваме едни од други и дека сите ние одиме кон Бога, кон вечноста.Ако пак дознавме заради што не треба да плачеме, да знаеме и дека единствено заради што треба да плачеме е она што го попречува нашиот пат кон Царството Небесно, а тоа е – гревот. Најстрашното во овој живот не е смртта, туку – гревот, кој од луѓето прави живи мртовци.Сите ние знаеме дека порано или подоцна – ќе умреме. Но, Бог е посилен од смртта. Самиот Господ прими смрт и со тоа се приопшти на страдањето и смртта на секој човек, без исклучок. Во неговото Воскресение засветлија првите зраци на оној безвечерен Ден кој ќе нема крај. Ние сме должни да одиме по патот кој за нас го изоди самиот Спасител, за да го достигнеме Царството Небесно. Амин.

Беседата е прочитана на Света Литургија во соборниот храм Свети Никола, во Куманово.

 

 

https://svitok.info/

 

Градот војува сам со себе, завојувал сам со себе, се гази од своите сопствени нозе, се руши од своите сопствени раце, одекнува од своите сопствени извици. Она што е кај него добро е презрено, додека она што е неблагородно и р`ѓаво злорадосно преовладува. Зарем оваа болест која ве затекнала не е ли многу полоша од оние на  фатените (раслабени, парализирани) опишана во Евангелието? Колку ли е само ова злодело полошо и поштетно од нивнота состојба?

Во трњето кое го уништува Словото на Божествената вистина, освен богатството, насладите и животните грижи (Лк. 8,14), во нашето време треба ги видиме и различните лажни учења кои ги шират научници кои ја изгубиле вистината и заталкале од нејзиниот пат. Таквите учења кај нас се доста распространети: едни гласно и отворено одат против вистината, а други истото потајно го наговестуваат,...

 


Си рeкoв: ќe пазам на патиштата мoи, за да нe згрeшам сo јазикoт
свoј (Пс. 38:1).
Грeвoт на јазикoт e најчeст и најбрз грeв. Нo oнoј кoј вo збoрoви нe грeши, тoј e сoвршeн
чoвeк, вeли апoстoл Јакoв (Јак. 3:2). Кoга пoкајникoт ќe тргнe пo Бoжјитe патишта, т.e. кoга ќe
пoчнe да живee спoрeд Бoжјитe запoвeди, нeка сe труди првин сo јазикoт да нe пoгрeши. Таквo
правилo си пoставил пoкајаниoт Давид. Пoсeбнo рeшил да мoлчи прeд свoитe прoтивници; Ќe
ја запeчатам мoјата уста кoга грeшник ќe застанe прeд мeнe. Eвe прeкраснo правилo за oниe
кoи сe лeкуваат oд грeвoт. Кoга гo oптужуваат, тoј нe oдгoвара; кoга гo клeвeтат, тoј мoлчи.
Навистина штo пoмага да му сe збoрува на разлутeниoт нeправeдник, кoј нeма прeд сeбe Бoг?
Акo му збoруваш за злoтo, уштe пoвeќe ќe гo разлутиш, акo, пак, за дoбрo, ќe гo направиш
пoтсмeвач на свeтињата. Прeд Пилат Христoс мoлчeл. Зарeм мeнe нe ми oдгoвараш? - му
рeкoл Пилат. Штo да ти oдгoвoри кoга нeмаш уши да чуeш ниту разум за да разбeрeш? Глeдај,
мoлчeњeтo на правeдникoт прeд нeправeдникoт уштe мoжe најдoбрo да влијаe на
нeправeдникoт. Oставeн сам да гo тoлкува мoлчeњeтo на правeдникoт, нeправeдникoт мoжe да
гo прoтoлкува вo кoрист на свoјата душа, дoдeка сeкoј oдгoвoр, бeл или црн, да сe тoлкува за
злo или за oсуда на другиoт и за oправдувањe на сeбe. Блазe си му на oнoј кoј ќe сe научи да
владee сo јазикoт.
O Гoспoди Исусe Христe, Бoжe наш, Ти кoј си ни пoкажал сo примeр какo и кoга трeба
да збoрувамe, си ни пoкажал сo примeр какo и кoга трeба да мoлчимe. Пoмoгни ни сo Твoјoт
Свeт Дух да нe згрeшимe сo јазикoт. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

Она за што друго сакав да споделам, е за стравот во светот од сè и сешто и барањето на еликсирот за вечен живот или поточно долгоденствие за нас „емигрантите од рајот„ во местово на прогонство низ претераното поклонение на здравата храна. Ние не сме алхемичари, ние сме христијани. Сакаме да живееме здраво, долго и без боледување, но, тоа не е можно.

Највозвишената и најсовршената карактеристика на божествениот Домострој е тоа што Тој сé создаде неповторливо, уникатно и подобно на Својата неизглаголива убавина. Таа божествена убавина е причина и почеток на сé што постои, видливо и невидливо. Од перспективата на божествената креативност не постои поделба на внатрешна и надворешна убавина, на видлива и скриена убавина...

Постојат толку многу препреки кои се појавуваат и го прават тежок човечкиот живот, а дните негови болни! Можеме да кажеме дека она што човекот го живее е сè она што може да се види, а тоа се препреки, проблеми, страв и болка. Но, тие препреки, слично на спортски достигнувања го челичат човечкото тело, и заради тоа Бог не ги отстранува од нас.

36.jpg

Крстот Христов има огромна сила. На него Синот Божји, Господ Исус Христос се принесе на жртва за откуп на гревовите на сиот човечки род. Во црковните богослужбени песни, многу јасно и гласно се истакнува значењето на Чесниот и Животворен крст. Во тропарот се вели: Спаси ги Господи луѓето Твои... Со Крстот Свој заштити го Твоето жителство. Со овие зборови светата Црква, сите православни луѓе ги нарекува нејзини жители,..

cross

И страдањето, тој голем дар на луѓето од Бога, ако биде примено правилно, ќе стане за нас причина за благослов. Што и да претрпиме во овој век, не може да се спореди со идната награда во Царството Божјо, како што рекол апостол Павле: „Сегашните привремени страдања не се ништо, во споредба со таа слава, која ќе се открие во нас“ (Рим. 8, 18). Ако некој посака во овој живот да добие одговор на прашањето,

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 756
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1035
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 983
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Ајде повторно и оваа година – како во годините наназад, на Нејзиниот ден, да го обновиме нашиот подвиг – молитвеното правило „Богородице Дево...“ Оваа молитва, за нас раслабените, е последна...

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

Нo пoстoи рeд и начин пoмeѓу тваритe, видлив и дoстапeн за нас луѓeтo, а пoстoи рeд и начин нeвидлив и нeдoстапeн. Спoрeд тoј нeвидлив и нeдoстапeн рeд и начин, кoј...

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Ете она што дојде да нѐ повика, сега ни се јави: Бог надумно се соединува со луѓето; со гласот на Архангелот прелеста се изгонува, а Дева радост прима; небото слегува...

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Ако ги приклониме колената, а во срцето свое, во вистинскиот храм во кој Бог се вселува, не го поставиме Крстот, сме го промашиле суштинското значење на празникот, затоа што тоа...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

Според својата слободна волја човекот паднал во грев, па затоа и според својата слободна волја треба да се лекува и на крајот излечи од гревот и смртта. Бог не ги...

Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков : „Ако нашата молитва не го опфати целиот свет, не сме Христови и не сме деца на Пресвета Богородица“

Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков : „Ако нашата молитва не го опфати целиот свет, не сме Христови и не сме деца на Пресвета Богородица“

Знаеме дека за секој дар што од Бог го добиваме, го добиваме од Неа и преку Неа, и поради Нејзините молитви, бидејќи самите со ништо не сме го заслужиле. Сѐ...

Протоереј Драган Јанковски: Втора недела од Велигденскиот пост

Протоереј Драган Јанковски: Втора недела од Велигденскиот пост

Човекот кога му прави добро на својот ближен, тоа е вистинска добродетел, која Му е угодна на Бога. Оваа вистина ја посведочува и самиот Господ Исус Христос, бидејќи не само...

« »