7.Vselenski.sobor

Дедо Наум:

„Нашиот Бог – Света Троица е секогаш Господар, Творец на небото и на земјата и на сè видливо и невидливо. Бог е и наш Творец и наш Отец, односно Устроител на нашето спасение. Бог е Господар без оглед на тоа дали ние Нему Му служиме или не. Ѓаволот е господар само на оние што му служат, инаку е смешно нeшто.

Посебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се вежбаат во доброто; како некој што постојано ни ги покажува нашите слабости и страсти и како одличен слуга во процесот на нашето самопознание.

Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум. Не се стекнува со рационализирање на теолошки информации, туку со чистење на срцето од страстите.
„Не искушувај Го Господ, својот Бог“. Тоа значи да не го бараме предвреме и на недозволен начин она што во свое време и само преку личен однос со Бог сигурно ќе го добиеме.“

 

Избор од фб профил на

Monika Nikolova

1ви декември 2019 лето Господово