логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Свети Климент, архиепископ Охридски

Vovedenie.Presveta Глас четврти:

Со зборови си ги упатил народите во верата Божја; со делата си се издигнал, преблажени; кон божествен и блажен живот. Со чудеса си ги просветлил оние што пристапуваат верно кон тебе, со знаменија си ја осветлил темнината. Поради тоа го славиме твојот божествен спомен Клименте.  Повеќе...

Пред Бога сите сме еднакви

 

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Ние сме едно во Бога..., и ништо нема во нас противречно...

ниту има меѓу нас прв, ниту втор...

 

Драги браќа и сестри,

Денес на големиот христијански празник посветен на трите столба на Православието: светите Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст, ние, во Гостивар, и оваа година, традиционално, повторно си имаме мил гостин. Овој град е познат по гостољубието, па и најверојатно, според едно предание, самото име на градот доаѓа од зборот „гости има“, бидејќи Гостивар во минатото имал многу гостилници. Ете, денес, во храмот на Пречистата Владичица наша Богородица, на овој голем празничен ден, наш гостин е епископот Полјански г. Јаков, една прекрасна духовно зрела личност, кој во моментот е викарен епископ во Струмичката епархија. Дојдовме тука, во овој храм, заеднички, отслужувајќи Божествена Литургија да го прославиме празникот, посветен на светите Три светители, на трите божествени и боговдахновени богослови на Христовата Црква, кои со својот свет живот и со своите прекрасни дела, останале до ден-денес во меморијата на Црквата како „три најголеми светители на трисолнечното Божество“, како што пееме и во тропарот на денешниот нивен заеднички празник, кој е востановен за празнување дури во 11 век.

Имено, секој од овие три архиереи: свети Василиј Велики, свети Григориј Богослов и свети Јован Златоуст имаат секој свој посебен ден на празнување, но ете поради нивната големина пред Бога и пред луѓето, со текот на времето помеѓу верниците се појавил спор кој од овие светии е најголем. Така, се појавил раздор меѓу православните, при што едни се нарекувале себеси јованити, други василијани, а трети григоријани. Но, тие несогласувања, по Божја промисла, биле надминати, откако сите три светители најпрвин одделно, а потоа и заедно му се јавиле на светиот Јован, кој во тоа време бил епископ Евхаитски. Во видението, светителите заедно започнале да му зборуваат: „Како што гледаш, ние сме еднакви пред Бога. Помеѓу нас нема никаква поделеност, ниту пак спротивставеност еден кон друг... Помеѓу нас нема ниту прв, ниту втор. Затоа, нареди им на оние што спорат за нас да престанат со споровите, оти ние се грижиме сите краеви на вселената да ги доведеме во мир и едномислие. Исто така, сооедини го нашето празнување во еден ден, и состави ни празнична служба, и на други пренеси им дека нашето достоинство е исто. А, ние ќе им бидеме помошници на оние кои го прославуваат нашиот спомен“. Така, по Божја промисла, овој спор со востанувањето на денешниот празник бил решен во корист на Светата Црква.

Оттогаш, па до денес, веќе 10 векови во континуитет го прославуваме овој празник. Изминатите денови, долго размислував што да запишам и која поука да Ви ја пренесам како Ваш епископ. Знаејќи ја силата на кажаниот, но и на запишаниот збор за верниот народ, честопати ги запишувам моите беседи, она што сакам во моментов да Ви го пренесам, сакајќи моето слово да остане како сведоштво за идните генерации, но да стигне и до оние што денес не се тука меѓу нас, кои од најразлични причини не можеле да присуствуваат на ова благодарствено богослужение.

Денес, благодарение на неуморниот труд на нашите славеници и проповедници на божествените догмати, благодарение на нивната оставина, ги имаме нивните дела како богатство и извор на знаење. Тие, иако напишани пред толку години, сепак се секогаш современи и секогаш ја имаат моќта нас паднатите да нè просветлат и облагородат, да ни покажат дека другиот, дека ближниот, дека братот наш е нашиот живот... дека единствено кога љубиме, кога имаме љубов – вистински живееме, дека раздорите и поделбите не се мили на Бога, туку единството е она кое е угодно на Милостивиот Бог – Отецот, Синот и Светиот Дух. И, јас ништо друго нема да ви пренесам, освен тоа што ни го оставија во наследство нашите денешни светители.

Возљубени,

Од црковната историја сме сведоци дека многупати се појавиле раздори и несогласувања во Црквата, но никогаш Бог нè дозволувал тоа неразумие да надвладее. Уште во апостолско време, Посланието сведочи дека се појавиле поделби кај народот на петрови, на аполосови и на павлови, но и денес, не секогаш сме имуни на тие поделби во Црквата. Апостолот Павле ги поучувал верниците да не се делат на разни религиски групи, туку да бидат во единство. И денешниот празник нè поучува на истото. Секогаш кога ќе се јави поделба меѓу нас – не треба да забораваме дека Христос е нашиот Бог и дека пред Него сите сме исти, без разлика на нашата дејност или професија, без разлика на нашата политичка определба, на социјалниот статус, без разлика на нашите духовници, сето тоа е неважно и не треба да придонесува за поделби, туку треба да води кон единство на сите кон Бога, пред кого „последните ќе бидат први, а првите последни“ (Матеј 20, 16).

Затоа, никогаш да не дозволуваме да се делиме меѓу себе, бидејќи Христос е наш заеднички Бог, и Тој сите вистински нè обединува во лоното на Црквата. Затоа, и денес во овој храм, најмалку важно е кој од каде е и што е, најважно е дека ние сме христијани, дека имаме единство меѓу себе, дека сме браќа и сестри во Христа, дека сме единосушни во верата. И секое и најмало несогласување треба во духот на нашата вера да го решаваме мирно, со љубов и со покајание. Само на тој начин вистински ќе покажеме дека во нас ја носиме верата апостолска и верата на нашите Три познати светители, чиј спомен денес го празнуваме. Нив, денес, сите заедно да ги молиме да Го молат Бога да го зачува единството на православните народи во светот и единството меѓу сите нас во нашата Црква.

Нека е за многу години и напомош денешниот празник!

Голема благодарност до Епископот Јаков што денес е со нас и што со своето присуство го збогати овој празничен собор, а исто така, голема благодарност и до Вас секогаш гостољубиво расположени Гостиварчани.

 

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф

Извор: Тетовско-гостиварска епархија

 

Гостивар, 12ти февруари 2019 лето Господово

 

 Друго:



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 140
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 334
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој...

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

 Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста...

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Посебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата  поради Бог !

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата поради Бог !

Денес, драги мои пријатели, поученоста од животот на старозаветните праведници ме наведува со вас да зборувам за верата. Имено, нивната големина е одредена само со верата, точно живата и дејствителна...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:  „Епископот седи на место и во обличје Христово“

Викарен Епископ Јаков Стобиски: „Епископот седи на место и во обличје Христово“

 Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа,...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

Грeвoт избeзумува, грeвoт oбeзглавува. Чoвeк пoтoнат вo грeвoви и вo пoрoци сличeн e на кoкoшка, чија глава e oтсeчeна, та умирајќи грчeвитo прeта и скoка ваму-таму. Цeлиoт нeзнабoжeчки свeт прeд...

« »