логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Слепородениот

Од аголниот камен на чудата Христови секогаш се прекршувала човечката вера и човечкото неверие. Уште од чудото на Неговото зачнување, па сé до чудото на Неговото вознесение. Отсекогаш, па и денес. Спасителот, во своето бескрајно смирение, се утешуваше: “Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, оти си го сокрил ова од мудрите и разумните, а си го открил на простите. Така е, оти таква беше волјата Твоја!” Слепородениот, пак, чувствувајќи ја благодатта од чудото со восхит говореше, разобличувајќи го неверието на Јудејците: “Откако е веков, не се чуло некој да отворил очи на слепороден”.

Верата, верата во чудата е знаење кое ги надминува сите човечки умувања. Она што според разумот е апсурдно и неприфатливо, за смиреното послушание во верата е извор на безгранична мудрост. Чудото на исцелувањето на слепородениот ја има токму таа поента. Тоа не е просто лекување на една човечка слабост. Да беше така, ќе беше оправдана забелешката на учениците кои управувајќи се според човечката логика Го запрашаа Учителот по чија вина се случило тоа: „Рави, кој згрешил? – тој или родителите негови, та се родил слеп?” Исус им одговори: “Ни тој, ниту родителите негови згрешиле, туку за да се јават делата Божји врз него. Јас треба да ги вршам делата на Оној што Ме прати додека е уште ден; оти настапува ноќ, кога не ќе може никој да работи. Дури сум во светот, Јас сум Светлина на светот.” Човечката логика често се заплеткува во истата клопка, расудувајќи наивно и површно за вината и причината на сите појави и собитија во нашиот живот. Кој е виновен? Кој згрешил? Кого треба да го осудиме заради ова или она? Но, животот е покомплексен и повозвишен од ваквата едностраност. Примката на расудувањето, на обвинувањето многу често е причина за сите недоразбирања и падови на човекот. Затоа Господ и нé потсетува: „Со каков суд ќе судиш, со таков ќе ти се суди. Со каква мерка ќе мериш, со таква ќе ти се мери!“ – советувајќи нé да не забораваме дека Тој е единствениот праведен Судија.

Со вообичаената човечка љубопитност апостолите прашуваа за виновникот. Во таа љубопитност можеби има и сочувство, но таа не излегува од границите на нашиот разум. Она што Бог сака да ни го покаже е дека содржината на нашиот живот, нашите страданија и нашите радости имаат многу повозвишена, би рекле невидлива причина. Неа отците ја нарекуваат Апокалиптички принцип или есхатолошки принцип. Со други зборови: она што се случува е многу повеќе од она што се гледа дека се случува. Да си спомнеме само на повеста за многустрадалниот Јов. Иако и оваа повест и чудото со кое таа е крунисана, исцелувањето на слепородениот и неговото сведочење пред Јудејците е подеднакво добар пример. Животот е многу повеќе од она што се случува пред нашите очи. Затоа треба да се научиме да гледаме не со очите, туку со верата. Нашата логика да не се ограничува на сетилата, туку да тежнее постојано да бдее над нашите постапки и размислувања од перспективата на вечноста. За приземното умување таа е секогаш противречна. Нашиот Господ и Спасител Исус Христос вака го формулира овој парадокс од перспективата на својата спасителна мисија: „За суд дојдов Јас во овој свет, за да прогледаат слепите, а оние што гледаат, да станат слепи“.

За овој надисториски пресврт Бог подготви сé уште многу пред раѓањето на слепородениот. Силоам постоеше со векови и векови пред овие евангелски настани. Уште пред Вавилонското ропство. За овој извор на исцеление наоѓаме спомен и во третата глава од книгата на масоретот Неемија (3,15), при обновувањето на Ерусалим по Вавилонското ропство. Во Книгата на пророк Исаија, Силоам е символ и образец на чистотата на верата на избраниот народ Божји: „овој народ ги занемарува водите на Силоам“, – вели пророкот (Иса. 8, 6). Тоа ни дава можност за Силоам да размислуваме не само како географско место на кое се случи исцелувањето на слепородениот. Силоам е метафора на нашето послушание и истрајност во извршувањето на Божјите заповеди.

Во етимолошка смисла Силоам значи “пратен”. Испратен. Тоа значење оваа чешма ја имаше уште пред Господ да го испрати слепородениот со калта наочите да се измие и да прогледа. Мнозина црпеа од чешмата. Мнозина се миеја на неа со столетија. Но чудото што се случи немаше директна врска ниту со квалитетот на водата, ни со формата на чешмата, а ниту со историското време на постоењето на овој животен извор за жителите на Ерусалим.

Силоам во историјата на обновениот Завет со Бога е праобраз на Светата тајна крштение, но и праобраз на Светата тајна покајание. Бог нé испраќа во водите силоамски за да го измиеме нашето духовно слепило. Силоам е духовниот Ерусалим. Силоам е Црквата Божја. Затоа треба да ѝ пристапиме со послушанието на слепородениот. Со свеста дека сме слепородени заради последиците на прародителскиот грев. Со покајание. Мнозина притекнуваат во храмот Божји од различни побуди. Како што и мнозина ја ползуваа водата од Силоам. Но не сите тоа го правеа, ниту го прават, со послушанието на слепородениот, кој беше испратен од Христа. Не сите се поттикнати од безграничната Божја љубов. Љубов која е суштина на послушанието.

Затоа и таа чешма, тој воден извор, што беше создаден многу пред да се роди овој слеп човек се нарекуваше Силоам, се нарекуваше чешма на Испратениот. На тој начин Бог сака да ни покаже дека сето наше спасение, сета грижа за нас, беше промислена и подготвена многу пред нашето создавање. Многу пред нашето вистинско прогледување во Бога, пред да го познаеме Бога и неговите чудесни дела. Како и во параболата за добриот лозар, кој што сé беше приготвил на својот имот, така и овде Бог се покажува како вистински Домостроител, Кој уште пред да се родиме, уште пред да поверуваме во Него, веќе подготвил сé за наше спасение. Олеснување за подјармените. Утеха за оскрбените. Лек за болните.

И овој човек, кој што имаше не само голем хендикеп и голема потреба да прогледа, зашто не беше видел светлина од самото свое раѓање, туку и цврста вера, се вгради во божествениот Домострој не според силата на разумот, ниту според силата на традициите и обичаите, туку заради смиреното послушание на Оној, Кој со својата плумка направи кал, му ги помажа очите и го испрати да се измие на Силоам. Зашто некој можеби и ќе забележи дека тој, бидејќи болен, ќе направи сé што е потребно само за да дојде до својата цел, да оздрави. Дека поттикнат само од својата нужда го прави она што му е заповедано. Но неговото поведение и неговото сведоштво пред Јудејците ја открива неговата благочестива побуда. Тој не се плаши да го исповеда Христа, како неговите родители. Не се сомнева како фарисеите, големите познавачи на традициите. Не се колеба како народот: Едни велеа тој е, други – личи на него. Слепородениот, пак, за себе рече: Јас сум! И во самоспознанието на својата слабост, на својата болест, и во благоверното послушание тој ја виде Светлината.

Зашто, конечно, кој е здрав браќа и сестри, кој е сосема здрав, па не му е потребна помошта Божја, не му е потребно Бог да го исцели од слабостите, од болестите, од сето она со што е навјасана човековата природа? Токму затоа вистинскиот лек, најпрвин, е тоа, со смирение да го примиме помажувањето со калта на нашите очи, а тоа е примањето на заветот Божји, на законите Божји, на сето тоа што Бог ни го заповеда за наше спасение, а потоа и кога ќе бидеме испратени до Силоам, а тоа е Црквата, верно и послушно, и храбро, и бескомпромисно, да зачекориме за да го најдеме вистинско исцеление од нашите слабости и гревови. Навистина да прогледаме.

Целиот овој свет и целата историја на човештвото, сé до Христовото доаѓање, наликува на состојбата во којашто се наоѓаше овој човек, којшто од самото свое раѓање беше слеп. Но, како што зборува Евангелското четиво, тоа не беше ниту заради неговите гревови, ниту заради гревовите на неговите родители, туку за да се прослави Бог преку чудесните дела, коишто Тој ги промисли од самото создавање на овој свет. И тоа Тој го направи повторно во саботен ден, тогаш кога според евреите не треба ништо да се работи. Но и Јудејците, многу слично како и луѓето денес, не разбираа што значи работа, а што значи добродетел. Не разликуваа што е човек да се труди за овој свет и што е – да се труди за Царството Небесно. Зошто овој труд којшто го направи Господ, правејќи кал од земјата, помажувајќи ги очите на слепородениот, испраќајќи го во бањата Силоам, всушност не се дела од овој свет и не со дела коишто ја нарушуваат саботата, туку напротив, тоа се добродетели, т.е. дела што спаѓаат во трудот за Царството Небесно. Ревнувањето што секој од нас треба постојано да го практикува, да го живее. Дела со коишто ја исполнуваме ризницата на Небесата, домот и местото каде што ќе престојува нашето срце.

Ако градиме на тој начин, трудејќи се во она што е за Царството Небесно, тогаш си подготвуваме место во Царството Небесно. Ако пак нашиот труд, ако нашата грижа, ако нашите преокупации се врзани само за она што е минливо, за она што е светско и приземно, тогаш Небесната ризница ќе остане празна, а ние ќе бидеме туѓинци за местото на блаженството. Затоа Спасителот и вели: „настапува ноќ и нема да има време кога да се работи“. Токму затоа и добродетелниот труд не треба да се одложува, туку околу него треба постојано да ревнуваме. Нема време за одложување. За жал, еден од најголемите недостатоци, најголемите гревови на нашето време, е тивката апостасија восредеточена во одложување на покајанието, одложување на труд за Царството Небесно, труд за нашето спасение. Амин!

Митрополит Методиј Златанов

Извор: http://pravoslavie.mk.

 


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5834
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6646
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6442
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5630
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Православен календар

 

24/04/2024 - среда

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Антипа епископ Пергамски во Азија; Светите маченици Прокес и Мартинијан;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная