логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

              Моето размислување за тоа каков треба да биде стилот на проповедта започнува со една теологумена за тоа како би се развивала мисијата на Божјата Црква ако Христос избереше поинаков стил на проповед, бидејќи Христос ја започна Својата мисија на земјата не со проповед со премудри и неразбирливи зборови, туку со дела кои го сведочеа Неговиот збор, словото на Божјото Слово.

Така, првите зборови кои им ги упатил на Своите први ученици, кои пристапиле кон Него и Го прашале: „Учителе каде живееш?“, не биле висока интелектуална и сувопарна теологија. Христос не кажал дека живее предвечно со Бог Отецот во небесното Царство, не кажал дека живее во нетварна Светлина, не кажал дека живее во вечноста и дека ја држи вселената… не кажал, бидејќи ако така пристапел во сосем друг правец би се насочила Неговата мисија и немало да допре до овие први неуки и прости рибари. кои само би останале зачудени после тоа и би го прогласиле за чудак и би се свртеле и заминале. Но, Христос премудро го усогласил стилот на проповедта кон својот прв аудиториум, па така допрела до нив, а преку нив и до нас, па сега се зборува и се живее оваа спасителна наука на Христос низ сите векови. Христос им рекол само: „Дојдете и видете!“ Дојдете и видете, бидејќи тоа сигурно ќе го разберете.

Само да појаснам, за да не бидам од некого погрешно сфатен, дека секако не мислам дека Христос како семоќен Бог не можел да најде друг начин да дојде меѓу нас и да нѐ спаси, но тука зборувам за текот на конкретната мисија на Црквата. Христос како совршен Бог и Човек, Кој ја има целата теологија во Себе, можел да го прилагоди стилот на Својата проповед кон секоја целна група.

И откако учениците и мноштвото народ пристапи кон Христа, Христос со просто слово преку параболи, разбирливи за секој човек, се обрати и мноштво народ преобрати.

И по Своето Вознесение откако ни вети дека нема да нѐ остави сираци, туку дека ќе ни испрати Утешител, на Педесетница Духот на Вистината ги дарува Своите апостоли со дарот на јазици, та така осветени и умудрени излегоа на проповед допирајќи до секој таму присутен човек, бидејќи секој ја слушал проповедта на својот разбирлив јазик и на стил кој лесно допирал до нивните умови и срца. Токму преку разбирливоста на проповедта се случи и првото омасовување на Божјата Црква, се случи нејзиниот роденден.

И тука веќе се загатнува нова тема за јазикот на проповедта. Господ Бог, Света Троица, на тој начин ни покажа дека нема избрани јазици и дека секој човек може да биде плодна почва за во него да никне вистинската вера ако за него е познат и разбирлив јазикот преку кој ја слушнал Христовата наука. Но, за жал, не секој така го разбрал ова. Набрзо се појавиле учења за богоизбрани јазици, за проповед врз основа на јазиците на табличката на која била испишана вината поради која бил распнат Христос. Имено, вината Исус Назареец Цар Јудејски била испишана на три јазици: на хебрејски, бидејќи распнувањето било во Израилот, на грчки како тогашен модерен трговски јазик (нешто како денес англискиот) на кој се разбирале оние кои од разни страни притекнувале кон Ерусалим и латински како јазик на Римската империја која тогаш се протегала на таа територија.

Така се наметнала оваа тријазична ерес во тогашниот христијански свет, оставајќи мноштво народ надвор од Црквата или во најдобар случај сведувајќи го на ниво на пасивен набљудувач, занемарувајќи ги зборовите на светиот апостол Петар дека народот е царското свештенство. Свети Кирил и Методиј

И токму во разбивањето на оваа ерес е големината и важноста на светите Кирил и Методиј. Со храброто исповедање на насушната потреба проповедта и богослужбата да биде и на словенски (за многу народи мајчин и разбирлив јазик) и со создавањето на новата азбука и преводите на богослжбени текстови, со помош на истите се омасови Црквата, и повторно на мноштво народ му се даде таа можност да се почувствува како царско свештенство. Разбивањето на оваа ерес даде таков ефект во христијанскиот свет и може симболично да се каже дека Црквата доби нова Педесетница.

             Согледувајќи го ефектот од победата на ставовите на светите солунски браќа и нивната заслуга што Божјата Црква постојано се зголемуваше, со право им се додели епитетот рамноапостолни. Та нели, како што апостолите со проповедта на Педесетница ја наполнија Црквата истото го направија и сесловенските браќа просветители.

Навистина, можеби ќе се најде замерка дека само успеале на постоечките три да придадат уште еден јазик, но не треба да заборавиме дека на тоа треба да се гледа како на принцип за решавање на проблемот секогаш кога ќе се појави потреба од воведување и христијанизација на кој било јазик.

            Но, не за секого и секогаш. Ако историски се навратиме ќе видиме дека на нашиве простори неретко повторно и повторно се повампирувала намерата за наметнување на туѓ јазик, па биле палени богослужбени книги, се менувале имињата на фреските на друг јазик. Еден голем грев носат и оние кои не сакале да се вразумат и да отстапат од оваа повампирена ерес, па го втурнале народот од Кукушко во унијата со Ватикан само за да добијат богослужба на свој јазик. Не помал грев и одговорност носат и оние кои од истите причини направиле протестантската литература да биде прва достапна литература до дел од верниот народ, бидејќи им ја печателе на разбирлив јазик, па така дел од нив поверувале во нивното учење, а потоа станале и нивни проповедници на мајчин јазик, па одвраќале луѓе од Православната Црква.

            Поучени од сите овие грешки од минатото, треба ли пак да губиме душа или ќе сфатиме дека една од главните задачи на денешната Црква се секако преводите на што поголем број на богослужбена литература за вечерните и утрените богослужби да станат разбирливи за денешниот човек?

За жал, црковнословенскиот јазик е веќе мртов јазик кој веќе не се користи во секојдневната конверзација, па станува неразбирлив за верниот народ, освен за свештенството кое во текот на своето образование го изучува и можеби за некои јазичари, и не допира до обичниот верник кој сака да присуствува на богослужба, но и да ја разбере и да се поучи од неа.

           Како Црква последниве две децении слободно можеме да се пофалиме со изданијата како што се Посниот и Цветниот триод, Минеите со богослужби на наши светии или светители кон кои се има развиено посебен култ кај Македонецот. Но и покрај целиот вложен труд и напор, се прашувам како да го разбереме отпорот на поединци за примена на современиот стандарден македонски јазик во богослужбите со образложение дека тоа е профан јазик, односно јазик на кој можат да се кажуваат и вулгарности, па на тој начин јазикот се обезбожува и не е достоен за молење?!

Ако во денешниот јазик има доволно термини за да се преведат текстовите за богослужба, секако не би се согласил со нив и би се посомневал дека нивните размислувања не се многу поразлични од тие на тријазичниците.

             И на крај, како Митрополит од дијаспората би сакал да кажам дека нашата обврска не е по секоја цена да го запазиме македонскиот јазик во црквите кога забележуваме дека таа должност која ја имаат родителите кон своите деца веќе не ја запазиле. Не смееме по цена на јазикот да станеме неразбирливи за втората и третата генерација, односно да останеме со јазикот а без нив, туку полека но сигурно да се прилагодуваме кон ситуација и кон нивно придодавање кон Црквата и Христа. Г.

✥ .✥

Пимен, Митрополит Европски

Извор: „Православен Пат“, бр. 31

Извор: http://pravoslavie.mk.

 

 

 

 

24.05.2017



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5838
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6648
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6445
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5633
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Православен календар

 

25/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Исаак Сирин II (Исаак Сирин I се празнува на 28 јануари); Свети Василиј Исповедник; Преподобен Акакиј; Преподобна Атанасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная