Излезе сејач да сее семе; и кога сееше, едно падна покрај патот и беше згазено, и птиците небески го исколваа; а друго падна на камен, па штом никна, се исуши, оти немаше влага; едно, пак, падна меѓу трње; и израсна трњето, па го задуши; а друго падна на добра земја, и кога изникна, донесе стократен плод.” Откако го рече ова, извика: “Кој има уши да слуша, нека чуе!” А учениците Негови Го прашаа, велејќи: “Што значи таа парабола?” Он рече: “Вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството Божјо, а на другите ќе им се зборува во параболи, та гледајќи да не виѓаваат, и слушајќи да не разбираат.

А оваа парабола значи: семето е словото Божјо. Она, што падна покрај патот, се оние, кои слушаат; но потоа доаѓа ѓаволот и им го зема словото од срцата нивни, за да не поверуваат и да не се спасат; а она на камен – се оние, кои, кога ќе го чујат словото, со расост го примаат; но немаат корен и веруваат одредено време, па штом дојдат искушенија, тие се откажуваат; тоа, пак, што падна меѓу трње, се оние, што го слушаат словото, но кога отидат, се подаваат на грижи, богатства и наслади од овој живот и не донесуваат плод; а оние на добра земја, се тие што го слушаат словото и го пазат во добро и чисто срце, и принесуваат плод со трпение. “Штом го рече тоа, извика: “Кој има уши да слуша, нека чуе! – Лк 8, 5-15

sv.teofan.Zatvornik.jpg

Во трњето кое го уништува Словото на Божествената вистина, освен богатството, насладите и животните грижи (Лк. 8,14), во нашето време треба ги видиме и различните лажни учења кои ги шират научници кои ја изгубиле вистината и заталкале од нејзиниот пат. Таквите учења кај нас се доста распространети: едни гласно и отворено одат против вистината, а други истото потајно го наговестуваат, користејќи термини сфатливи само за оние кои се упатени во таквите учења. Во суштина, тие делуваат како јаглен моноксид кој, кога незабележливо се вдишува, го помрачува умот и води кон губење на свеста за она што нè опкружува. Кој се надиши од тој гас, почнува да блада и сè гледа поинаку, т.е. како оној кој има поматен ум. Доколку сретнете таков човек, вие ќе видите дека во него е потисната секоја вистина, па дури и чувството за неа е пригушено, а лагата се вгнездила во сите делови на умот. Што треба да правиме со таквите појави? Не треба да ги слушаме и читаме таквите бладања. Доколку ненамерно и ги слушнеме или прочитаме, треба да ги исфрлиме од главата. А доколку не можеме така лесно да ги исфрлиме, треба да ги проанализираме, и сите ќе исчезнат како чад.

 

Свети Теофан Затворник

 

 Друго:

 

 

 

 

 Седмица 13-та по Педесетница

  bogorodica.k.dol.jpg

ПЕТОК

Ете излезе еден сејач да сее (Мк. 4,3). Од времето кога излезе на сетва, сејачот не прастана да сее. Во почетокот сееше сам , потоа преку апостолите, и најпосле преку Божественото Писмо и богомудрите учители. И до сега секаде се сее речта на вистината Божја. Ако си спремен да бидеш добра земја, семето неизоставно ќе падне: и посеаното Господ ќе го разрасне. А како, пак , да се покажеме како добра земја? Со внимание и изучување на речта Божја, со сочувство и љубов кон неа и со подготвеност веднаш да се спроведе она што ќе се дознае. При такво настроение, ниеден збор не останува на површината на душата, туку секој влегува внатре. Соединувајќи се со сродната градба на духот, тој пушта корен и израснува. Хранејќи се, потоа – одозгора со духовни наидувања а одоздола со добри желби и труд – тој разраснува во дрво, дава цвет и плод. Самиот Бог устроил така околу нас и затоа не можеме да не се чудиме на нашата бесплодност. А сето тоа е поради нашето невнимание и неработење.

Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА

Извор: СВЕТОСАВЉЕ

 Друго: sv.Pimen.Mnogubolezen.jpgOд Верскиот календар на МПЦ (20.08.2010)

Предговор


 
Друго:     bogorodica.k.dol.jpg

http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php

ПОНЕДЕЛНИК

НЕДЕЛА