логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Параболата за митарот и фарисејот (Лк 18, 9-14)


rsz_slika_mitar

Блажени се гладните и жедните за правда, – вели Господ, – зашто тие ќе се наситат. Митарот и фарисејот од евангелската парабола дојдоа во храмот гладни и жедни за правда. Застанувајќи пред единствениот вистински Судија, секој од нив на различен начин се обиде да најде милост низ личното обраќање кон Бога. Но, колку што беше различен поединечниот пристап и однесување, толку беше различна и правдата што ја бараа. Фарисејот, според логиката на човечката правда, ги набројуваше делата што требаше да го оправдаат. Тој, на некој начин се обидуваше да докаже дека не Му е должник на Бога. Митарот, пак, стоеше немо пред божествената правда, надевајќи се само на безграничното милосрдие на Спасителот. Тој беше сиот во покајание. Со погледот спуштен кон земјата и со воздишките, тој ја исповедаше беспрекорната мудрост на Христовото истоштение. Неговата кротост и скрушеност беа како икона на страшните и спасителни страданија на Оној, Кој за нас поднесе исмевање, бичување и распетие.

Нема поголема добродетел од смиреното покајание, зашто кога човек преку покајанието ќе се испразни себеси од секоја суета, од секое осудување, од секое високоумие, тогаш тој како вистински свештен сад се подготвил себеси за Бог во него да ја излие незалезната мудрост, вистинската мисла и збор, небесната добрина. Кога човекот се смирува, тогаш љубовта како врв на добродетелниот подвиг во него има Богочовечки образ. Христов образ. Колку, во таа смисла, беше побезнадежна реакцијата на фарисејот?

Духовниот живот не се состои од некакво израмнување на нашите сметки со Бога. Зашто, она што е содржина на нашата побожност, не треба да го извршуваме затоа што тоа така некаде е напишано, или пропишано; дека ова е забрането, а она дозволено; дека едно смее, а друго не смее; или дека ова е според едно правило, а она според друго, – туку едноставно заради нашата љубов кон Бога. Сѐ да биде од љубов, а не заради нешто. Зашто само кога е од љубов тогаш е заради ништо. Тогаш е вистинско послушание, а вистинското послушание е плод на нелицемерна љубов.

Нашата приврзаност кон Бога и кон исполнувањето на Неговите заповеди зависи од тоа колку ќе се научиме да ги љубиме нашите ближни. Зашто овој, фарисејот, имаше одлично познавање за верата на своите предци. Тој ги знаеше по подробност сите закони како и сите оние што ѝ припаѓаа на оваа еврејска каста. Тој го правеше сето тоа што беше пропишано со старозаветниот Закон, но го правеше според обичајот, како традиција, како адет, како средство за правдање, како можност да се биде нешто повеќе од другите. Само слепо следејќи ги формите на надворешната побожност. Меѓутоа неговото срце не се измени од таквото ревнување, токму онака како што тој и не си замина од храмот оправдан, – според заклучокот од евангелското четиво. Зашто тој, наспроти ситничавата предаденост на формалната религиозност, всушност, мислеше многу лошо за оние околу себе, и немаше ниту една трошка љубов во себе за нив. Неговата мизантропија избиваше од секој збор што го беше изустил пред Господа.

И тоа не e аномалија на овој фанатичен човек, аномалија што постоела само тогаш, во Јудеја, или на некое друго географско место од Стариот свет, или само меѓу фарисеите. Таков фанатизам и такви фарисеи постојат и денес. Можеме често да ги најдеме и во сопственото опкружување, па дури и во своето срце. Секогаш кога ги осудуваме ближните, кога се обидуваме да се оправдаме себеси, ние сме истоветни на фарисејот од параболата. Неговиот грев не беше во неисполнувањето на заповедите, туку во гордоста со која ја уништи секоја љубов во себеси. Тоа што тој го направи е полошо и од Петровото одрекување, па дури и од Јудиното предавство. Зашто тие ја сфатиле својата грешка. Страшното неверство кон својот Учител. Петар, обраќајќи се кон покајание како и митарот, а Јуда, пропаѓајќи во потполно очајание. Оној, пак, што постојано се правда и не се сомнева во својата непогрешливост, тој дури ја нема ни почетната состојба на свест за својата грешност. А тоа е далеку од секое благочестие. Затоа премудриот Соломон вели: Почетокот на секоја мудрост е стравот Божји!

Законот Божји ни го пропишува она што е за наше спасение, т.е. она што го преобразува нашето срце, а не слепо исполнување на некакви правила и конвенции, како да сме некои добро издресирани животинчиња. Та Бог не нѐ создаде разумни посакувајќи да бидеме програмирани и дресирани. Бог нѐ создаде и нѐ љуби како личности.

Но, да се вратиме на личноста на митарот.  Неслучајно Бог како спротивност на фарисејот ни го претставува митарот. Митарите биле меѓу оние најбесчесните во класичното еврејско општеството. Тие во народот биле озлогласени како поткупливци, како немилосрдни, како пресметливи. За да го потенцира контрастот, Спасителот избира токму еден човек од ваква провиниенција. Наеднаш, еден од оние што постојано земале даноци и подмитувања од луѓето, што ги малтретирале своите сограѓани и со најситни давачки, итн. се прикажува пофлексибилен и подобросрдечен од навидум побожниот фарисеј. Митарот, кој како и денешните цариници и порезници, постојано е ставен пред задачата да пресуди за тоа, од кого што ќе земе, и кому што ќе прости, сега стои пред Судијата и без збор оправдание бара прошка на своите гревови. Токму овој, најсмирен и најбесчестен меѓу луѓето, всушност е оној, кој ја покажува и најпобожната добродетел, добродетелта на смирението низ покајанието. На кој начин? Најпрвин постојано бивајќи свесен за својата ништожност пред Бога. И тој, како што вели евангелската поука, стоеше одзади и не се осмели ниту очите да ги подигне кон небото, туку само се удираше в гради и валеше: Боже, биди милостив кон мене грешниот! – знаејќи дека човечката праведност е ништо пред Бога. Дека нашата добрина и праведност се само сенка на Божјата совршена правда.

Затоа нашето покајание, смирена мисла на благодарност и прозба за благослов секогаш треба да му претходат на нашето дело. Ако човекот најпрвин со добра молитвена мисла ја покрие секоја своја намера, тогаш и делата ќе му бидат добри, побожни и успешни. Ако, пак, неговата мисла е горделива, исполнета со осудување и суетно правдање, тогаш делата на таквиот однапред се осудиле на пропаст. Ќе се измачиме, безумно ќе ревнуваме, ќе се возгордееме и ќе си ја земаме платата од Бога, не оставајќи ништо за небесната ризница.

Параболата за митарот и фарисејот Бог ни ја постави како вистинска мерка на побожноста. Дали барем малку сме успеале во животот да го стекнеме покајанието коешто Бог ни го открива преку митарот? Дали и во малку се ослободивме од гордоста и патолошкото правдање со кои беше загадена душата на фарисејот, како и сета човечка природа преку првиот грев на Адам и преку секој грев од Адама до денес?

Митарот и фарисејот бараа правда. Митарот со покајание, со постојана свест за својата несовршеност, а фарисејот со осудување и самооправдување, со потполна неосетливост кон сопствената грешност. Овие два лика од Евангелската парабола се парадигми за два типа на побожност. Митаревата е благочестива побожност. Побожност од љубов. А нејзините плодови се покајанието и послушанието. Побожноста на фарисејот е механичка побожност. Побожност по инерција или од ниски побуди. Нејзините плодови се осудувањето и самооправдувањето. Од ова произлегува една мошне важна поука: Мнението за личната праведност е навреда на совршената Божја правда. Бог е Судија, и освен Него друг да не бараме. Амин!

Митрополит Методиј Златанов

Извор: http://mistagogia.mk/otec-metodij-megju-pokajanieto-i-pravdanjeto/



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5813
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6631
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6416
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5611
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

20/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (на масло)

Св. Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Св. маченик Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная