логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Знаењето погордува (и разградува), а љубовта гради

 

Треба да правиме голема разлика помеѓу знаењето за Бог научено само со разумот и знаењето на умот за Бог во срцето усвоено. Зашто, ако останеме само на првото знаење, ќе станеме победни (и поштетни за Црквата) дури и од демоните – тие, на пример, исто така знаат дека постои Богородица и Секогашдева Марија и се тресат при помислата на Нејзиното име, а кога го слушаат, бегаат; додека, пак, ние исто така го изговараме Нејзиното име во молитвата и не плачеме (барем со внатрешен принуден плач, ако не со видливи солзи), ниту се покајуваме за своите гревови.

Значи, да го парафразирам светиот Старец Софрониј, едно е духовното знаење што произлегува од љубовна заедница со Бог во отвореното срце, односно од просветленоста на умот преку умно-срдечната молитва, а друго е знаењето (схоластичко) што го добиваме само од читање теолошки и други книги. Едното нѐ прави соучесници во Божјиот Домострој на спасението на човекот и светот, а другото постепено нѐ прави демоноподобни (да, убаво чувте). Резултатите од второто ги гледаме насекаде околу нас.

Знаењето од читање – со талент и малку труд се стекнува, додека за знаењето што произлегува од заедницата и познанието на Бог во срцето е потребен континуиран подвиг согласно преданието на Светите Отци на Црквата, односно потребно е да го восогласиме начинот на нашиот живот со степенот од духовниот развој на кој се наоѓаме. Ова восогласување, и само ова, ни овозможува да го ставиме умот во процес на исцеление.

Со наједноставни зборови кажано: потребно е целосрдечно послушание кон духовниот отец во Црквата (непоистоветување со битни помисли, желби и чувства без да се проверат со него) за воопшто да можеме да зборуваме за влез на првиот степен од духовниот развој – очистување на срцето од страстите; послушание што трае сѐ до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва, но не и потоа. Нема послушание кон човек после дарот на умно-срдечната молитва, освен административно – кон локалниот епископ или кон Црквата, ако е потребно.

Во стилот на она што во последно време ве поучувам, би рекол – момент на пресврт во нашиот духовен живот се случува кога едната енергија, која умот ја користи во своите две функции, доволно ќе се очисти и преобрази (преку примарната функција на умот) и ќе се соедини со својата суштина во срцето – соединување што Отците на Црквата го нарекле умно-срдечна молитва. Од овој момент двете функции на умот делуваат како една, а пресудното влијание на дуализмот во нашиот живот престанува.

Ќе речете дека владиката, или отецот, или дедо Наум, или само Наум (кој како ме вика) се повторува. Да, јас се повторувам за ваша полза, но и вие истото го правите – ама на ваша штета, односно повторно не плачете – слушајќи ги и читајќи ги поуките на својот духовен отец. А ако не плачете, речиси сигурно ме ставате и под својот суд и речиси сигурно тоа го криете од мене – плашејќи се да не ви го земам тоа што сум ви го дал, а за кое знаете дека немате внатрешно духовно покритие да го имате. Изумувате дека никому ништо не сум му зел откако веќе еднаш сум му го дал – сами го отфрлале даденото, додека не се покајале. Проблемот е што не сте ни задоволни од тоа што го имате, па и уште повеќе барате. Зашто, нели, вие знаете најдобро како сѐ треба да биде, подобро и од мене...

Ајде да си го провериме нашето умислено знаење со светоотечкиот опит: ја кажуваме молитвата „Богородице Дево, радувај се благодатна Марие“, или „Господи Исусе Христе“, или „Оче наш“, и не плачеме – зашто сме застанале на молитва да бараме, а не да дадеме. Наместо да внимаваме и да заплачеме на зборовите со кои се дава и прославува: „Богородице Дево“, „Господи Исусе Христе“, „да се свети Името Твое“, ние, и кога внимаваме, бесплачно ги потенцираме зборовите со кои се бара: „зашто си го родила Спасителот на нашите души“, „помилуј ме грешниот“, „лебот наш насушен дај ни го денес... прости ни ги... избави нѐ...“ итн. Не говорам дека тие зборови се непотребни, говорам за Духот во Кој правилно се кажува молитвата.

Или, приоѓаме за причест со Телото и Крвта Христови и не плачеме. Не плачеме само поради тоа што доаѓаме да земеме, а не да дадеме. А на таков начин доаѓаме само затоа што животот ни се претворил во незадоволство и барање, наместо во благодарност и давање. 

И внимавајте повторно да не си помислите дека сега, откако чувте или прочитавте, веќе знаете. Правилниот подвиг на степенот од очистување на срцето од страстите подразбира – покајание (преумување) и плач. Отсуството на плачот и солзите е сведоштво на Духот во нас дека се случило отпаѓање од вистинскиот пат. А плачот и солзите, пак, поради нашата оддалеченост од Бог и Богородица, се единствениот знак дека нешто од нешто сфаќаме и знаеме.

Забележавте, прво се потсетивме колку е високо поставен светоотечкиот критериум на вистинското знаење и познание на Бог, а потоа, говорејќи за правилниот однос кон духовниот отец, за плачот и солзите, како и за Духот во Кој се кажува молитвата, всушност, направивме проверка дали воопшто се наоѓаме на првиот степен од духовниот развој – од кој многу лесно се отпаѓа; сѐ со цел да се отрезниме од прелеста во која, кој повеќе – кој помалку, се наоѓаме и да се покаеме.

Митрополит Струмички Наум

Извор: МПЦ-ОА

Струмичка епархија



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5832
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6644
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6438
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5629
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Православен календар

 

24/04/2024 - среда

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Антипа епископ Пергамски во Азија; Светите маченици Прокес и Мартинијан;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Од твоето срце за Христа спремнопламен ревносен излезе,о Евпсихие свети мачениче,ја запали лагата од овој свет,осветлувајќи ги бездните на темнината...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная