Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Духовност arrow Манастири и Цркви arrow Писма на Валаамскиот старец (1)
Писма на Валаамскиот старец (1) Испечати Е-пошта

 

valaam.a.jpg
 

4 Август 1939 г.
 
Го примив твоето значајно писменце и од него се гледа дека си почнала да се занимаваш со внатрешниот духовен живот. Нека ти даде Господ мудрост.  Во ред е твојата забелешка – од молитвите не треба да се очекува било што. За време на молитвата треба да се биде во големо смирение, и ако се појават топлина и солзи, не треба да се вообразува за себе нешто високо, нека доаѓаат и заминуваат без наше присилување, но и не се вознемирувај кога ќе пресушат, друг начин нема.
                                                                                                                          
  Молитвата е најголем подвиг и до последниот здив таа е сврзана со напорна и тешка борба. Сепак, Господ по својата милост од време на време дава утеха на оној кој што се моли за да не малакса. Твоето домашно молитвено правило одреди го сама, прилагоди го на твоето време, во тоа нема да има самоволие. Само не ти советувам да претеруваш, за да не бидеш роб на правилото, и да го избегнеш брзањето.

По Божја милост засега живееме среќно, обичен манастирски живот.

Се молам да слегне на тебе Божјиот благослов.

valaam.a2.jpg

 (Продолжува)

Превел: Борис Митковски


Фото:Од официјлниот сајт на манастирот Валаам

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Посети:2290


Е-пошта

  Оставете Ваш коментар

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 17
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели