Духовност
Прашања до духовникот
ЦРКВАТА И СВЕТОТ НА ПРАГОТ НА АПОКАЛИПСАТА
| ЦРКВАТА И СВЕТОТ НА ПРАГОТ НА АПОКАЛИПСАТА |
|
|
|
Архимандрит РАФАИЛ (Карелин)
Што значи православен христијанин, според какви признаци можеме да го препознаеме во овој свет исполнет со страсти? Каде е денес границата меѓу христијанинот и паганинот, кој познавал само еден закон - законот на задоволување на своите многубројни потреби; каде минува линијата што ги дели оној што верува во Христа и неверникот-атеист, рамнодушен спрема сето она што е недостапно за неговото сетилно восприемање? Во текот на своето двеилјадигодишно постоење, христијанската Црква преживувала различни времиња, различна била и нејзината положба во светот. Првите векови на историјата на Црквата на земјата се карактеризираат, пред сè, со тоа што меѓу оние што снатане „нова твар“, оние што го соблекле „стариот човек“, и паганскиот свет кој, „скапувајќи во соблазнувачките похоти“, не сакал да знае за прогонуваните и измачуваните „Галилејци“ – се издигнала крута граница. Тогаш секој христијанин можел во еден миг да го изгуби животот како маченик, и затоа тој постојано се подготвувал за тоа, за да се претстави пред Бога, се стремел да биде во свет живот и во побожност (2 Петар 3:11); а и самиот дух на животот на првите христијани покажувал дека тие тука немаат постојан град, туку го бараат само оној што ќе дојде (Евреите 13:14). Тој пагански свет, среде кој тие живееле и на чии похоти некогаш и самите биле предадени, бил против нив, и не можело да има согласие меѓу нив и безбожјето и страшниот разврат коишто царувале во тој свет. Заради тоа и се чуделе оние со коишто тие уште до вчера заедно се „веселеле“ во световните „радости“. Затоа, поразени со светоста и со чистотата на нивното ново постоење, нивната непоколебливост и храброст пред лицето на гонењето и на мачењето, луѓето сè почесто се преобразувале од лути волци во овци на стадото Христово.
Но, наскоро настапил сосема нова епоха во животот на Црквата: христијанството, до неодамна прогонувано, станало официјална религија на моќната империја. Светот, пак, макар што се променл, сепак не се преродил целосно. И љубовта спрема светот – којашто, според зборовите на Писмото, е непријателство против Бога (Јаков 4:4) – останала во срцата на мнозинството луѓе што живееле во него. А христијаните, коишто пред тоа биле отфрлани од тој свет, и коишто самите не го примале неговиот „паганизам“, сега станале негов составен дел. Така, во срцето на таквиот свет започнала борбата меѓу духот на Христос и антихристовиот дух; христијанството се стремело да го преобрази светот, да го освети, да го приведе кон Христос, а светот – да го „осветови“, да го секуларизира христијанството, да го преобрати од Божествена востановеност во некаков општествено-државен институт, којшто ќе има свои морални норми, но кои, патем кажано, и не мора да се почитуваат. А колку била тешка таа борба, може да се заклучи оттаму што не еднаш, во текот на вековите, во Христовата Црквата се слушало прашањето: можеби и било полесно тогаш кога гореле клади и светкале мечевите на римските војници, кога ѕверовите биле пуштани во арените а гледачите занемувале на трибините, предвкусувајќи ја крвавата казна над следбениците на распнатиот Христос?
Што видовме во текот на последниве неколку години? – Се возобновуваат храмовите, заживуваат древните монашки заедници, на Црквата ì го враќаат – со тешко срце и во мали дози – одземениот имот. А паралелно, без пречки и тешкотии, во нашиот живот со сета силина и незадржливо влегува она за што во Писмото се вели: тајната на беззаконието веќе дејствува (2 Солунјаните 2:7): грабежи од невидени размери, бескрајни политички интриги, цинизам и грубост, беспоштедна борба за место под сонцето како меѓу „силните“, така и меѓу „слабите“ од овој свет, воени конфликти и масовно гинење на луѓето, и сето тоа дочекувано рамнодушно од страна на општеството, вџашувачка неморалност и разврат тоа е реалноста којашто нè опкружува денес. Тоа е фонот врз кој се возобновува Црквата...
Подготви: д- р Драган Михајловиќ Посети: 937
Е-пошта
|
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Арх. Георгиј Капсанис- ГОСПОДОВАТА МОЛИТВА |
| .....pa so Isusova ima de... |
| 21/11/08 23:41 Повеќе... |
| Од nadez |
| Младите битолчани учат за верата од холивудски филмов... |
| SIROK SOKAK=SIROK PAT = ... |
| 21/11/08 22:41 Повеќе... |
| Од lpa |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| sogoleno do srz, vo presr... |
| 21/11/08 20:43 Повеќе... |
| Од m |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| sila si duci :zzz :zzz ... |
| 21/11/08 20:41 Повеќе... |
| Од m |
| Божествена Литургија во Св. Спас, Скопје (16.11.2008) |
| zal mi e sto ne bev na t... |
| 21/11/08 20:30 Повеќе... |
| Од johnpaul |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |