Наука, Култура
Библиска археологија
Кале не ја крие историјата
| Кале не ја крие историјата |
|
|
|
„Скопје ривајвл“ пред скопската јавност со предмети од Калето од праисторијата до 20 век ЉУБОМИР КОСТОВСКИ-Утрински весник Изложбата која долго се очекуваше во домашната културна јавност, особено меѓу историчарите и археолозите на Балканот - „Скопје ривајвл“ ќе се отвори денес во 20 часот. Центарот на настанот е Музејот на град Скопје, каде веќе се поместени арте фактите најдени при ископувањата на скопското Кале во текот на оваа година.
Изложбата ќе ја прогласи за отворена премиерот на Владата - Никола Груевски а се очекува да говорат д-р Драги Митревски, кој раководеше со ископувањето и директорот на Музејот на град Скопје - Јован Шурбаноски. Ископувањата на Кале беа мета на напади на невладиниот сектор кај некои Албанци (особено „Разбуди се“) која тврдеше дека цел на истражувањето е уништувањето или сокривањето на арте факти кои би говореле за илирскиот период. Други Албанци ја смируваа тензијата (како респектираниот д-р Аритон Цека, археолог од Скопје) тврдеше дека се работи за тврдина од 9. век која не може да сведочи за период што во принцип не може да го содржи во своето подземје. „Скопје ривајвл“ оттаму јавно ги открива сите оние предмети кои вредните раце на ископувачите ги најдоа работејќи во едно исклучително жешко лето и говорат за отвореноста на културните фактори во однос на дострелите на целиот потфат. Најзначајните арте факти говорат за еден доста интензивен живот на Калето од 10 до 14. век. Ѕидиштата потекнувата од 10 век. односно од времето кога на овој простор владеел царот Самуил. Доколку се создадат услови на тоа место би требало да постои подолготраен истражувачки центар, а таа намера би требало да најде своја резултанта во некакво ново урбано решавање за овој простор на градот Скопје, вели раководителот на проектот д-р Драги Митревски.
Изложбата беше закажана за 8 декември, па одложувањето, заради неинформирањето во медиумите (што е неразбирлив пропуст, бидејќи организаторите навреме го пријавиле новиот термин, донесе пред вратите на Градски музеј во саботата навечер повеќе стотина љубопитници. Е-пошта
|
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
Premin Portal on Facebook |
![]() |
![]() отец Игор Калпаковски Преглед на разговор од 22.12.2009 |
![]() Митрополит Европски г. Пимен Преглед на разговор од 04.08.2009 |
| Божествена Литургија во храмот Св. Великомаченик Геор... |
| mila sestro vo Hrista jas... |
| 10/03/10 23:12 Повеќе... |
| Од petar |
| Божествена Литургија во храмот Св. Великомаченик Геор... |
| Perfektno.Ajde, kako da s... |
| 10/03/10 22:58 Повеќе... |
| Од Olivera |
| Божествена Литургија во храмот на св.Петка, Скопје (09.03.... |
| :) :) |
| 10/03/10 22:20 Повеќе... |
| Од a......a |
| Божествена Литургија во храмот Св. Великомаченик Геор... |
| Xristos pomegu site nas ... |
| 10/03/10 21:36 Повеќе... |
| Од natasha |
| Дали може некрстен да пие крстена вода, и молитвите дал... |
| Ако не може да... |
| 10/03/10 19:01 Повеќе... |
| Од Бети |
![]() |
![]() |
Повеќе... |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
Претплатете се на некои од следните RSS Линкови:
Вести
Полезно и потребно
Колумни
Наука и религија
Одговори на Вашите прашања
Беседи
Поуки од Светите Отци