| Од Верскиот календар на МПЦ (30.07.2010) |
|
|
|
Тропар, глас4. Овцата Твоја, Исусе, Марина со силен глас вика: Тебе, Младоженецу мој Те љубам, и Тебе барајќи Те се подвизувам и со Тебе се распнувам, и во Твоето крштение се погребувам, и заради Тебе страдам, та со Тебе и да царувам; и умирам за Тебе, за да живеам со Тебе. Но, како жртва непорочна, прими ме, која со љубов се жртвував за Тебе. По нејзините молитви, како Милостив, спаси ги душите наши.
Светата маченичка Марина
Кога царскиот намесник Олимвриј дозна дека е христијанка, побара од неа најпрво да му биде жена. А кога го одби, и нареди да им се поклони на идолите, на што Света Марина одговори: „Нема да им се поклонам ниту ќе им принесам жртва на безживотните и мртви идоли, кои ниту самите знаат за себе ниту пак знаат дали ние ги чествуваме или ги бесчестиме: не им ја давам онаа чест што Му припаѓа само на мојот Создателот“. Тогаш Олимвриј ја подложи на маки, па целата изнаранета ја фрли во затвор. Во затворот Марина Го молеше Бога и по молитвата и се јави најпрво ѓаволот како страшна змија што и се намотка околу главата. Но штом светителката се прекрсти, змијата се распукна и исчезна. Тогаш ја заблесна небесна светлина и ѕидовите на затворот заедно со покривот исчезнаа и се јави крст, висок и блескав, а на неговиот врв бела гулабица, од која се слушна глас: „Радувај се, Марино, словесна гулабице Христова, ќерко на севишниот Сион, зашто дојде денот на твојата радост.“ Тогаш, со силата Божја, беше исцелена од сите рани и болки. Другиот ден безумниот судија ја мачеше во оган и во вода, но Марина сѐ претрпе како во туѓо тело. Најпосле ја осуди на смрт со меч. Пред смртта и се јави Господ Исус со ангели. Беше заклана во времето на царот Диоклецијан, но со душата и силата остана да живее на небото и на земјата. Една рака од Света Марина се наоѓа во манастирот Ватопед на Света Гора. Во Албанија пак, на планината Ланга над Охридското Езеро, се наоѓа манастир на Света Марина со дел од нејзините чудотворни мошти. Во овој манастир се случуваа и се случуваат многубројни чуда и за нив сведочат не само христијаните туку и муслиманите. Кон оваа светителка Турците имаат толкава почит, што никогаш не посакале да посегнат по светоста и имотот на манастирот. Едно време тутор на овој манастир беше Турчин.
Преподобен Леонид Устнедумски Овој руски Светител од младоста се подвизуваше во неколку манастири: во Соловецкиот, Мирожскиот и др. Најпосле основа свој манастир на реката Луга во Вологодската губернија. Се подвизуваше тврдокорно додека душата не му се исполни со благодатната светлина и сила на Светиот Дух. Како голем светилник привлече многумина кон подвижничкиот живот. Наречен е Устнедумски бидејќи еднаш кога го касна отровна змија тој за тоа не сакаше ни да мисли ни да зборува, па остана жив. Откако Му угоди на Бога, се престави мирно на 17 јули 1653 година. Неговите мошти почиваат во неговиот манастир. Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 69) Рече Господ на Своите ученици: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, да го земе својот крст и да оди по Мене; зашто, кој сака да ја спаси душата своја, ќе ја загуби; а кој ќе ја загуби својата душа заради Мене, ќе ја најде: оти каква полза е за човека, ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости? Или каков откуп ќе даде човек за својата душа? Зашто Синот Човечки ќе дојде во славата на Својот Отец, со ангелите Свои, и тогаш ќе му даде на секој според делата негови. Вистина ви велам: тука стојат некои, што нема да вкусат смрт дури не Го видат Синот Човечки како оди во царството Свое.“ Свети Нил Синајски Блажен е умот кој молејќи се нерасеано за време на молитвата поприма сè поголем копнеж за Бог.
Holy Martyr Marina
Elder Ephraim of Philotheou With the prayer we pass from one joy to another; without the prayer, we pass from one fall to another, from affliction to affliction, and heavy is our remorse. In short, with a little labor and pain in the prayer, we obtain much joy-making mourning, compunction, and tears, along with the sweetness of the presence of God and the immaculate fear of Him, which cleanses and purifies nous and heart. Е-пошта
|
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и Фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
Premin Portal on Facebook |
| Иконата на Мајката Божја-Курскаја на поклонение во Све... |
| Амин! Фала Му ... |
| 06/09/10 23:44 Повеќе... |
| Од Stole |
| Иконата на Мајката Божја-Курскаја на поклонение во Све... |
| Prekrasna vest! Ti blagod... |
| 06/09/10 20:16 Повеќе... |
| Од Cikago |
| Групна крштевка во манастирот на Успение на Пресвета Б... |
| "Од Повардарс... |
| 06/09/10 18:55 Повеќе... |
| Од Preminportal |
| Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010) |
| nice :);) |
| 06/09/10 17:02 Повеќе... |
| Од до Весна |
| Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010) |
| :zzz Љубов... |
| 06/09/10 16:25 Повеќе... |
| Од (-_-) |
![]() |
![]() |
Повеќе... |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
Претплатете се на некои од следните RSS Линкови:
Вести
Полезно и потребно
Колумни
Наука и религија
Одговори на Вашите прашања
Беседи
Поуки од Светите Отци
![]() Сè што е соединето со Бога, спасено е ![]() |
| 07/09/2010 - вторник |
Пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј; |
Светиот апостол Тит; |
Православен календар за овој месец - МПЦ |
![]() А и до ден денеска има значи и чудеса на неговиот гроб од каде се чувствува и благопријатна миризба низ воздухот, а по неговото упокојување во Господа, на неговиот гроб гледале светлина во вид на огнен столб. Повеќе... |
![]() Христијанството не е учење туку живот. А самото негово учење влегува во животот како одреден образ, како поглед на сè што е и станува... Повеќе... |
![]() ...Преку делото на трезвеноумието се ослободувале од помислите и на тој начин страстите биле намалувани. Трезвеноумноста им ја носела чистотата на срцето... Повеќе... |
![]() ...Душата исполнета со тага како да станува безумна и надвор од себе, па не може спокојно да прима добар совет, ниту кротко да одговара на поставените прашања. Таа бега од луѓето како од виновници за своето вознемирување, не сфаќајќи дека причината за болеста е во неа.,... Повеќе... |
![]() „Веројатно секој човек имал прилика да сретне луѓе коишто, откако во својата свест оформиле став дека се христијани со длабока вера и дека Му служат на Бога, почнале да постапуваат на начин кој му противречи на образот на нивните мисли, " ... Повеќе... |
![]() Оној што сака да го види Христа, нека ги очисти умот и срцето со покајание! Тогаш тој ќе Го види во Евангелието, ... Повеќе... |
![]() – Како да се зборува за верата Атеизмот не се јавува како последица на научни истражувања од следните причини:... Повеќе... |
![]() Од него, од ова познание, заблеска стравот Божји, третиот и единствено балгочестив страв, кој ни се открива низ целата библиска педагогија,... Повеќе... |
![]() ... Суштината на кратката молитва е во непрестајното и нерасеано пребивање на умот во Бог, во заедница со Него. ... Повеќе... |
![]() ...Читајќи ја големата и се пообемна современа литература, посветена на прашањето на христијанската обнова, не можеме а, да не дојдеме до заклучок дека главниот, ако не и исклучителен критериум на таа обнова, е светот... Повеќе... |
![]() ..."И ПРОСТИ НИ ГИ ДОЛГОВИТЕ НАШИ, КАКО ШТО ИМ ГИ ПРО-ШТЕВАМЕ И НИЕ НА НАШИТЕ ДОЛЖНИЦИ" — е петтата прозба. ... Повеќе... |
![]() ... Уметноста на св.Андреј Рубљов е комбинација на две традиции: средновековниот манастирски аскетизам и класичната хармонија на византиското сликарство. Ликовите на неговите икони и фрески се секогаш спокојни... Повеќе... |
![]() ...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos. Повеќе... |