Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Духовност arrow Поуки од Светите Отци arrow Св.Теофан Затворник: Вниманието (Речник на христијанскиот живот - 79)
Св.Теофан Затворник: Вниманието (Речник на христијанскиот живот - 79) Испечати Е-пошта

 

Вниманието


Кога вниманието е во Бога, тогаш неизбежно и сите дела ќе тргнат по Божјото. Во тесна врска со вниманието кон Бога е и стравот Божји, кој е извор на секое добро и прогонител на секое лошо. Кога ќе ојача, тој образува побожен карактер. Чувајте го тој карактер и сè ќе биде добро. Кога Бог тоа ќе го даде – а ќе го даде кога усрдно ќе побарате – тогаш нема да жалите што е пропуштен некој стих, или некој поклон не е направен, зашто тогаш ќе го имате она што со молитвените напори се бара.
Собирањето на умот во срцето е внимание, собирањето на волјата е бодрост, собирањето на чувствата трезвеност. Внимание, бодрост, трезвеност – тоа се три внатрешни делања преку кои се извршува самособирувањето и остварува пребивањето внатре. Кој нив ги поседува, и тоа сите, тој е – внатре; а кој нема макар ни едно од нив, тој е – надвор.
Што да правите, кога не сте можеле да пазите на себе како што треба? Господ гледа дека тоа не е толку од негрижа, колку од околностите во кои живеете... и ви проштева заради вашата тага за тоа. Од луѓето во светот не може да се бара таква сосредоточеност, каква што е задолжителна за оние кои го оставиле светскиот начин на живот.
Нека Господ ве благослови со трпение да стоите во поредокот на животот кој сте го избрале. Вниманието во однос на она што се случува во срцето и излегува од него – тоа е главно дело во христијанскиот исправен живот. Со тоа и внатрешното и надворешното се доведуваат до потребниот ред. Но на вниманието секогаш треба да му се придодава и расудување, за она што се случува внатре и она што бара надворешноста, да би биле испитани на потребниот начин. Без расудување и вниманието е за ништо. Од каде да се земе расудувањето? Од совеста, просветена со познание на Божјата волја, соопштени во Евангелието и делата апостолски. По овој пат многу сигурно се одредува што може а што не може да се допушти во постапките, зборовите и делата. Господ нека ве умудри.
Без внимание ни во светскиот живот ништо нема да направиш како што треба, а во духовниот вниманието е на прво место. Таа го забележува лошото и го предава на внатрешниот суд, таа го чува внатрешниот двор во кој се просудува што и како треба да се прави, а потоа внимава и на оние кои ги извршуваат одлуките. Така, не изненадува што духовниот живот во целиот свој обем се нарекува трезвен живот, а во отечките дела ќе наидете најмногу на зборовите за трезвеност или внимание: тоа е едно исто. И затоа: колку е само важно да се навикнеме на внимание! Кај оние кои почнуваат да се грижат за душата, првобитниот напор обично на тоа е насочен. И нивното дело почнува по малку да личи на право дело дури тогаш кога вниманието почнува да се собира во себеси. Што значи тоа? Значи – треба да се застане со умот во срцето пред Господа и свесно сè да се просудува и презема пред лицето Негово. Очигледно дека тоа е сложено дело. Тоа созрева заедно со молитвата и колку добива сила од неа, толку и неа ја појачува.
... Расејаноста на вниманието ја лади топлината, а намалувањето на топлината го ослабува вниманието. Од таму е законот во духовниот живот: срцето држи го во чувство (во љубов) кон Бога и секогаш ќе бидеш во сеќавање на Бога.

 

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.

 

   Св.Теофан Затворник : 1.Молитвата – дишење на духот (Речник на христијанскиот живот - 69)

 




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!

Е-пошта

  Оставете Ваш коментар

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Код:* Code
Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 2
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >
Premin Portal on Facebook

Online разговори

Пребарување

Фотопрезентација - МОЈА ВИЗУРА

НАГРАДЕНИ УЧЕСНИЦИ

Помош за Бигорскиот манастир


Сите што сакаат да се вклучат во возобновувањето на Бигорскиот манастир и да се вложат себеси како жив камен во живата Црква, можат да донираат на следните жиро-сметки:
Повеќе...

RSS Канали

rss_ikona.jpgПретплатете се на некои од следните RSS Линкови:

07.png Вести
07.png Полезно и потребно
07.png Колумни
07.png Наука и религија
07.png Одговори на Вашите прашања
07.png Беседи
07.png Поуки од Светите Отци




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!