Skip to content
Премин Портал: Дома
Четврта книга на псалми - Псалм 94 Испечати Е-пошта

ЧЕТВРТА КНИГА

 bogorodica.k.dol.jpg

ПСАЛМ 94
Прославување на Создателот и Спасителот

1 Дојдете да Му пееме на Господ и да воскликнеме кон Карпата на нашето спасение!
2 Да побрзаме пред лицето Негово со славословие, и со псалми да Му воскликнеме,
3 зашто Бог е велик Господ и Цар голем над сите богови.
4 Зашто во Неговите раце се сите земни длабочини, а горските височини се исто така Негови.
5 Бидејќи Негово е морето, и Тој го создаде, а рацете Негови го создадоа и копното.
6 Дојдете да Му се поклониме и да паднеме ничкум, да клекнеме пред лицето на Господ, нашиот Творец;
7 зашто Тој е Бог наш, а ние сме народ од Неговото пасиште и овци од Неговите раце. О, денес да бевте го послушале Неговиот глас!
8 „Не ожесточувајте ги срцата ваши, како во Мерива, како во оној ден во Маса во пустината,
9 каде што Ме искушуваа вашите татковци, Ме испитуваа иако ги видоа делата Мои.
10 Четириесет години Ме јадеше тој народ и реков: тие се народ со заблуден срца, кои не ги почитуваат патиштата Мои,
11 па затоа се заколнав во гневот Свој дека тие нема да влезат во Мојот мир.”

 

 

Aleksand.Lit.jpg

„Ќе му пеам на Господа се додека постојам.  “


Од преполнетото срце на Давида и другите псалмописци, се изли копнежот на секое срце човечко да заедничари со Бога да испроси од Бога прошка за согрешенијата, изливајќи го низ благопријатната песна своето покајание пред престолот Божји и од Сесилниот Господ да побара заштита од злото кое постојано го притиска.


Секоја Богобојажлива душа колку повеќе ги чита светите псалми се повеќе во неа се буди радоста која произлегува од посетата на Божјата благодат и се влева во неа мир и сигурност од закрилата на цврстата закрила  Божја. 
Господ наш  Исус Христос ги посочува и како пророштва за она што стана со Него а заради нашето спасение /лк.24.44/.Светите Апостоли пак ги препорачуваат на верните за усовршување во верата/Еф.5.19/. Великите отци наши /св.Атанасиј Велики , св.Григориј Ниски , св. Јован Златоуст .../со голема радост говорат за нивната душеполезност во своите беседи и одговори на верниците за поуките од псалмите, препорачуваќи ги на верните што повеќе да ги читаат. Светата Црква поделуваќи ги во таканаречени катизми ги распоредила во богослужбениот неделен циклус со цел да се прочита целиот псалтир за една седмица, а за време на Великиот пост и два пати. За жал денес катизмите честпати се прескокнуваат на богослужбите од причини да се постигне во време и другите обврски да можат да се завршат, а ако се земе во обзир и тоа што во многу храмови не се служзи секојдневно/ да не бидам погрешно сватен ова најчесто се случува од практична па и финансиска невозможност/за да не се маргинизира псалтирот и верните да не се исклучат од големите дарови кои произлегуваат од неговото читање се препорачува на верните покрај молитвеното правило во своите молитви да го практикуваат и читањето на псалмите со голема богобојазливост за да нацрпат од овој благодатен извор многу дарови за своја душевна полза - за мир, утешение, здравје и спасение .Амин!

о. Горан Тасески

vinjeta.m.jpg

 ПСАЛМИ

Вовед

Псалмите се најдолгата книга во Светото Писмо. Тие се песни кои се пееле со музичка придружба, или, пак, се рецитирале како молитви. Значителен број псалми се напишани од Давид, но има и од други писатели, како што се Асаф, Мојсеј, Соломон и потомците на Кора. Овие песни биле собирани подолго време и заземале важно место во богослужбите на израилскиот народ.
Името Псалми потекнува од насловот на оваа збирка песни во грчкиот превод на Стариот завет.
Сто и шеснаесет псалми содржат пред-текст кој дава податоци за потеклото, видот и музичката придружба на соодветниот псалм. Можат да се издвојат повеќе видови псалми, меѓу кои:
1. Химни, или славословија кои Го слават Господа. Такви псалми се: 8, 9, 32, 99, 102-104, 110, 112, 113, 116, 134, 135, 144-149.
2. Псалми во кои Господ е прикажан како Цар: 46, 92, 95-98.
3. Псалми за владетелите: 2, 17, 19, 20, 44, 71, 88, 100, 109, 143.
4. Сионски песни: 45, 47, 75, 86, 131.
5. Псалми за верата во Бога: 1, 36, 48, 72, 77, 111, 118, 126, 132.
6. Псалми испеани во неволји: 11, 43, 57, 59, 73, 78, 79, 82, 84, 89, 93, 105, 107, 122, 125, 136
7. Молитви упатени кон Бога, поради несреќи: 5-7, 12, 16, 21, 24, 25, 27, 30, 34, 37, 38, 40-42, 50, 53, 56, 58, 60, 62, 63, 68–70, 85, 87, 101, 108, 119, 129, 139-142.
8. Благодарствени псалми: 9-10, 29, 31, 33, 39, 91, 106, 115, 117.
Инаку и Исус пеел некои псалми, заедно со Неговите ученици (види Мр. 14,26).
Псалмите се цитирани повеќе од сто пати во новозаветните книги. Некои псалми содржат прототипови за Личноста на Исус Христос. На пример, псалмите 21 и 68 ги претскажуваат Христовите страдања, додека псалмите 15, 109 и 117 содржат елементи на Христовото воскресение и слава. Псалми во суштина се состои од пет книги и тоа: 1. Пс. 1-40, 2. Пс. 41-71, 3. Пс. 72-88, 4. Пс. 89-105 и 5. Пс. 106-151.

Извор: БИБЛИЈА

Друго:

bogorodica.k.dol.jpg

„НА РЕКИТЕ ВАВИЛОНСКИ“

 Ново издание од Повардарската епархија (18.02.2010)


 

 




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!

Е-пошта

  Оставете Ваш коментар

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Код:* Code
Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 1
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >
Premin Portal on Facebook

Online разговори

Пребарување

Фотопрезентација - МОЈА ВИЗУРА

НАГРАДЕНИ УЧЕСНИЦИ

Помош за Бигорскиот манастир


Сите што сакаат да се вклучат во возобновувањето на Бигорскиот манастир и да се вложат себеси како жив камен во живата Црква, можат да донираат на следните жиро-сметки:
Повеќе...

RSS Канали

rss_ikona.jpgПретплатете се на некои од следните RSS Линкови:

07.png Вести
07.png Полезно и потребно
07.png Колумни
07.png Наука и религија
07.png Одговори на Вашите прашања
07.png Беседи
07.png Поуки од Светите Отци




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!

Пријатели














Сè што е соединето со Бога, спасено е

Православен календар

07/09/2010 - вторник

Пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј;
Светиот апостол Тит;

Православен календар за овој месец - МПЦ

Преподобен Гаврил Светогорец, епископ Велички


А и до ден денеска има значи и чудеса на неговиот гроб од каде се чувствува и благопријатна миризба низ воздухот, а по неговото упокојување во Господа, на неговиот гроб гледале светлина во вид на огнен столб. Повеќе...

Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (4дел)


Христијанството не е учење туку живот. А самото негово учење влегува во животот како одреден образ, како поглед на сè што е и станува...
Повеќе...

Старец Ефрем Филотејски - За трезвеноумието


...Преку делото на трезвеноумието се ослободувале од помислите и на тој начин страстите биле намалувани. Трезвеноумноста им ја носела чистотата на срцето...
Повеќе...

Свети Серафим Саровски- За тагата


...Душата исполнета со тага како да станува безумна и надвор од себе, па не може спокојно да прима добар совет, ниту кротко да одговара на поставените прашања. Таа бега од луѓето како од виновници за своето вознемирување, не сфаќајќи дека причината за болеста е во неа.,... Повеќе...

А. С, Бочаров, А. В. Чернишев: ПСИХОЛОГИЈА НА РОПСТВОТО


„Веројатно секој човек имал прилика да сретне луѓе коишто, откако во својата свест оформиле став дека се христијани со длабока вера и дека Му служат на Бога, почнале да постапуваат на начин кој му противречи на образот на нивните мисли, " ...
Повеќе...

Св. Игнатиј Брјанчанинов -ФАРИСЕЈ


Оној што сака да го види Христа, нека ги очисти умот и срцето со покајание! Тогаш тој ќе Го види во Евангелието, ...
Повеќе...

Арх. Рафаил Карелин - Тајната на спасението (4)


– Како да се зборува за верата
Атеизмот не се јавува како последица на научни истражувања од следните причини:...
Повеќе...

Митрополит Методиј - ПРИРОДНИТЕ СТИХИИ И ПОСЛУШАНИЕТО


Од него, од ова познание, заблеска стравот Божји, третиот и единствено балгочестив страв, кој ни се открива низ целата библиска педагогија,... Повеќе...

Митрополит г. Наум: Преданието на исихазмот во неговите догматски и аскетски основи


... Суштината на кратката молитва е во непрестајното и нерасеано пребивање на умот во Бог, во заедница со Него. ...
Повеќе...

Александар Шмеман - ХРИСТИЈАНСКА ОБНОВА


...Читајќи ја големата и се пообемна современа литература, посветена на прашањето на христијанската обнова, не можеме а, да не дојдеме до заклучок дека главниот, ако не и исклучителен критериум на таа обнова, е светот...
Повеќе...

Прoф. Ратомир Гроздановски - Господовата молитва (7)


..."И ПРОСТИ НИ ГИ ДОЛГОВИТЕ НАШИ, КАКО ШТО ИМ ГИ ПРО-ШТЕВАМЕ И НИЕ НА НАШИТЕ ДОЛЖНИЦИ"
— е петтата прозба. ...
Повеќе...

Преподобен Андреј Рубљов


... Уметноста на св.Андреј Рубљов е комбинација на две традиции: средновековниот манастирски аскетизам и класичната хармонија на византиското сликарство. Ликовите на неговите икони и фрески се секогаш спокојни...
Повеќе...

Православни Цркви во светот


...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos.
Повеќе...