| Од Верскиот календар на МПЦ (24. 07.2010) |
|
|
|
Светата великомаченичка Ефимија Оваа светителка се празнува на 11 септември, на денот кога пострада. На ова место пак се спомнува чудотворноста на нејзините чесни мошти, пројавена на IV Вселенски Собор во Халкидон. Овој Собор беше свикан во времето на царот Маркијан и царицата Пулхерија во 451 година, по смртта на царот Теодосиј Помладиот. Повод за свикување на Четвртиот Собор беше ереста на Диоскор, патријарх Александриски, и на Евтихиј, архимандрит Цариградски. Тие го распростираа лажното учење дека во Христа да немало две природи, човечката и Божествената, туку само една, Божествената. На овој Собор највидна улога играа цариградскиот патријарх Анатолиј и ерусалимскиот патријарх Јувеналиј. Бидејќи со препирања и докажувања од две спротивни страни не може да се дојде до никакво одредено решение, патријархот Анатолиј предложи и православните и еретиците да го напишат своето исповедање, па да ги положат во ковчегот со моштите на Света Ефимија. Со ова се согласија сите. Двете вероисповедања, значи, беа напишани и ставени на градите на великомаченичката, ковчегот беше затворен и запечатен со царски печат и уште беше поставена војничка стража. Тогаш сите поминаа три дена во пост и во молитва. Четвртиот ден, кога го отворија гробот, го видоа православното исповедање во десната рака на светителката, а еретичкото под нејзините нозе. Така спорот се реши со Божја сила во корист на Православието. Во времето на царот Ираклиј моштите на Света Ефимија беа пренесени од Халкидон во Цариград, во црквата што ѝ е посветена, близу хиподромот. Иконоборниот цар Лав Исавријанин нареди и ги фрлија моштите во морето; но на чудесен начин ковчегот беше пренесен на островот Лимнос и положен во црквата на Светата маченичка Гликерија. Дури во времето на царицата Ирина ковчегот со моштите беше повторно вратен во Цариград на своето старо место. Од овие мошти одвреме навреме течеше крв, којашто им помагаше на болните и на неволните. Света Елена Велика руска кнегиња, пред крштението се викаше Олга. Жена на кнезот Игор. Крстена е во Цариград од патријархот Полиевкт. Голема ревнителка на православната вера во Русија. Се упокои во 969 година. Преподобниот маченик Никодим Родум од Елбасан. Беше женет и имаше деца. Намамен од Турците го прими исламот и насилно ги преведе своите деца во ислам, освен еден син којшто му побегна на Света Гора и се замонаши. Никодим отиде на Света Гора за да си го врати синот назад, но Света Гора на него изврши таков впечаток, што самиот се покаја, се врати во верата Христова и се замонаши. Три години го оплакуваше своето отстапништво, па најпосле реши да се врати во Албанија, да го окае својот грев таму каде што го изврши. Се врати значи, изјави пред Турците дека е христијанин и беше заклан на 11 јули 1722 година. Неговите чудотворни мошти и денес лежат цели и целебни. Преподобниот маченик Нектариј Родум од Вриул во Мала Азија. Во седумнаесеттата година насилно потурчен. Имаше слична судбина како Свети Никодим. Кога како Турчин ѝ се јави на мајка му, таа му свика: „Оди си од мене, не те познавам. Јас те родив како христијанин, а не како Турчин.“ Тој горко се покаја, отиде на Света Гора и се замонаши во скитот на Света Ана. Решен да загине за Христа и да се очисти од својот грев, отиде пак во Вриул, каде што пострада. Заклан од Турците заради Христа во местото на своето раѓање, во дваесет и првата година од неговиот живот, на 11 јули 1820 година. Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 63) Во она време дојде Исус при морето Галилејско, се искачи во гората и седна таму. И дојде при Него многу народ, кој имаше со себе хроми, слепи, неми, фатени и многу други, и ги положија пред нозете на Исуса, и Он ги исцели така што народот се восхитуваше, гледајќи како неми зборуваат, фатени оздравуваат, хроми се движат и слепи прогледуваат и Го прославуваше Бога Израилев. Свети Нил Синајски Кога за време на молитвата ќе помислиш дека не ти е потребно да плачеш за своите гревови, погледни колку си далеку од Бог (а должен си секогаш да пребиваш во Него) и ќе ги пролееш најтоплите солзи.
Е-пошта
|
|||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и Фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
Premin Portal on Facebook |
| Иконата на Мајката Божја-Курскаја на поклонение во Све... |
| Амин! Фала Му ... |
| 06/09/10 23:44 Повеќе... |
| Од Stole |
| Иконата на Мајката Божја-Курскаја на поклонение во Све... |
| Prekrasna vest! Ti blagod... |
| 06/09/10 20:16 Повеќе... |
| Од Cikago |
| Групна крштевка во манастирот на Успение на Пресвета Б... |
| "Од Повардарс... |
| 06/09/10 18:55 Повеќе... |
| Од Preminportal |
| Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010) |
| nice :);) |
| 06/09/10 17:02 Повеќе... |
| Од до Весна |
| Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010) |
| :zzz Љубов... |
| 06/09/10 16:25 Повеќе... |
| Од (-_-) |
![]() |
![]() |
Повеќе... |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
Претплатете се на некои од следните RSS Линкови:
Вести
Полезно и потребно
Колумни
Наука и религија
Одговори на Вашите прашања
Беседи
Поуки од Светите Отци
![]() Сè што е соединето со Бога, спасено е ![]() |
| 07/09/2010 - вторник |
Пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј; |
Светиот апостол Тит; |
Православен календар за овој месец - МПЦ |
![]() А и до ден денеска има значи и чудеса на неговиот гроб од каде се чувствува и благопријатна миризба низ воздухот, а по неговото упокојување во Господа, на неговиот гроб гледале светлина во вид на огнен столб. Повеќе... |
![]() Христијанството не е учење туку живот. А самото негово учење влегува во животот како одреден образ, како поглед на сè што е и станува... Повеќе... |
![]() ...Преку делото на трезвеноумието се ослободувале од помислите и на тој начин страстите биле намалувани. Трезвеноумноста им ја носела чистотата на срцето... Повеќе... |
![]() ...Душата исполнета со тага како да станува безумна и надвор од себе, па не може спокојно да прима добар совет, ниту кротко да одговара на поставените прашања. Таа бега од луѓето како од виновници за своето вознемирување, не сфаќајќи дека причината за болеста е во неа.,... Повеќе... |
![]() „Веројатно секој човек имал прилика да сретне луѓе коишто, откако во својата свест оформиле став дека се христијани со длабока вера и дека Му служат на Бога, почнале да постапуваат на начин кој му противречи на образот на нивните мисли, " ... Повеќе... |
![]() Оној што сака да го види Христа, нека ги очисти умот и срцето со покајание! Тогаш тој ќе Го види во Евангелието, ... Повеќе... |
![]() – Како да се зборува за верата Атеизмот не се јавува како последица на научни истражувања од следните причини:... Повеќе... |
![]() Од него, од ова познание, заблеска стравот Божји, третиот и единствено балгочестив страв, кој ни се открива низ целата библиска педагогија,... Повеќе... |
![]() ... Суштината на кратката молитва е во непрестајното и нерасеано пребивање на умот во Бог, во заедница со Него. ... Повеќе... |
![]() ...Читајќи ја големата и се пообемна современа литература, посветена на прашањето на христијанската обнова, не можеме а, да не дојдеме до заклучок дека главниот, ако не и исклучителен критериум на таа обнова, е светот... Повеќе... |
![]() ..."И ПРОСТИ НИ ГИ ДОЛГОВИТЕ НАШИ, КАКО ШТО ИМ ГИ ПРО-ШТЕВАМЕ И НИЕ НА НАШИТЕ ДОЛЖНИЦИ" — е петтата прозба. ... Повеќе... |
![]() ... Уметноста на св.Андреј Рубљов е комбинација на две традиции: средновековниот манастирски аскетизам и класичната хармонија на византиското сликарство. Ликовите на неговите икони и фрески се секогаш спокојни... Повеќе... |
![]() ...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos. Повеќе... |