Духовност
Полезно и Потребно
Сестра Магдалена - Смисолот на христијанското воспитание
| Сестра Магдалена - Смисолот на христијанското воспитание |
|
|
|
Сестра Магдалена Смисолот на христијанското воспитание
Децата во христијанскиот дом се подигаат во закрила на бракот. Можеби навраќањето кон бракот би се чинело како оддалечување од темата, бидејќи решивме да говориме за децата, но не е така. Всушност се работи за тоа како правилно да го поставиме темелот, пред да започнеме со ѕидањето на градбата. Кога родителското сваќање на бракот е искривено или кога на родителите нешто друго им е поважно од сопственото семејство, нивните деца страдаат заради тоа. Второ, децата мораат во своите родители да видат пример и за својот сопствен брак во кој ќе стапат подоцна.
Во црковните кругови многу често можат да се чујат разговори кои го споредуваат бракот и монаштвото, при што се стекнува впечаток, врз основа на она што го говорат луѓето, дека едни го презираат монаштвото, а други бракот. Децата страдаат, ако нивните родители го запоставуваат бракот и семејниот живот. Затоа би сакала да нагласам дека бракот е еден начин (пат) на човековото спасение. Од расправите кои го споредуваат бракот и монаштвото ретко има корист. Секој мора да го пронајде сопствениот пат на спасението, искајќи од Бога да му го покаже кој пат за него е најдобар – та да го “гради своето спасение” (Фил.2,12) во оние околности кои му се дадени ид Бога. Ние го доведуваме во прашање своето спасение не со тоа што го бираме овој или оној начин на живот, туку што отстапуваме од Божјата промисла за нас лично. Никому не му е дозволено да стане монах затоа што го презира бракот, како што никој не би требало да се жени затоа што го презира монаштвото. Еден оженет човек го прашал духовникот: “Како би можел живеејќи во светот, да се наоѓам во Божјо присуство?” Старецот одговорил: “Чини сѐ како оној кој соработува на Божјо дело”. Да се биде соработник на Бога на задачата/подвигот на бракот и подигањето на христијански деца е величествена и света улога. Христијанскиот живот е живот според Бога во три Лица – Живот во заедница со другите. Многу ретко се случува некој да е призван од Бога да оди во пустина, а таквиот и треба да живее со самотен живот. Но, за повеќето од нас, христијанскиот живот значи живот во заедница од еден или друг вид. Та дури и пустиниците обично мораат да поминат многу години, па дури и децении во заедница, пред да почнат да живеат сами. Како што тоа би го рекол старецот Силуан: “Мојот брат е мојот живот”. Сопружникот пак би можел да рече – и тоа би бил единствениот, од богословско гледиште, правилен начин на живот – “мојата жена (мојот маж) и децата се мој живот. Тие се содржина на мојот живот. Живеејќи токму со нив, јас морам да се научам на христолика љубов.” Показател на моето духовно здравје е состојбата во односите помеѓу мене и оние со кои живеам. Ниеден критериум не е поголем од овој. Семејниот живот е мера на христијанскиот напредок за оние кои живеат во светот. Сѐ што научите за бракот, сѐ што направите за својот брак, е дело на спасение на вашите деца, а тоа и не е нешто малку, туку нешто што има буквално вечна вредност. Светото Писмо е најдобриот водич за семејниот живот.Топло ви препорачувам секогаш одново да ги читате зборовите на Светите Апостоли на пр. за семејниот живот и сериозно да ги примате, како слово/збор Божји, значајно/ен во секое време. Кога го читаме Светото Писмо треба да се молиме на Бога, како и на писателот на одреденото писание, да ни помогант да го разбереме и да го примениме во својот сопствен живот живот, она што го читаме. Такви места кои се особено важни има во Првото Послание на Светиот Апостол Петар и во Посланието на Светиот Апостол Павле кон Коринтјаните и Ефесјаните. “Бракот нека биде во сѐ чесен и постелата брачна чиста” (Евр.13, 4). Многу луѓе во денешно време гледаат на половите/родните односи премногу површно. И што е најлошо, и современите морални норми поттикнуваат на сите видови сексуални изопачености и блудничења. Од друга страна пак, постојат луѓе кои се борат за усвојување на христијанскиот поглед на брак, дури во оние најинтимните прашања, а истовремено го оцрнуваат девството. Потоа постојат христијани, брачници, кои му ги ускратуваат на својот брачен другар потполните сопружнички односи за кобајаги да би живееле во чистота. Меѓутоа, Светитот Апостол Павле вели дека брачниците треба да се воздржуваат еден од друг по заеднички договор и тоа привремено за да можат пособрано да ѝ се предадат на молитвата (1 Кор. 7,5). Понекогаш овој последен проблем – бидејќи истиот создава мноштво проблеми кон секој на кој се однесува – настанува кога некој после венчанието се обрати или повеќе му се приближи на Христа. Светиот Апостол Павел нѐ учи учи дека бракот треба да се одржи, во случај кога оној кој не е верен (неверниот) е волен да го прифати својот сопатник како Христијанин/ка. Во таквиот случај, Христијанинот-брачник има голема одговорност пред Бога во поглед на својот однос кон својот брачен сопатник и семејството. Вистинското обраќање или духовната преобразба го упатуваат Христиајнинот–брачник да го живее семејниот живот со повеќе несебична љубов, со повеќе желба да го направи животот на својот сопатник попријатен. (Не можеме да земеме поединечни случаи, како што е Светиот Алексеј човекот Божји, за општ пример и углед). На жалост, обично се случува Христијаниот да почне да проповеда, или пак престанува да покажува интерес за било што “светско”. Светиот Апостол Петар вели дека однесувањето на жената Христијанка може и “без зборови” (1 Петр. 3, 1) да го приведе неверниот маж кон Господ. Кога примаме откровение од Бога, мораме да се присетиме на Мајката Божја која “ги чуваше овие зборови во срцето свое” (Лк.2, 51). И како што Мајката Божја бараше потврда од својата роднина Елисавета после чудесната случка на Благовеста, така и ние не би требало сами себе да се раководиме, туку да ја бараме потврдата од својот духовн отец. На оние кои би сакале да живеат брачно им советуваме да му се молат на Бог, Он да има најде жена или маж, со кој/а би можеле да живеат со христијански живот и да ги подигаат своите деца како Христијани.
Од книгата: Васпитајте своје дете од Сестра Магдалена. Подготви: М.Б.
Е-пошта
|
|||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и Фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
Premin Portal on Facebook |
| Иконата на Мајката Божја-Курскаја на поклонение во Све... |
| Амин! Фала Му ... |
| 06/09/10 23:44 Повеќе... |
| Од Stole |
| Иконата на Мајката Божја-Курскаја на поклонение во Све... |
| Prekrasna vest! Ti blagod... |
| 06/09/10 20:16 Повеќе... |
| Од Cikago |
| Групна крштевка во манастирот на Успение на Пресвета Б... |
| "Од Повардарс... |
| 06/09/10 18:55 Повеќе... |
| Од Preminportal |
| Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010) |
| nice :);) |
| 06/09/10 17:02 Повеќе... |
| Од до Весна |
| Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010) |
| :zzz Љубов... |
| 06/09/10 16:25 Повеќе... |
| Од (-_-) |
![]() |
![]() |
Повеќе... |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
Претплатете се на некои од следните RSS Линкови:
Вести
Полезно и потребно
Колумни
Наука и религија
Одговори на Вашите прашања
Беседи
Поуки од Светите Отци