Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Наука, Култура arrow Друго arrow Тесла - ум кој ја виде иднината
Тесла - ум кој ја виде иднината Испечати Е-пошта

Србија, САД, но и цела планета в сабота го слават роденденот на славниот научник. Никола Тесла од неодамна на местото на кое му припаѓа

Од Белата куќа преку Филаделфија се до Холивуд, Америка од петок до недела ќе биде во знакот на Никола Тесла. На 154-годишнината од раѓањето на српскиот генијалец - Тесла  светот, кој толку го промени, го здогледал на 10 јули 1856 година во личкото село Смилјан крај Госпиќ. Во САД ќе биде организирана конференција, изложби, предавања, а сето тоа го даде претседателот Барак Обама.

Тој на предавањето на студентите на Американскиот универзитет во Вашингтон ја повика нацијата, но и целиот свет да го слават името и делото на големиот научник.

Обама го вброи Тесла меѓу луѓето кои помогнаа да се изгради Америка заедно со Ајнштајн, Ендрју Карнеги и сооснивачот „Гугл“ Сергеј Брин. А токму Брин и неговиот „колега“ Лери Пејџ се едни од најголемите почитувачи на нашиот пронаоѓач по кого и дадоа име на компанијата за производство на електрични автомобили „Тесла моторс“...

- Изјавата на претседателот Барак Обама дојде во најубавиот момент, кога ние во Филаделфија се подготвуваме три дена од 9 до 11 јули да го славиме роденденот на Никола Тесла, рече Никола Лончар, роден Земунец и челник на Фондацијата „Никола Тесла“ во САД. „Ќе одржиме голема парада во центарот на градот, потоа меѓународна конференција посветена на „чистата енергија“ на која ќе присуствуваат иноватори од цела земја. Подготвена е и изложба за Тесла која ни доаѓа од Белград.

Градначалникот на Филаделфија одлучи прославата за роденденот на Никола Тесла  да се оддржи и во градската библиотека во централното фоаје на градската куќа и на улиците на градот во која се наоѓа српската фондација.

Гениалецот од Смиљан, кој внесе револуција со своето откритие на полето на електромагнетизмот, електричната енергија, но и радиото и ренгенот, дури последните години во Америка го добива местото кое му припаѓа. Неговата слава ја пренесуваат познати научници, професори, но и „обични“ луѓе, компјутерски игри и холивудски хитови.  Сега со право на Тесла му се препишуваат и „видеото“, мобилните телефони, безжичниот Интернет...

„Волстрит џурнал“ забележа дека младата генрација научници, Тесла го имаат поставено степен над лутиот ривал Томас Едисон, поради кој Србинот ја одби и Нобеловата награда.

А Никола, вистина беше далеку пред своето време. За себе зборуваше дека не е иноватор, туку дека само открива работи кои се во природата околу нас. Од неговите белешки се гледа дека го изучувал ренгенот и ласерот, една година  пред официјално да се откриени. Предложувал пренос на електрицитетот низ повеќе слоеви на атмосферата.

Новиот филм кој ќе се занимава со Тесла (после остварувањето „Престиж“ во кој го глумеше дејвид Боуви) „Ученикот на волшебникот“, ќе се појави на 14 јули, а главниот глумец Никола Кејџ откри во едно интервју дека цел тим бил придвижуван од магијата на Никола Тесла.

- Филмот го завршивме минатата година, токму на роденденот на Тесла, а неговата премиера ќе биде некој ден после, објаснува „оскаровецот“. - Дознав дека сум роден истиот ден кога Тесла починал, па можеби и затоа отидов во хотелот „Њујоркер“ да преноќам во собата во која починал, не би ли го повикал неговиот дух... Тесла беше чудо.

Бесплатно во Музеј

Музејот на Никола Тесла соопшти дека по тој повод на одбележување на годишницата на раѓањето на истакнатиот научник ќе им приреди на посетителите во сабота на 10 јули  бесплатен влез во таа единствена институција.

Разгледувањето постојаната поставка под слоганот „Секоја година е Тесла“ ќе биде овозможено во продолжен темин од 10 до 18 часот. Музејот, исто така, ќе биде отворен и во понеделник 12 јули (неработен ден) бидејќи во недела се завршува фестивалот „Егзит“ чии посетители претходните години во голем број ја посетувале таа институција. ссм/12:05

9 јули 2010

Вечерње новости

Извор: http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=15&lId=1

Друго:

Никола Тесла- Интервју

 




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!

Е-пошта

  Коментари (14)
1. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 10-07-2010 20:15
За неговите студии за енергиско поле низ кое може да се пренесува електрична струја на далечина (без кабел!) се знае многу малку. Исто така и за јонизираната обвивка околу тело, контролирана со магнетно поле, всушност ѕид од јони на извонредно висока температура. Мит или не, во близина на хаварисаната централа во Чернобил има комплекс од огромни антени, кој може да се погледне на Google Maps, и за кој Украинската влада никогаш не даде официјална изјава. Слични постројки има и на други места во светот. Ниту една од нив не може да се вклопи во досега познатата технологија. Или пак, експериментите кои сега ги спроведуваат неколку лаборатории, воглавно Руски и Американски, за забрзување на метален објект ставен во временски контролирано променливо магнетно поле, при што објектот достигнува брзини преку 10.000 км/ч. Погодувате?! Доста беше, сајтов не е за оваа проблематика, а Нобеловата награда е чин во масонската хиерархија, веројатно затоа и ја одбил. Сега, сите што прочитаа ќе ми се изнасмеат :-)
2. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 13-07-2010 13:09
za O.M.O.N 
 
Ne ne voopsto, bash e interesno.Ako mislis deka tuka nemoze da se pisuva za ova, daj nekoj link da procitame nesto poveke.
3. Пратено од Тале од Прилеп, на 13-07-2010 23:32
СПОРЕД НЕКОИ СЕ СМЕТА ДЕКА НИКОЛА ТЕСЛА Е СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО, КАКО И МИХАЈЛО ПУПИН ОД ОХРИДСКО
4. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 18-07-2010 16:36
http://www.eskimo.com/~billb/tesla/tesla.html 
 
http://www.pbs.org/tesla/ins/index.html 
 
http://www.lucidcafe.com/library/96jul/tesla.html 
 
http://sci.tech-archive.net/Archive/sci.physics/2008-05/msg01045.html 
 
http://peswiki.com/index.php/PowerPedia:Wireless_transmission_of_electricity
5. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 19-07-2010 19:58
Град кој и денеска не постои на картата на Украина, замислен да дејствува зад хоризонтот, со одбивање на зрачењето од Земјината јоносфера. Ова е еден од трите гигантски радарски системи, за кои официјалното толкување е дека се направени за рано откривање на лансираните нуклеарни ракети од американска страна. Денеска е напуштен, бидејќи се наоѓа во Зоната на радијациска загаденост околу Чернобил. 
 
http://www.chornobyl.in.ua/en/chernobyl-2.htm
6. Пратено од С.Т.А.Л.К.Е.Р., на 19-07-2010 20:07
Текст на англиски, за обид за влез во оперативната зона на постројката Чернобил-2 од страна на група руски и украински новинари. Истите биле запрени од спецединици со руски ознаки (?!) и вратени назад без можност на прошетаат и погледнат во зоната која официјално е прогласена за напуштена и вон употреба. И, не е на Руска територија. 
 
http://www.fas.org/news/russia/1996/fbtac006_96082.htm
7. Пратено од Припјат, на 19-07-2010 20:10
Фото од антената со кодно име Дуга-3. 
 
 
http://englishrussia.com/index.php/2008/04/28/duga-the-steel-giant-near-chernobyl/
8. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 20-07-2010 19:34
А бе Чернобил-2, сакаш да кажеш дека радарот дејствува со одбивање зад хоризонтот, од Земјината јоносфера, а не градот?! Другпат глеј што пишуваш...
9. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 23-07-2010 08:12
So cela pocit,jas ne sum voopsto kompetentna za fizika, no se spomnuvaat masoni,i molam da mi se odgovori bidejki po moi soznai tie se vrvot na otpadnatite od Crkvata
10. Пратено од Ахилеј, на 23-07-2010 20:29
Сестра Гордана, колку што јас разбирам, масоните се спомнати во контекст на Нобеловата награда. Која што е чин во масонската хиерархија. И сите што ја примиле, го носат тој чин. Значи, овака или онака, сите што примиле Нобелова награда се со голема веројатност масони. Дали знаат што тоа значи, е друго прашање. Ете затоа ги спомнавме масоните. А Никола Тесла не сакал да ја прими Нобеловата награда, ја одбил. Има и други признанија низ светов, за кои со помала или поголема веројатност се знае дека представуваат масонски чинови. Например, "златната палма" на филскиот фестивал во... каде ли беше?! И кој режисер скоро ја прими...
11. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 24-07-2010 18:13
Blagodaram Ahilej,no uste poveke me zbuni,Majka Tereza mason,Marija Kiri mason...???
12. Пратено од Ахилеј, на 24-07-2010 22:41
Мислењето ти е во ред, јас знам за ова општо, можеби има исклучоци, а и спомнативе луѓе, како и други кои ја носат наградата за која зборуваме треба да се прашаат лично(?!). Но од друга страна, зависи од чинот, односно од степенот, и од обврските кои таквиот член, претпоставувам, би ги имал. Има чинови, претпоставувам, кои не повлекуваат никакви обврски. Пак велам, јас знам општо за ова, и исто така немам кого да прашам. Ама сепак има некаква логика. Бог да не чува сите кои со вера го повикуваме Името Негово!
13. Пратено од Tarmazan, на 25-07-2010 04:08
Od vakvi kako Ahilej ne mrdnavme od mesto. se nesto znaat oni, se nesto predpostavuvaat, se nesto "reko im covek". Pomalku tresenje zeleni, povekje verba vo Boga i podobro kje vi bide.
14. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 26-07-2010 21:14
fala Tarmazan, toa e vistinskiot odgovor

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Код:* Code
Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 4
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >
Premin Portal on Facebook

Online разговори

Пребарување

Фотопрезентација - МОЈА ВИЗУРА

НАГРАДЕНИ УЧЕСНИЦИ

Помош за Бигорскиот манастир


Сите што сакаат да се вклучат во возобновувањето на Бигорскиот манастир и да се вложат себеси како жив камен во живата Црква, можат да донираат на следните жиро-сметки:
Повеќе...

RSS Канали

rss_ikona.jpgПретплатете се на некои од следните RSS Линкови:

07.png Вести
07.png Полезно и потребно
07.png Колумни
07.png Наука и религија
07.png Одговори на Вашите прашања
07.png Беседи
07.png Поуки од Светите Отци




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!