Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Наука, Култура arrow Библиска археологија arrow Големо Откритие во Охрид
Големо Откритие во Охрид Испечати Е-пошта

Големо Откритие во Охрид

 

Дедал пред 24 века слетал на Плаошник

Бронзена фигура на Дедал, таткото на Икар, висока 20 сантиметри, од 3 и 2 век пред новата ера, откриле археолозите на ископувањата на локалитетот Плаошник над Охрид. Ова е единствен ваков артефакт во земјава, а според првичните анализи, веројатно и во светот, објаснува археологот Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство. Предметот е пронајден во земјата среде големата ранохристијанска базилика од 5 и 6 век, под мозаиците што се извадени и однесени на конзервација. Под слојот земја каде што лежела фигурината, археолозите пронашле бокалчиња и сатчиња кои припаѓаат од групата наречена македонски, односно пајонски бронзи, од 7 и 6 век п.н.е. Засега најстарите артефакти откриени на локалитетот се фрагментирана геометриска керамика, од 8 и 7 век п.н.е.

- Покрај керамиката, излезе исклучителен наод. Човекот на фигурата со двете раце е потпрен на бутните коски, а едната нога му е потпрена на вид постамент. На грбот има крилја. Тој е стар, ќелав на средината на главата, со коса околу. Тоа е Дедал, научникот, архитектот, таткото на Икар. Засега нема друга аналогија. Барав податоци и во стручната литература и на интернет. Слично, со крилја бил претставуван и Аполон, но тој секогаш има лик на млад човек - објаснува Кузман.

На локалитетот се работи на големо. Околу 330 луѓе ги покриваат сите простори под археолошкиот комплекс Плаошник. Целта на археолозите е да дојдат до податоци каде се наоѓале темелите на Светиклиментовиот универзитет. Земјиштето на локалитетот се спушта каскадно. Северно од реконструираната црква „Свети Климент“ археолозите ги пронашле најновите хоризонти на живеење - од шеесеттите години.

- Откопавме калдрми, каналчиња, куќи... Ова беше турско маало, се' уште ги паметам. Потоа луѓето се преселија во Турција, некои во градот. Интересно е за туристите да ги видат калдрмите од минатиот век - вели Кузман.

Ископувања се вршат околу црквата, која се наоѓа во огромна, трибродна ранохристијанска базилика од 5 и 6 век, која имала и крстилница и во своето време била еден од најголемите храмови на Балканот. Таму на ископувањата во претходните години археолозите пронајдоа мозаици што сега се кренати и однесени на конзервација.

- Го искористивме овој момент за да ги „фатиме“ постарите хоризонти. Почна да излегува керамика од периодот на македонскиот хеленизам, околу 3 и 2 век п.н.е и мат сликана керамика, околу пет века постара, од геометрискиот период во медитеранскиот културен круг. Наоѓаме фрагменти, нема цели садови. Слични предмети излегуваа и на ископувањата на Самуиловата крепост, во изминатите години. Тоа значи дека во тоа време тука имало развиена населба која се протегала од Самуиловата тврдина до Плаошник - објаснува археологот.

Тој вели дека многу се значајни предметите што се вбројуваат во групата македонски бронзи, од 7 и 6 век п.н.е. Археолозите пронашле бокалче и сатче, кои веројатно имале култна намена.

- Досега ги пронаоѓавме само на локалитетите во источниот дел на Македонија, каде што порано се простирала Пајонија. Македонските бронзи се типични за старомакедонската културна група. Ова покажува дека се протегала и на овие простори - категоричен е Кузман.

Археолошките ископувања на Плаошник, ги финансира Владата, во рамките на проектот „Возобновување на Светиклиментовиот универзитет во Охрид“.

Научник, архитект, првиот митолошки летач

Приказната вели дека Дедал, Атињанинот, бил вешт ковач. Занаетот го научил од боговите Атина и Хефест. Дедал морал да побегне од Атина зашто го убил својот внук. Се засолнил на островот Крит и се вработил кај кралот Минос. Таму се оженил и го добил синот Икар. На кралот му правел секакви скулптури, мебел, машини, оружје, оклопи и играчки за децата од палатата. По неколку години работа од Минос побарал одмор, но кога владетелот го одбил, решил да побегне. Знаел дека е залудно да украде брод и да отплови, зашто брзите бродови на Минос веднаш ќе го стигнеле. Затоа, за себе и за Икар направил по еден пар крилја. Перјата ги споил со восок. Пред да тргнат, Дедал го предупредил синот да не лета премногу ниско за да не се намокри, ниту премногу високо поради Сонцето. Но, Икар се вивнал толку близу до Сонцето што крилјата почнале да му се одлепуваат. Почнал да паѓа и се удавил во морето. Кога морето го исфрлило неговото мртво тело, Дедал го погребал на мал остров, кој подоцна е наречен Икарија.

Весна Ивановска - Дневник

 




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!

Е-пошта

  Оставете Ваш коментар

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Код:* Code
Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 2
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >
Premin Portal on Facebook

Online разговори

Пребарување

Последни коментари

Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010)
Слава на Госп...
02/09/10 22:31 Повеќе...
Од Тони

Царице моја преблага
Mnogu ubav link!
02/09/10 19:49 Повеќе...
Од be_free

СЕКОГАШ ИМАЈТЕ ЉУБОВ КОН БОГ И МЕЃУСЕБНО
"За монахот ти...
02/09/10 19:15 Повеќе...
Од DA!

Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010)
PREKRASNO!!!
02/09/10 19:08 Повеќе...
Од S.L.

Михаила Поповска - За вистината и лагата
Секоја чест. И...
02/09/10 13:57 Повеќе...
Од Игор К.

Фотопрезентација - МОЈА ВИЗУРА

НАГРАДЕНИ УЧЕСНИЦИ

Помош за Бигорскиот манастир


Сите што сакаат да се вклучат во возобновувањето на Бигорскиот манастир и да се вложат себеси како жив камен во живата Црква, можат да донираат на следните жиро-сметки:
Повеќе...

RSS Канали

rss_ikona.jpgПретплатете се на некои од следните RSS Линкови:

07.png Вести
07.png Полезно и потребно
07.png Колумни
07.png Наука и религија
07.png Одговори на Вашите прашања
07.png Беседи
07.png Поуки од Светите Отци




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!