Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Духовност arrow Колумна arrow сестра Макрина - „Станете светителки и сите ваши проблеми ќе бидат решени“
сестра Макрина - „Станете светителки и сите ваши проблеми ќе бидат решени“ Испечати Е-пошта
Индекс на прилозите
сестра Макрина - „Станете светителки и сите ваши проблеми ќе бидат решени“
Страница 2

Nikola.Monashtvo.jpg 

Станете светителки и сите ваши проблеми ќе бидат решени
(Св.ЈованЗлатоуст)


Христијанството е религија на слободата и љубовта и единственото сведоштво на кое е повикан христијанинот е токму тоа. И токму во таа слобода (т.е. љубов) се крие причината за богатиот диверзитет во учењата т.е. толкувања во рамките на една иста вероисповед. Од друга страна пак, Хуманизмот на западниот свет   што го прогласи Бог за мртов и се залагаше за унапредување на општеството по себе и за себе е бениген тумор во споредба со некои закоравени теократски општества каде што жената како еден од половите на извиканата човечка природа, често пати се поистоветува со митската улога на ева во драмата на Рајот, каде што таа беше причина да се направи гревот – џабе се нејзините оправдувања со змијата, џабе е смртната казна и сите последици од останатите санкции за гревот: стигмата на онаа којашто му поверувала на злиот, поскоро одошто на оној од чиешто ребро била штотуку создадена, останала де се провлекува низ разните видови цивилизации од памтивек до ден денес. (Самиот прекин на рајот, на внатрешната врска (заедница) на човекот (Адам и Ева) со Бог, беше најголемата замислива казна, што остана да стои како знак врз природата на човекот, и тоа во вид на Смрт.)

Лесно е да се каже дефиниција за гревот, но тешко е да не се греши, бидејќи гревот е во природата на човекот, еден вид природна диспозиција. Можноста да не се греши постои, но само по пат на освестување на начинот на кој делуваат природните механизми што водат кон пад. Еден од основните механизми е отфрлањето на одговорноста односно непризнавањето на гревот. Тоа е познатото адамово: Не јас, туку Ева, и нејзиното: Не јас, туку Змијата... На некој начин, Адам и Ева станаа маж наспроти жена откако згрешија, нивната полова ориентираност еден кон друг зема замав дури по излегувањето од Рајот.

Но, во денешни услови, или од аспект на глобалното село што се почесто и позачестено може да се смести во заштитната марка на еден обичен facebook, сериозно се поставува прашањето – доколку се најдете во ситуација да морате да одберете помеѓу „еманципирана“ и „бурка“, дали сте сигурни кој е вистинскиот избор? Дали Светото Предание на Православната Црква е нешто што единствено може да застане не како избор помеѓу овие две, туку над нив, обединувајќи ги, и тоа во една личност којашто доаѓа на овој свет пред околу 2000 години, бидувајќи Некој(а) што ќе може да го смести во Својата утроба Оној, што ќе му ја врати слободата на човештвото од гревот?  Богородица. Поширока од небото, со срце смирено и спремно да ја прифати волјата Божја и да го стори она што човековиот ум не може да го замисли. 

Да се верува пак во ова, значи да се биде луд заради Христа. Понекогаш значи и да се верува токму заради тоа што е апсурдно, или невозможно да се верува. Баш како што е атмосферата во РМ деновиве, деновиве пред години, па можеби и векови. Да се биде Христијанин денес на Балканскиот Полуостров не е доволно едноставно да се каже наизуст никејскиот симбол на верата или да се знае зошто Светиот Дух не може да исходи од Синот како што исходи од Отецот?

Треба да се биде свет. За да се биде свет треба да се чисти срцето. За ова, треба да се има плачот што го имаше Мајката Божја пред да ги слушне зборовите на  Архангел Гаврил - Радувај се! За да се има покајание треба да се тихува.
Тајната треба да се открие, но пак да остане тајна...

 

 markov.sv.Zlata1.jpg

 markov.sv.Zlata1.jpg

 markov.sv.Zlata1.jpg

 markov.sv.Zlata1.jpg

 markov.sv.Zlata1.jpg

 markov.sv.Zlata1.jpg

 markov.sv.Zlata1.jpg

Лето Господово 2010

 

 

 

 

 

 




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!

Е-пошта

  Коментари (16)
1. Пратено од Nikola, на 09-05-2010 13:08
Sestro,kako i sekogas i denes poentiras so 100 poeni.Briljantno.
2. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 10-05-2010 09:00
:) Subjektivo-reflektiveno iskazhano....vo eden zdiv, duri poetski, dolgi kako reka rechenici....pleni eruditivnosta i svezhiot nachin na tolkuvanje na poznatite i stari Vistini.
3. Пратено од sneze, на 10-05-2010 10:15
krajot na besedata mi go dopre srceto. Zivi zborovi...
4. Пратено од miki, на 10-05-2010 10:21
Да се верува пак во ова, значи да се биде луд заради Христа.  
 
Najkratka no i najcelosna definicija na verata hristova...
5. Пратено од antinomichnost, на 10-05-2010 19:14
"Тајната треба да се открие, но пак да остане тајна..." - i da ne prochitav koj e avtorot,vo ovie redovi kje ja pronajdev sestra Makrina 
 
:)
6. Пратено од Marina, на 11-05-2010 15:47
Sestra Makrina, te obozavam....
7. Пратено од Дебел, на 12-05-2010 15:59
Ми се допаѓа поистоветувањето на слободата и љубовта. Ми се чини дека поимот на слободата директно произлегува од љубовта и ако последнава се обидам да ја сватам како „расположение кон еднодушност“, тогаш, чинам, првата би ја сметал како „способност за љубов“.
8. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 14-05-2010 11:35
Tajnata treba da se otkrie,no pak da ostane tajna. 
Vi blagodaram za ovoj tekst.Prekrasen e.
9. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 18-05-2010 22:59
Prekrasno istolkuvano..:) ~+~ Dase bide svet i da se ostane.Amin
10. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 20-05-2010 12:53
Dobra e poukata, no dali e dobar "megureligiskiot dijalog"kako ke se poucime od 1psalm?
11. Пратено од Ахилеј, на 25-05-2010 12:26
Што се ова фотографииве, некој филм да не се гледал?! Мислам, документарен, за верата...
12. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 02-06-2010 19:37
Tajnata treba da se zivee za da ne oblikuva vo vistina. 
... No pak da ostane tajna...
13. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 14-06-2010 21:18
Blagoslovena e Makedonija so sestra Makrina
14. Пратено од biljana, на 01-07-2010 15:18
Секоја чес сестра МАКРЕНА-слободна во зборот,силна во мислата,свесна над свесното , сестра над сестрите, светителка на денешницата. Сакам со една мисла да го завршам коментаров ВЕЛАТ -Богородица Мајка плачејки по својот еднороден син додека бил распнат на крстот, помолила за мајката на ЈУДА -ако мене ми е тешко во душата како и е на мајката Јудева- Па ги споила рацете за НЕА.  
СО ПОЧИТ!
15. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 08-07-2010 13:55
Тајната треба да се открие, но пак да остане тајна.......колку убаво кажано! Сестра Макрина, Вашата чиста и јасна мисла допира до секого! Секогаш со внимание ги читам Вашите текстови бидејќи имам што да научам од нив. Со само неколку зборови знаете да споделите многу тајни со нас, обичните, кои не секогаш знаеме да го протолкуваме прочитаното.


 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 18
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >
Premin Portal on Facebook

Online разговори

Пребарување

Фотопрезентација - МОЈА ВИЗУРА

НАГРАДЕНИ УЧЕСНИЦИ

Помош за Бигорскиот манастир


Сите што сакаат да се вклучат во возобновувањето на Бигорскиот манастир и да се вложат себеси како жив камен во живата Црква, можат да донираат на следните жиро-сметки:
Повеќе...

RSS Канали

rss_ikona.jpgПретплатете се на некои од следните RSS Линкови:

07.png Вести
07.png Полезно и потребно
07.png Колумни
07.png Наука и религија
07.png Одговори на Вашите прашања
07.png Беседи
07.png Поуки од Светите Отци




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!