| Бог и човек: пат за средба |
|
|
|
Ирина Монахова
(Некои прашања за христијанството, анализирани врз основа на личен мистичен опит)
Раѓањето одозгора Раѓањето одозгора, или пројавувањето на вистината, или откровение за вистината – тоа, едноставно, е светлина по темнината присутна во текот на сиот претходен земен живот. Само светлина и ништо друго – но тоа е главно. Како што без дневна светлина не би постоел живот на земјата, така и без светлината на вистината не би постоел другиот живот – вечниот. Да се живее без таа светлина е исто како и постојано да се живее во темна соба, во која не може да се видат ниту предметите ниту појавите, и затоа не може да се разбере што претставуваат тие и што, всушност, се случува наоколу, туку може – со помош на звуците, миризбата или допирот – само да се претпоставува. Притоа, претпоставките воопшто не мора да бидат правилни. Што може да се разбере од околината што нè опкружува, ако целиот живот сме слепи? Секако не тоа што таа, реално, претставува, туку нешто што е сопствена фантазија за неа, која во основа не ја одразува реалноста, туку оној што фантазира. Што може да се разбере од животот, восприемајќи го на слепо, без светлина – освен фрагменти на чувства кошто никако не формираат некаква целина, нешто што е завршено и разбрано. Јасно е дека на слепиот повеќе му одговара да прогледа, отколку некој подробно да му ја опишува неговата околина. Тогаш, во еден миг, без какви и да е дополнителни усилби, тој може наеднаш да разбере сè. Потребна е само светлината. Така и вистината не претставува некакви сложени разумски заклучоци, и нејзиното пројавување не содржи никакво дејство, никаква суета, никакво споредно влијание, таа ништо не допира, не изместува, не преместува од едно на друго место. Просто сè осветлува. А самата таа е светлина во споредба со која земната, т.е. сончевата светлина – е темнина. Соодветно на претходното, ако човек ја нашол вистината, тоа воопшто не значи дека тој некаде одел да ја бара или грижливо ја собирал. Ваквите дејствија воопшто не се потребни од негова страна, ниту, пак, се потребни некакви способности да се оди по вистината. Потребни се некои сосема поинакви способности. Зашто, не треба никаде да се оди, и не треба ништо да се собира. Пројавувањето на вистината може да се спореди со светлина што го исполнува сето расположиво пространство, истиснувајќи ја темнината што владеела пред тоа, или, пак, со стекнување вид по слепило. И тогаш вистината се гледа без каква и да е усилба, како што се гледа некаков предмет што се наоѓа покрај нас. Може да се каже дека пројавувањето на вистината, или раѓањето одозгора – истовремено е и откривање на информацијата што дотогаш била сокриена, но и стекнување способност таа информација да се спознае. Притоа, таа способност, кога еднаш ќе се открие, останува засекогаш, и светлината на вистината, што еднаш ќе се појави, повеќе не исчезнува.
* * * Згора на тоа, како што им се покажува и открива на оние што се родени одозгора, тој впечатлив живот, земен живот, којшто многумина го сметаат за најголема скапоценост, во суштина не е највпечатливото што постои – „постои попривлечен магнет“. Зашто, раѓањето одозгора не е само јавување на вистината којашто сè осветлува и ја превртува скалата на вредностите (односно, информација што се однесува за овој, земен свет) туку и информација за друг свет. Впрочем, сето тоа е поврзано, и самиот факт на присуството и на постоењето на друг свет со соодветни други (квалитативно поинакви – спротивни) квалитети, всушност претставува извор на вистината и на светлината и истовремено причина за превртување на сета скала на вредности (или сила, којашто го реализира тоа превртување). * * *
Вториот свет и раѓањето одозгора се обусловени со тоа што во овој свет не е можно човек по втор пат да се роди. Раѓањето одозгора има смисла и е можно ако постои тој втор свет во кој човек влегува при неговото второ раѓање. Слично како што при своето прво раѓање влегува во овој свет. Истовремено сфаќаш дека преостанатиот дел од земниот живот со секој изминат ден се скратува, и ја чувствуваш бесконечноста на своето постоење во другиот живот. Во најмладата возраст, во самиот почеток на земниот живот не може да се спознае што е пред нас, како што тоа се случува во моментот на почетокот на вториот, бесконечен живот. А и да не зборуваме за тоа дека дури и смртта – главниот страв, главното „плашило“ во земниот живот, тој постојан „дамоклов меч“ надвиснат над секој – дури и таа бледнее, се потиснува во втор план, и од некаков ужасен настан на крајот од овој живот, се претвора во некаков пункт за застанување на непрекинатиот пат без крај. И се покажува дека не постои слепа улица, глув ѕид во кој на крајот се втурнува сето сушто, туку, обратно, постои толку безмерна, безгранична перспектива, што е невозможно со ограничените земни можности да се восприема и да се достигне целосно. Не постои смрт којашто го означува крајот (или прекинот) на животот – постои смрт којашто го менува животот. Друго прашање е како, на кој начин, таа го менува секој конкретен живот. И дали за сите таквата перспектива на променет и вечен живот им изгледа великолепна. На сите ли им е потребна таа бесконечна перспектива, во која смртта е само пункт за краткотрајно задржување? Можеби некој, обратно, би ја претпочитал (смртта) како целосен и дефинитивен крај – за да нема никакви непознати пресврти. За таквите, вечноста, неизбежната вечност, навистина е голем проблем. Е-пошта
|
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| Дуци беее, па ... |
| 21/11/08 15:40 Повеќе... |
| Од babuska |
| Младите битолчани учат за верата од холивудски филмов... |
| SIROK SOKAK=SIROK PAT |
| 21/11/08 15:15 Повеќе... |
| Од M16TIK |
| Несоборливиот аргумент на господинот Иларион |
| Ц, немам мисио... |
| 21/11/08 15:03 Повеќе... |
| Од Б. |
| Божествена Литургија во манастир Св. Прохор Пчински, А... |
| pozdrav do o.Gavril i od ... |
| 21/11/08 14:55 Повеќе... |
| Од sofija |
| Младите битолчани учат за верата од холивудски филмов... |
| Ova pokazuva deka zetvata... |
| 21/11/08 12:47 Повеќе... |
| Од p.h. |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |