Архива на Вести
Вести од овој месец
Благодат се изли и врз Скопје (1) (06.02.2010)
| Благодат се изли и врз Скопје (1) (06.02.2010) |
|
|
|
Моштите на св. Серафим Саровски, од Бигорската обител донесени во Скопје Во предвечерието на 25 ден од првиот месец(стар стил) кога Црквата го празнува споменот на светиот Григориј Богослов и светиот Владимир Киевски, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Поврдарски г.Агатангел во параклисот на Македонската Православна Богословија беа донесени моштите од големиот светилник на Црквата светиот Серафим Саровски Чудотворец. Моштите од Бигорскиот манастир ги донесе о.Горан придружуван од група верници. Беше извршена и литија со светите мошти од дворот на богословијата до параклисот. Потоа беше отслужено повечерие со акатист кон преподобниот. 06.02. 2010 год.- Бигорски манастир
Ах, каква е неопислива Христовата љубов. Тој, Премилиот, е како најблескаво сонце кое штедро ги распростира своите нежни зраци на љубов и продирајќи и во најмрачните јами, ги лови скаменетите души што талкаат во темнината на гревот, ги стоплува и изведува од мрачното ропство. А светителите – тие се Негови огледала. Како мали стакленца кои, огреани од сончевите зраци, наеднаш ќе блеснат со необична убавина и сјај. Па, зрачејќи од топлина и љубов, во себе го одразуваат она бескрајно Христово човекољубие. Ете такво огледалце беше љубвеобилниот Саровски подвижник. Со својата љубов, која забораваше на себе, целиот се предаде на служба за своите заблудени браќа, трудејќи се неуморно да ги оживее, стопли, исцели и спаси студените и помрачени души. Неговото срце, отворено за сите што му притекнуваа во своите неволји, беше како раширена прегратка, благите и нежни зборови – како мелем што смирува и приближува кон Бога, а молитвата – неуморно застапништво за овој грешен свет. Водени од огромна почит и љубов кон светителот, голем број на верници од Скопје, заедно со свештеникот Горан Тасевски, побараа благослов од игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј, да ги земат во Скопје моштите на Св. Серафим Саровски, па така да им овозможат на своите собраќа од овој град можност да се поклонат на светите мошти од овој голем Божји угодник и да го побараат неговото молитвено застапништво пред Бога за духовно просветување на оние кои сè уште не ја спознале големината на Божјото милосрдие и љубов.
Испраќајќи ги достојно од својот манастир моштите на славниот руски подвижник, монасите и присутните верници во литија, проследена со торжествени химни и тропари, ги пренесоа до влезот на манастирот светите мошти, каде игуменот, о. Партениј му ги предаде моштите на о. Горан, придружувајќи ги кон нив и своите искрени молитви и желби, светителот, преку своите мошти да им ја излее на жителите на град Скопје својата огромна благодат и да ги разбуди духовно умртвените и заспаните во грев.
Скопје, 06.02.2010 г. - Македонска Православна Богословија
Моштите со големо торжество беа пречекани најпрво од учениците на Богословијата и со свечена литија пренесени до параклисот во рамките на Богословијата каде пред нив беше прочитано повечерие со Акатист кон светителот. Голема беше и видлива радоста на младите богослови и идни свештеници, што Саровскиот пустински крин го посети нивното училиште, ширејќи ја насекаде својата благопријатна духовна миризба. И навистина прекрасна беше глетката кога цветно – украсените свети мошти носени на рацете од свештеникот минуваа низ свечената поворка од ученици, додека громогласно одекнуваа византиските стихири во чест на светителот.
(Продолжува) Известуваат: - учениците од МПБ - сестрите од манастирот во Рајчица
Друго: Светите мошти на св. Серафим Саровски ќе пристигнат во Скопје на поклонение (05.02.2010)
Е-пошта
|
|||||||||||||||||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и Фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
Premin Portal on Facebook |
| СЕКОГАШ ИМАЈТЕ ЉУБОВ КОН БОГ И МЕЃУСЕБНО |
| "За монахот ти... |
| 02/09/10 19:15 Повеќе... |
| Од DA! |
| Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010) |
| PREKRASNO!!! |
| 02/09/10 19:08 Повеќе... |
| Од S.L. |
| Михаила Поповска - За вистината и лагата |
| Секоја чест. И... |
| 02/09/10 13:57 Повеќе... |
| Од Игор К. |
| Божествена Литургија во манастирот Успение на Пресвет... |
| Po molitvite na Presveta ... |
| 02/09/10 13:35 Повеќе... |
| Од GoceV |
| На празникот Успение на Пресвета Богородица, Загреб (30.... |
| Брадата е нај... |
| 02/09/10 11:57 Повеќе... |
| Од i |
![]() |
![]() |
Повеќе... |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
Претплатете се на некои од следните RSS Линкови:
Вести
Полезно и потребно
Колумни
Наука и религија
Одговори на Вашите прашања
Беседи
Поуки од Светите Отци
![]() Сè што е соединето со Бога, спасено е ![]() |
| 02/09/2010 - четврток |
Светиот пророк Самуил; |
Светиот свештеномаченик Филип, епископ Ираклиски |
Православен календар за овој месец - МПЦ |
![]() А и до ден денеска има значи и чудеса на неговиот гроб од каде се чувствува и благопријатна миризба низ воздухот, а по неговото упокојување во Господа, на неговиот гроб гледале светлина во вид на огнен столб. Повеќе... |
![]() Христијанството не е учење туку живот. А самото негово учење влегува во животот како одреден образ, како поглед на сè што е и станува... Повеќе... |
![]() ...Преку делото на трезвеноумието се ослободувале од помислите и на тој начин страстите биле намалувани. Трезвеноумноста им ја носела чистотата на срцето... Повеќе... |
![]() ...Душата исполнета со тага како да станува безумна и надвор од себе, па не може спокојно да прима добар совет, ниту кротко да одговара на поставените прашања. Таа бега од луѓето како од виновници за своето вознемирување, не сфаќајќи дека причината за болеста е во неа.,... Повеќе... |
![]() „Веројатно секој човек имал прилика да сретне луѓе коишто, откако во својата свест оформиле став дека се христијани со длабока вера и дека Му служат на Бога, почнале да постапуваат на начин кој му противречи на образот на нивните мисли, " ... Повеќе... |
![]() Оној што сака да го види Христа, нека ги очисти умот и срцето со покајание! Тогаш тој ќе Го види во Евангелието, ... Повеќе... |
![]() – Како да се зборува за верата Атеизмот не се јавува како последица на научни истражувања од следните причини:... Повеќе... |
![]() Од него, од ова познание, заблеска стравот Божји, третиот и единствено балгочестив страв, кој ни се открива низ целата библиска педагогија,... Повеќе... |
![]() ... Суштината на кратката молитва е во непрестајното и нерасеано пребивање на умот во Бог, во заедница со Него. ... Повеќе... |
![]() ...Читајќи ја големата и се пообемна современа литература, посветена на прашањето на христијанската обнова, не можеме а, да не дојдеме до заклучок дека главниот, ако не и исклучителен критериум на таа обнова, е светот... Повеќе... |
![]() ..."И ПРОСТИ НИ ГИ ДОЛГОВИТЕ НАШИ, КАКО ШТО ИМ ГИ ПРО-ШТЕВАМЕ И НИЕ НА НАШИТЕ ДОЛЖНИЦИ" — е петтата прозба. ... Повеќе... |
![]() ... Уметноста на св.Андреј Рубљов е комбинација на две традиции: средновековниот манастирски аскетизам и класичната хармонија на византиското сликарство. Ликовите на неговите икони и фрески се секогаш спокојни... Повеќе... |
![]() ...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos. Повеќе... |