Наука, Култура
Друго
Одбележани 138 години од раѓањето на Гоце Делчев
| Одбележани 138 години од раѓањето на Гоце Делчев |
|
|
|
Пред споменикот на Делчев цвеќе положија премиерот Никола Груевски, придружуван од министрите за внатрешни работи и за економија Гордана Јанкулоска и Фатмир Бесими, делегации од кабинетите на претседателот на државата и Собранието на Република Македонија, делегација од Министерството за одбрана предвоена од министерот Зоран Коњановски, како и претставници на политички партии, општини, институции и здруженија. Поздравно говор за идеологот на македонската револуционерна борба одржа проф. Наташа Котлар, која, меѓу другото, рече дека Делчев е најзначајната личност на македонското национално и ослободително движење од крајот на 19 и почетокот на 20 век. - Делчев е револуционер со балкански размери, масовник, организатор, идејник, агитатор, војвода. Тој е претставник на македонската национална интелегенција и авангарда чија основна задача беше изведување на морална и политичка револуција во конкретното исторско време, рече Котлар. Цвеќе ќе биде положено и пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје, а во организација на издавачката куќа „Феникс“ и во рамки на Фестивалот на чајот и читањето ќе се одржи поетско читање посветено на Делчев, на кое со свои творби ќе настапат ученици од основните и средните училишта. Одбележувањето на годишнината од раѓањето на Делчев е во организација на Меѓународната манифестација „Гоцеви денови“. Манифестацијата е финансиски помогната од министерствата за култура и за одбрана.
Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, роден е на денешен ден во 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задрганичен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од турска војска, на 4 мај 1903 година во селото Баница. бак/дма/13:43 Е-пошта
|
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
Premin Portal on Facebook |
![]() |
![]() отец Игор Калпаковски Преглед на разговор од 22.12.2009 |
![]() Митрополит Европски г. Пимен Преглед на разговор од 04.08.2009 |
| Необични цркви во Русија |
| a, bre luge me zalostite ... |
| 10/03/10 13:26 Повеќе... |
| Од Gordana |
| Старец Порфириј- Кој сака да биде христијанин најпрво ... |
| Мене текстов ... |
| 10/03/10 13:09 Повеќе... |
| Од Воскресија |
| КРИЗА ИЛИ БЛАГОСЛОВ |
| Da go molime Boga site, d... |
| 10/03/10 12:40 Повеќе... |
| Од Voskresija |
| Ексклузивно интервју за Tоday Денес со отец Гаврил |
| Kolku prekrasen vnatreshe... |
| 10/03/10 02:42 Повеќе... |
| Од SG |
| Претседателот на Р. Македонија во посета на манастирот... |
| Зарем во џами... |
| 09/03/10 23:43 Повеќе... |
| Од Маран Ата |
![]() |
![]() |
Повеќе... |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
Претплатете се на некои од следните RSS Линкови:
Вести
Полезно и потребно
Колумни
Наука и религија
Одговори на Вашите прашања
Беседи
Поуки од Светите Отци