Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Духовност arrow Колумна arrow Митрополит Европски Пимен- Камбаната и минарето
Митрополит Европски Пимен- Камбаната и минарето Испечати Е-пошта
Индекс на прилозите
Митрополит Европски Пимен- Камбаната и минарето
Страница 2

 

Камбаната и минарето 
 

  
  
Од искуство можам да кажам, низ Европа денес освен што камбаната и минарето се декоративен елемент на верскиот објект, за жал, се и објекти со кои треба да се покаже доминација на одреден простор, нешто како маркери за бележење на освоена територија. Или понекогаш, уште полошо, како уред за нервирање на соседот, па затоа и едните и другите, и христијаните и муслиманите, сме во постојана трка кој ќе изгради повисока камбанарија или минаре и кој ќе стави посилно ѕвоно или пак звучници
   
   
  
Кога на некој објект или предмет ќе му ја заборавиме основната функција, од причина што се измениле времињата па му се сменила и функцијата, останува да станеме само заробеници на неговата историска употреба која во меѓувреме станала дел од традиција на која пак обично по некое правило „треба“ да сме верни. А, дополнително и ако овој објект е добар за обележување на освоена територија како во компјутерските стратегии, но и да има религиска употребна вредност, тогаш е неизбежно да бидеме слепи поборници на традицијата, а ќе се криеме зад верата и нашата ревност на Бога да му изградиме дом на земјата.

Приказната во која сме заплеткале два објекти од сакрален карактер, ѕвоното /камбанаријата/ и минарето е само една потврда на ова. Но, добро би било најнапред да се потсетиме на нивната функција низ историјата за да ни се разјаснат работите и да видиме каде забегуваме.

Во првите три века од христијанството, кога оваа вера била прогонувана, а христијаните биле измачувани и убивани, не постоеле видливи храмови. Христијаните се собирале во катакомби и таму богослужеле. Во тој период не постоела идеја за градба на храмови, а уште помалку на камбанарии. Но со официјализирањето на христијанството почнува изградбата на храмови. Тогаш се појавува и потребата покрај црковниот храм да има и еден „сигнален“ уред за информирање, па започнуваат да се градат и камбанарии со ѕвона. Камбанаријата се градела секогаш како помошен објект на христијанскиот храм и таа по правило требало да биде доволно висока, а требало да биде и со доволно силно ѕвоно за да не се гуши звукот на камбаната од другите објекти за да би ја слушнале сите жители христијани од тоа населено место, бидејќи со удирањето на ѕвоното се означувало почнувањето на богослужбите или потенцирање на одредени делови од нив. Со посебно биење на камбаните се објавувало и дека има починат човек од таа околија, па народот одел во храмот и се информирал кој е починатиот. Додуша, во помалите места и ден денес е така. А, пак во случај на некоја елементарна непогода, како на пример пожар, камбаната повторно биела со цел да го собере народот за да се запознае со немилиот настан па да можат да се вклучат во неговото локализирање.

И со минарето е истата приказна. Првите џамии се граделе по урнек на куќата на Мухамед во Мека каде што и се извршила првата богослужба. Во тој период минарето не било во рамките на џамиите. За тој период се покарактеристични аркадите и тоа што имало простории за згрижување на бездомни и сиромашни. Но, со тек на времето и тука се појавила потребата освен објектот што ќе служи за собирање на народот и поклонување, до него да има и еден објект од кој ќе се праќа сигнал и порака преку испеаната на него молитва. Од тука и идејата да се изгради минарето (од арапскиот збор манара што значи светилник), оној висок цилиндричен објект со кружна тераса (мујезин) во погорниот дел на кој сé до иновацијата на звучниците и нивното ставање во употреба, излегувал оџата пет пати дневно за да ја испее молитвата за означување на времето за поклонување, или на кој ќе се запалат фенери кои ќе означат дека дошло времето на ифтар т.е. дека веќе може да се јаде во деновите на рамазанските пости. Тоа се градело онаму каде што имало муслиманско население сконцентрирано на еден простор што требало да ја види и чуе молитвата и пораката испратена од него. Затоа било потребно и овој објект да е како и камбанаријата, маркантен така што ќе биде видлив низ целата околина и ќе се слуша повикот упатен од него.

Со еден збор и камбаната и минарето имале улога на сигнален и алармен објект или уред низ историјата.
А што се случува денес? Колку држиме до оваа основна нивна улога и функција?

Освен во малите места како што споменав дека сé уште ја имаат нивната основна функција, од искуство можам да кажам, низ Европа денес освен што се декоративен елемент на верскиот објект, за жал, се и објекти со кои треба да се покаже доминација на одреден простор, нешто како маркери за бележење на освоена територија. Или понекогаш, уште полошо, како уред за нервирање на соседот, па затоа и едните и другите, и христијаните и муслиманите сме во постојана трка кој ќе изгради повисока камбанарија или минаре и кој ќе стави посилно ѕвоно или пак звучници. Па оттука, во големите градови овие две основни функции на споменатите објекти или им се обесмислиле, или пак е пренагласено нивното функционирање благодарение на современата техника, посебно на аудиотехниката. А, колку е тоа нефункционално најдобро се гледа во дијаспората каде обично доселениците се распрснати на разни страни низ велеградот или пак во пошироката околина по периферијата. Во таков случај ако наш храм на пример, се изгради во некоја европска метропола или во некое периферно гратче што е центар на некоја област во чиј радиус од 100 км живеат нашинци, каква улога ќе има камбаната? До кај ќе се слуша таа, и ако се слуша од каде ќе препознаеме дека таа е токму нашата камбана? Значи нејзината улога би се свела само на запазување на традицијата во Црквата, и би го означувала почетокот на богослужбата или потенцирањето на поважните делови од неа само за присутните или за оние кои се приближуваат кон храмот. Па оттука, нормална би била и препораката да не се вложува во високи камбанарии и големи скапи ѕвона. Еве тука се обврзувам како европски митрополит да не покренувам никаква жалбена постапка ако некаде во некоја земја бидеме опоменати за висината на камбанаријата или силината на ѕвоното од камбанаријата.

И пак кај минарето, и пак истото како и погоре споменатото. Кој ќе го види од секаде минарето за да знае дали светлата се запалиле како знак за ифтар и кој би го чул повикот на оџата на десетици километри низ бучавата на велеградот? Кој и од каде би го гледал и слушал на пример во една планинска Швајцарија? Но, пустиот мерак за висини.

Светов стана, а посебно новонаселените територии од емиграцијата, едно големо поле за играње игра на стратегија како во компјутерските игри, со овие придружни верски објекти, каде што секоја освоена територија се обележува со градба и тоа што помаркантна.

И сега суштинско прашање е, што кога некоја земја ќе си изгласа и тоа на референдум, како на пример Швајцарија, да не дозволи изградба на минариња? Или како што е случај во некои од другите европски земји висината, на пример, на камбанаријата да се ограничува и да не смее да надминува некои норми за градба во односната земја, а ако притоа тие земји дозволуваат градба на верски објект во кој можеме да се собираме, да ги задоволуваме потребите на духовниот живот, да се помолиме на Бога или согласно религијата да се клањаме, зошто пак да бидеме револтирани и да се жалиме дека ни се нарушени верските слободи и права?

И прашање, дали домаќините од знаење на погоре кажаното гласаат за забрана на градба или од желба за зачувување на нивната домашна вековна традиција, или пак, ние од незнаење на истото или од желбата нашата вековна традиција да ја покажеме секаде, сме упорни во барањата? Или можеби станува збор за реципроцитет? Да се ставиме ние во улога на домаќини и да се запрашаме дали доколку некои од граѓаните на овие земји во кои ние сме се преселиле ни се населат кај нас, дали ние би биле широкогради и би дозволиле изградба на нивни верски објект? Нам на христијаните барем Христос ни порачал да не правиме на друг она што не сакаме нам да ни се прави, нели? Но како и да е, меѓусебниот антагонизам продолжува и трае, а со тоа се зголемува и верската нетолеранција. А за тоа, во име на Бог, сите имаме еднаква одговорност од која најверојатно ќе страдаат нашите идни генерации.

Еве уште едно прашање кое можеби заслужува да се разгледа како посебна тема: Треба ли мнозинството сé почесто да станува заробеник на малцинските права, било да се тие верски, национални, полови или какви и да се?   
   
Автор: Митрополит Европски Пимен   

Извор: Нова Македонија 

 




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!

Е-пошта

  Коментари (24)
1. Пратено од a.., на 31-01-2010 13:58
Blagoslovi vladiko+ Mnogu realen osvrt i se nadevam ke izvleceme site po nekoja pouka od nego.Voedno predlagam da se prevede na site jazici kade sto vie kako vladika deluvate.
2. Пратено од Simen, на 31-01-2010 14:13
„Еве уште едно прашање кое можеби заслужува да се разгледа како посебна тема: Треба ли мнозинството сé почесто да станува заробеник на малцинските права, било да се тие верски, национални, полови или какви и да се?“ 
Моја дилема: Каде е тука Христос!?
3. Пратено од d.s., на 31-01-2010 15:41
Poradi nedovolno poznavanje i ziveenje na svojata vera,ne ja pocituvame i tolerirame tugjata (OD STRAV).Nemam nisto protiv izgradba na markantni minarinja i kambanarii,nitu protiv posilni zvucnici ili zvona,pa neka bidat tie dvete na rastojanie od nekolku desetina metri(kako sto bi trebalo da bide na nasiot plostad). 
Se dodeka Bog e nasiot motiv,nema da ima verska netolerancija,bez razlika dali kje go vikame ALLAH ili GOSPOD ISUS HRISTOS. 
Site frustracii "lezat"vo nasiot um,od tuka treba da pocneme da go resavame "problemot". :)
4. Пратено од S., на 31-01-2010 15:57
Bez razlika!????? Ima razlika,i toa golema... dali sme vo Gospod Isus Hristos, ili nadvor od Nego!!!
5. Пратено од Лидија до д.с, на 01-02-2010 07:51
Кој не пробал мед верува дека од шекерот нема ништо поблаго.
6. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 01-02-2010 17:46
А јас кутриот во една слична прилика на сајтов цитирав еден дел од "Големиот Требник", молитвено чинодејдствување за повторно примање на Православната Вера во случај на... составено во времето кога сме биле, сакале или не, дел од отоманската империја. И не ми го објавија. Кој милува, нека го најде да си го прочита! Оти, тогаш не прашувале ниту предлагале што да се гради и каде...
7. Пратено од d.s.do S., на 01-02-2010 18:42
...Ako sme vo Gospod Isus Hristos,i muslimanot kje bide nasiot kje bide nasiot blizen.. :)
8. Пратено од d.s. do Lidija, на 01-02-2010 18:50
Draga setricke vo Hrista koja ti e poentata :? :)
9. Пратено од djole, на 01-02-2010 21:26
Благослови Високопреосвештени Владико.Добро вие јасно дека Гласот од камбаните како од повисокиот свет да доаѓа во ушите и срцата на верниците.Во всју землју изиде вештание их, и в конци вселенија глаголи их.Камбаните невознемируваат никого,а повикот од минарето е провокација.
10. Пратено од Do O.M.O.N, на 01-02-2010 21:42
E dragi Omon ke se ucis na smirenie!
11. Пратено од Nikola., на 01-02-2010 22:01
A moze i vaka:Kambanite voznemiruvaat nekogo,a povikot od minare e smirenie.Vtorata najgolema zapoved e....Zatoa ti samo ljubi i ne obrakaj vnimanie na minarinja,oti toa ti go zarazuva umot.Bidi vo HRISTA.Taka ke ti bidi po blazeno.
12. Пратено од a.., на 01-02-2010 22:39
Da ne se odalecuvame od poentata koja saka da ni ja naglasi otecot...
13. Пратено од ZVONCE, на 02-02-2010 01:46
AKO GO UDRI SEGA ZA BRZO, IZRAEL IRAN. 
KE VIDIME I MINARINA I KAMBANARI SITE!
14. Пратено од Гоце Ристески, на 05-05-2010 00:52
“Европскиот пиетизам“ за жал не ја поштедил и нашата “најсвета европска епархија“... 
Секуларизација на квадрат! или сајбер апостолство?! 
или можеби: “Збуни го непријателот“!
15. Пратено од С.С., на 05-05-2010 13:35
До Гоце  
Пет месеци да се анализира еден текст а потоа да се искоментира навистина е „подвиг“.Поубаво би било на конкретни несогласувања да го спротиставиш својот став наместо да се расфрлаш со разни квалификации.А дали Европската епархија е секуларизирана тоа времето и плодовите од работата сами ќе си дадат одговор, најмалку си ти повикан да го оценуваш тоа.


 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 32
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >
Premin Portal on Facebook

Online разговори

Пребарување

Последни коментари

Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010)
Слава на Госп...
02/09/10 22:31 Повеќе...
Од Тони

Царице моја преблага
Mnogu ubav link!
02/09/10 19:49 Повеќе...
Од be_free

СЕКОГАШ ИМАЈТЕ ЉУБОВ КОН БОГ И МЕЃУСЕБНО
"За монахот ти...
02/09/10 19:15 Повеќе...
Од DA!

Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010)
PREKRASNO!!!
02/09/10 19:08 Повеќе...
Од S.L.

Михаила Поповска - За вистината и лагата
Секоја чест. И...
02/09/10 13:57 Повеќе...
Од Игор К.

Фотопрезентација - МОЈА ВИЗУРА

НАГРАДЕНИ УЧЕСНИЦИ

Помош за Бигорскиот манастир


Сите што сакаат да се вклучат во возобновувањето на Бигорскиот манастир и да се вложат себеси како жив камен во живата Црква, можат да донираат на следните жиро-сметки:
Повеќе...

RSS Канали

rss_ikona.jpgПретплатете се на некои од следните RSS Линкови:

07.png Вести
07.png Полезно и потребно
07.png Колумни
07.png Наука и религија
07.png Одговори на Вашите прашања
07.png Беседи
07.png Поуки од Светите Отци




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!