Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Инфо најава arrow Култура arrow Вечер со музиката на Македонскиот Квартетот ”Мјузик прогресив“ во Чешкиот културен центар во Софија
Вечер со музиката на Македонскиот Квартетот ”Мјузик прогресив“ во Чешкиот културен центар во Софија Испечати Е-пошта

Вечер со музиката на Македонскиот Квартетот ”Мјузик прогресив“ во Чешкиот културен центар во Софија, Р. Бугарија
Концерт „Мјузик Прогресив квартет“ во Софија, Р.Бугарија на  26.01.2010 година од 19.00 часот.
„Мјузик прогресив kvartet“  чии членови се Владимир Лазаревски на  обоа, англиски рог и ерменски дудук, Владимир Крстев на виолина и тамбура, Марко Виденовиќ на  виола, аражман и композитор и Паскал Краповски  на виолончело и презентер ќе го имаат својот настап на (26.01.2010), во 19 и 00 часот, во Чешкиот културен центар“, во Софија. На програмата се наоѓаат композиции од репертоарот на квартетот инспирирани  од македонскиот музички фолклор.  Настапот го организира Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.
Music Progressive Quartet е македонски камерен музички ансамбл во кои членуваат  Владимир Лазаревски на обоа, англиски рог и ерменски дудук, Владимир Крстев на виолина и тамбура, Марко Виденовиќ на виола композитор и аражман, и Паскал Краповски на виолончело.
Главна идеја и воедно движечка сила на овие млади музичари беше да донесат освежување на македонската музичка сцена како и да воведат нов звук на светскиот музички пазар преку комбинирањето нa македонскиот фолклор со примеси на џез и сето тоа отсвирено на инструменти кои најчесто се застапени во класичната музика.
 „Мјузик Прогресив квартет“ реализираше голем број концерти во Македонија и  странство. Свои забележителни настапи, квартетот имаше на американскиот континент, како и во Европа.  Својот пробив на меѓународната сцена го направија  во  март, 2008 година, во Македонскиот културен центар во Њујорк, САД, каде што Мјузик Прогресив квартет ја престави успешно македонската музика и култура, за што и сведочат многубројните критики по концертот. Во мај 2009 година, квартетот имаше одличен настап во преполната сала во комплексот на храмот „Христос Спасителот“ во Москва, по повод меѓународната манифестација „Денови на словенската писменост и култура“. Истовремено, овој настап беше искористен и за светска промоција на нивниот прв носач на звук „STREAM“,  кој беше пуштен во употреба. По Москва, следуваше и успешниот настап во Виена, каде што „Мјузик прогресив квартет“ настапи во познатиот џез клуб „Порги и Бес“. Концертот во Софија, ќе биде искористен за промоција на албумот „Стрим“, како и промоција на нови композици кои ќе се најдат на нивниот следен носач на звук во 2010 година.
Специјален гостин на концертот во Софија, ќе биде вокалот Македонка Цветкова Виденовиќ, а на концертот ќе настапи и гостинот од Бугарија Димитар Каранфилов на контрабас.



сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!

Е-пошта

  Оставете Ваш коментар

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Код:* Code
Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 0
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >
Premin Portal on Facebook

Online разговори

Пребарување

Последни коментари

Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010)
Слава на Госп...
02/09/10 22:31 Повеќе...
Од Тони

Царице моја преблага
Mnogu ubav link!
02/09/10 19:49 Повеќе...
Од be_free

СЕКОГАШ ИМАЈТЕ ЉУБОВ КОН БОГ И МЕЃУСЕБНО
"За монахот ти...
02/09/10 19:15 Повеќе...
Од DA!

Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010)
PREKRASNO!!!
02/09/10 19:08 Повеќе...
Од S.L.

Михаила Поповска - За вистината и лагата
Секоја чест. И...
02/09/10 13:57 Повеќе...
Од Игор К.

Фотопрезентација - МОЈА ВИЗУРА

НАГРАДЕНИ УЧЕСНИЦИ

Помош за Бигорскиот манастир


Сите што сакаат да се вклучат во возобновувањето на Бигорскиот манастир и да се вложат себеси како жив камен во живата Црква, можат да донираат на следните жиро-сметки:
Повеќе...

RSS Канали

rss_ikona.jpgПретплатете се на некои од следните RSS Линкови:

07.png Вести
07.png Полезно и потребно
07.png Колумни
07.png Наука и религија
07.png Одговори на Вашите прашања
07.png Беседи
07.png Поуки од Светите Отци




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!