логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Семеен православен молитвеник

Во издание на црквата посветена на свети Григориј Палама и свети Димитриј Мироточив во Струмица, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички г. Наум, излезе од печат „Семеен православен молитвеник“, кој го подготвија и уредија протопрезвитер Боро Милчев и протопрезвитера Богдина Милчева.

За дистрибуција на книгите (Житијата и Семеен православен молитвеник) можете да се информирате на:

e-mail- pravoslavniknigi@gmail.com
или: о. Боро Милчев, тел. 071 213 000

Повеќе...

Житија на Светиите

Во издание на црквата посветена на свети Григориј Палама и свети Димитриј Мироточив во  Струмица, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички г. Наум, излезе од печат нов том од „Житијата на Светиите“ за месец август во тврд повез.

За дистрибуција на книгите можете да се информирате на:
e-mail: pravoslavniknigi@gmail.com 
или: о. Боро Милчев, тел. 071-213-000

Повеќе...



Патување кон вистината


Елена Ончевска

 

Средба со режисерот Златко Славенски



Разговор за неговите понови проекти, но и најава на следното од него, постановката на култната Соларис.



Во Папокот на светот, како и во Војаџер, станува збор за патување по скалите кон небесата, односно во вселената, како своевидно патување кон самите себе. Славенски се согласува: „Да, во Папокот... главниот лик патуваше кон себе, наоѓајќи ја љубовта. Кога ќе ја најде љубовта, ќе се најде себеси, ќе ја најде смислата на нештата, ќе влезе во баланс со сé што го опкружува. Во Војаџер патувањето само по себе е смисла. Фокусот е на тоа да се најде сила во себе да се отиде во пространства што дотогаш не биле освоени, а тоа значи да се биде жив. Патувањето е еднакво на живеење.“   


Тој го гледа патувањето како „смисла на ниво на личност.“ Зборува за теоријата за патот на светлината: „Сите светлосни одрази, наши и на минатите цивилизации, некаде патуваат, само нема физички инструменти тоа да го видиме. Тоа патување на светлината е метафора за патувањето на човекот: ако патува, ќе биде како светлината, ќе ја осознае вистината.“


Продолжува: „Нашиот живот е патување, прашање е колку сме свесни за тоа. Патуваме и после смртта. Патуваме кон дома. Краткорочни сме, ама во нашиот дух сме долгорочни. Даден ни е тој благослов.“
Во време кога толку многу се инсистира на комотност, која луѓето сакаат да ја толкуваат како небрежност или мрзеливост во секој поглед, за жал и во духовен, патувањето сфатено во најширока смисла (значи, првенствено кон самите себе) сé повеќе добива димензии на отпадништво. Славенски додава: „Таквите патници се во исто време највеличествени, пример за луѓето. Се обидуваат да ги најдат патоказите во име на другите. Таа карактеристика ја имаат светците. (...) Битката со самите себе е најважната битка. Проблемот е што немаме патокази, или не ги забележуваме.“

Го потсетувам на ставот на познатиот Хундертвасер дека движењето на сé живо е базирано на принципот на спирала: постојано се движиме во спирали и се враќаме во истата точка но секогаш на различно ниво. „Да,“ вели, „движење во спирала, но нагоре. Секогаш е вертикала во прашање... Во прашање е избор.“

Пред изборот дали и како ќе го употребиме нашиот потенцијал за трагање по вистината, која секогаш е во нас но доволно длабоко за да мораме да ја жртвуваме комотноста на секојдневието, Славенски не се двоуми за својот избор. Решен да трага и понатаму (проектно, но пред сé лично), за десетина дена во рамките на Охридско лето го поставува капиталното дело на полскиот автор Станислав Лем, Соларис. Човекот кој не престана да работи со истиот творечки интензитет кога театарот минуваше низ турбулентен период, исто толку интензивно живее и во време кога се разнишани елементарните човечки квалитети. Не престанува да верува во потенцијалот на луѓето да се издигнат над својата падната природа: „Човечкиот дух мора да преживее. Прашање не е дали тоа ќе се случи, туку само кога.“ А ако негов критериум за добра претстава е искреност и непресметливост во обраќањето кон публиката, нема причини да мислиме дека и Соларис нема да биде барем исто толку моќна претстава, која во исто време поместува и сериозно замислува.
  



 Хундертвасер, Големиот пат




Хундертвасер, Сребрена спирала 
 


Хундертвасер, Спирално дрво





Add comment

Security code
Refresh


Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (22.06.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (22.06.2017)

     Свети Кирил, архиепископ Александриски     По потекло благородник и близок роднина на Теофил, патријархот Александриски, по чијашто смрт самиот беше посветен за патријарх. За време на својот живот водеше...

Од Верскиот календар на МПЦ (21.06.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (21.06.2017)

Свети Ефрем, патријарх Антиохиски Во времето на византискиот цар Анастасиј Ефрем беше војвода од источните страни. Им беше познат на сите заради неговата голема побожност и милосрдие и за ова...

Од Верскиот календар на МПЦ (20.06.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (20.06.2017)

  Светиот маченик Теодот Анкирски Овој Христов маченик беше потаен христијанин и како таков ја помагаше Црквата и чесно ги погребуваше телата на Светите маченици. Така погреба и седум девојки...

Од Верскиот календар на МПЦ (19.06.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (19.06.2017)

Преподобен Висарион     19/06/2009 Роден и воспитан во Мисир. Рано се предаде на духовен живот и не ја извалка духовната одежда во којашто се облече со Светото Крштение. Го посети Свети...

Од Верскиот календар на МПЦ (18.06.2016)

Од Верскиот календар на МПЦ (18.06.2016)

  Светиот свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски Епископ Тирски од времето на Диоклецијан па сѐ до времето на Јулијан Отстапник, кога беше намачен и пострада за Православната Вера. На земјата живееше...

Од Верскиот календар на МПЦ (17.06.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (17.06.2017)

    Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски Неговиот татко Дометиј, брат на римскиот цар Пров, побегна од Рим како христијанин и дојде во Византија. Византискиот епископ Тит го посвети за...

Од Верскиот календар на МПЦ (16.06.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (16.06.2017)

Светиот маченик Лукилијан и со него: Клавдиј, Ипатиј, Дионисиј и девицата Паула Остарен како незнабожец и идолски жрец Лукилијан како белокос старец ја позна христијанската вистина и се крсти. Неговото...

Од Верскиот календар на МПЦ (15.06.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (15.06.2017)

  Глас четврти: Мудри, твојот преподобен живот го измина, украсувајќи се со светол хитон свештенички. Пролевајќи ја крвта своја мачемичка, си се удостоил со вечна награда и соејќи пред Света...

Од Верскиот календар на МПЦ (14.06.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (14.06.2017)

  Светиот маченик Јустин Философ     Роден од елински родители во самарјанскиот град Сихем, подоцна наречен Наблус, во 105 година после Христа. Усрдно ја барал мудроста кај философите, најпрво кај стоиците,...

Од Верскиот календар на МПЦ (13.06.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (13.06.2017)

    Светиот апостол Ерма Еден од Седумдесеттемина. Се спомнува во Посланието на Павле до Римјаните (16, 14). Родум беше Грк, но долго време живееше во Рим. Беше епископ во...

Од Верскиот календар на МПЦ (12.06.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (12.06.2017)

Преподобен Исакиј Исповедник     Во времето на царот Валент настана големо гонење на Православието од страна на аријанците, коишто и самиот цар ги помагаше. Кога слушна за ова гонење Исакиј, пустиник...

Од Верскиот календар на МПЦ (11.06.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (11.06.2017)

   Спомен на Првиот Вселенски Собор Спомен и пофалба на Светите отци од Првиот Вселенски Собор се врши во неделата пред Педесетница или во седмата недела по Воскресение. Соборот се...

« »

Чудото на иконата „Брзопослушничка’’

„Пред братската трпеза на ѕидот од памти век е напишана иконата на Пресвета Богородица. Веродостојност отците принесуваа и претходно и ние сега така се однесуваме, согласно нивните мислења, за изобразување на таа икона во времето на Свети Неофит, основач на тој манастир. Според историско мерење на времето од  Свети Неофит дури до нас протече веќе не помалку од 840 години, затоа што Свети Неофит живеел во XI век.

Повеќе...

Беседи

Свештеник Зоран Копчаревски - Втора недела по Педесетница (18.06.2017)

Свештеник Зоран Копчаревски - Втора недела по Педесетница (18.06.2017)

 Како се објаснува решителноста на простите рибари веднаш да тргнат по Христа? Човековата душа е дадена од Бога, и таа се стреми кон Бога, копнее по правда, бара вистина, чезнее...

Митрополит Атанасиј Лимасолски - НАЈГОЛЕМИОТ ОПИТ ШТО МОЖЕ ЧОВЕК ДА ГО ИМА (извадок)

Митрополит Атанасиј Лимасолски - НАЈГОЛЕМИОТ ОПИТ ШТО МОЖЕ ЧОВЕК ДА ГО ИМА (извадок)

Секогаш беше радосен, се шегуваше. Беше многу благодатен човек. Кога почина отидовме да го погребаме. Кога му ги симнаа обувките. - Ќе се стресете, деца, долу, каде што е стапалото,...

Митрополит Методиј Златанов -  Во водата на Силоам

Митрополит Методиј Златанов - Во водата на Силоам

Од аголниот камен на чудата Христови секогаш се прекршувала човечката вера и човечкото неверие. Уште од чудото на Неговото зачнување, па сé до чудото на Неговото вознесение. Отсекогаш, па и...

Митрополит Европски Пимен - За стилот и јазикот на проповедта

Митрополит Европски Пимен - За стилот и јазикот на проповедта

Моето размислување за тоа каков треба да биде стилот на проповедта започнува со една теологумена за тоа како би се развивала мисијата на Божјата Црква ако Христос избереше поинаков стил...

Беседа за прoклeтствoтo на чoвeк кoј сe надeва на чoвeк (22.05.2017)

Беседа за прoклeтствoтo на чoвeк кoј сe надeва на чoвeк (22.05.2017)

Кoга чoвeк сo срцeтo ќe oтстапи oд Гoспoда, тoгаш тoј, oбичнo, сe надeва на луѓeтo и вo сeбe, бидeјќи на кoгo тoгаш би сe надeвал кoга вeќe гo oдврзал свoјoт...

Јустин Ќелијски - Евангелието на жената Самарјанка

Јустин Ќелијски - Евангелието на жената Самарјанка

 Под вода жива Господ мислел на Духот Свет. И кога со неа го напоил светот, кога Светиот Дух слегол врз Апостолите, тогаш луѓето навистина започнале да пијат жива вода, вода...

Митрополит Струмички Наум - ЖЕНАТА САМАРЈАНКА (13.05.2017)

Митрополит Струмички Наум - ЖЕНАТА САМАРЈАНКА (13.05.2017)

Водата која Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во нашето срце, која ја добиваме при Светото Крштение. Срцето...

Слово на Архиепископот изречено на промоцијата на СОВЕТИ И РАСКАЗИ ОД КЕКАВМЕН

Слово на Архиепископот изречено на промоцијата на СОВЕТИ И РАСКАЗИ ОД КЕКАВМЕН

Своите погледи Кекавмен ги презентира врз база на сопственото искуство, „без да ги систематизира во согласност со некое определено учење.“ Евангелските завети и личното искуство се двата основни ориентири во...

Митрополит Струмички Наум - Цветници (09.04.2017)

Митрополит Струмички Наум - Цветници (09.04.2017)

Предавниците се секогаш фарисејското свештенство, распнувачите и убијците се секогаш световната држава, а Богочовекот Христос се Неговите верни (Црквата) кои правилно растат по степените на духовниот развој. Нема ништо ново...

 Цветници - Митрополит Тетовско-гостиварски Јосиф (09.04.2017)

Цветници - Митрополит Тетовско-гостиварски Јосиф (09.04.2017)

Овој празник, како што вели еден современ епископ на Црквата, е полнота од образи и парадокси. Во него се мешаат, радоста и тагата, свеченоста и едноставноста, небесното и земното, вечното...

Среда од првата недела од Великиот Велигденски пост (01.03.2017)

Среда од првата недела од Великиот Велигденски пост (01.03.2017)

Зарем можеме да ги споредиме Светата причест со Богојавленската вода. Суштината и врвот на нашето духовно живеење е причестувањето со Светата Причест односно примањето на Самото Тело и Крвта на...

„Да го поминеме Постот со богоугодни дела“

„Да го поминеме Постот со богоугодни дела“

Човекот е повикан да собира наследство што ќе има вредност не овде земјата, ами во Царството небесно, кое Самиот Христос, со Својата крстна жртва и Воскресението, повторно го отвори за...

« »

Потешкотии во молитвата

Унинието е духовна зачмаеност, а мрзливоста е нешто што се однесува и на душата и на телото. Но најдобро е кога го нема ни едното ни другото. Унинието и мрзливоста понекогаш се лепат и за души кои имаат многу предиспозиции за духовен живот, кои се чувствителни, ревносни.

Ѓаволот не му прави толку зло на рамнодушниот човек, додека, пак, чувствителниот човек, ако поради нешто се нажали, потоа веднаш го обзема униние.

Повеќе...

Сè што е соединето со Бог, спасено е

Whatever is united to God, it is saved

Премин (119/120)

Православен календар

22/06/2017 - четврток
Св. Кирил, архиепископ Александриски; Св. Кирил Белоезерски
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ
 

Добредојде Православие.мк

Св. Тајна Евхаристија, храм св. Георгиј

Последни коментари

Времето на овој гнил свет

Никакви светски катаклизми и социјални немири, војни и епидемии не се дораснати пред претсмртната дијагноза: љубовта ќе осиромаши… Луѓето ќе се отуѓат, дури и од најблиските; ќе станат странци еден на друг. Братот ќе го предаде барата си, пријателот ќе го предаде својот пријател, власта – својот народ, народот – своите пратеници, секој секого, бидејќи љубовта ќе ја нема… Повеќе...

Архимандрит Георгиј Капсанис

Личноста на архимандритот Георгиј ќе остане во вечно паметење во срцата на оние што го запознале, но генерално и во целата Православна Црква, затоа што преголеми се неговите заслуги за чистотата на верата и за автентичното живеење според неа. . Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Личноста на Исус Христос

А тука, на Земјата, Тој станува Некој Кој не само што може да се именува, туку може да се именува со човечко име, да се нарекува Оној Кој со нас ги носи тежините на животот... Во тој центар е поставена оската на христијанството. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Взбранной Воеводе победительная





Cevitana