Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Духовност arrow Колумна arrow Митрополит Европски Пимен - Дедо Мраз, даровите и Дародателот
Митрополит Европски Пимен - Дедо Мраз, даровите и Дародателот Испечати Е-пошта



Откако минаа оние безгрижни детски денови во кои се' уште верувавме дека Дедо Мраз е вистинска личност и дека од се срце ќе се потроши за нас децата кои сме биле добри за да не награди, но и за лошите за да добие барем ветување за наредната година дека ќе се поправат, се соочивме со фактот дека не е Дедо Мраз тој што пуштил срце за подарок, туку дека сепак тоа го сториле оние кои најмногу не сакале, нашите родители. Сепак, не го замразивме затоа што не држел во заблуда цело детство, бидејќи од друга страна, тој даваше некое препознатливо празнично обележје на Новата година. Со Божик не го ни врзувавме, заради нагласената секуларност на тогашната држава, па Рождеството Христово не го славевме нешто особено, (а, искрено ниту пак знаевме дека тогаш се празнува Раѓањето на Спасителот Господ Исус Христос, и дека е значаен празник) дел и поради јулијанскиот календар кој се' уште ни е во употреба, па седум дена по Нова година ни беа издишани сите празнични емоции. Како и да е, на крајот на краиштата Дедо Мраз беше и заради комерцијализацијата (во западни рамки) е личност која поради ќе беше и е прифатена како замена за Христос, бидејќи Христос е религиозна личност, а Дедо Мраз заколнат секуларист, па принципот подобро суеверие отколку вера сепак беше добредојден кај нас социјалистите по убедување во тоа време.

Ние растевме, а системот се менуваше и одеднаш сомнеж после се, за да на некои им послужи тоа како причина дека постоел некој заговор во социјалистичките земји на светско ниво да го потиснат Христос од општеството. Е арно ама, како минува време и како имам се поголема можност да го видам прославувањето на Божик низ римокатоличкиот и протестантскиот „христијански“ дел на Европа, кои патем празнуваат според грегоријанскиот календар и му дават поголемо значење на Божик отколку на Новата година, гледам дека Дедо Мраз, Santa Claus, Peri Noel, Babo Natale или Tomte, не е личност која како кај нас на времето, а и се' уште се поврзува со Нова година, туку со Божик, но заради неговата комерцијализација прави истиснување на Христа во тој западно-христијанскиот свет. Па оттаму за Божик, секаде го има дебелиот чичко кој како декор се почесто виси на секоја тераса во обид да стигне навремено за да ги раздели подароците и приличува на стар манијак или дреме под секоја елка во домовите, или пак ни се смешка со препознатливото хо, хо, хо од телевизиските екрани преку Божикните филмови и реклами, или од секој плоштад каде што ја паркирал санката па фотографирајќи се со децата кои тука минуваат си исполнува време пред да тргне на далечниот пат низ цел свет, а во исто време си полни така и џеб, разбирливо е нели, ќе му затреба, пат далечен е во прашање. Искрено, некаде на Запад можеби во сенка на дебелкото ќе се види и некоја пештера во која лежи Богомладенецот Христос, ненаметливо колку да го збуни насобраниот народ, па да се запраша: Кое е, и од каде па сега ова бебенце тука? Но, бидејќи приказната за Лапонија и Дедо Мраз е полесна од теологијата, ретко кој родител ќе се обиде да му објасни на своето дете дека Божик е празник на Рождеството Христово, дека тоа бебенце е Христос кој се роди во Витлеем и во јасли беше положен заради нас луѓето и заради нашето спасение, дека Божик е раѓање на словесното Сонце кое ни дарува живот, слобода, спасение од ропството на гревот, смртта и ѓаволот, дека ни дарува и ни нуди живот вечен, или едноставно дека тоа е раѓање на Христос, на Оној Кој ни ги дарува сите дарови на земјата и на небесата, и дека Тој е единственото ново нешто под небесата, дека Он е раѓање и образ на секое добро, на секое човекољубие, на раѓањето на надежта, на можноста сите ние да станеме богови по благодат, на секоја милосрдна дејност... И така одбирајќи го полесниот пат за објаснување ние свесно остануваме робови и идолопоклоници на една лоша и искомерцијализирана копија на еден добротвор наречен Дедо Мраз или Father Christmas или како се' уште не, во зависност од земјата во која дејствува.

Да потсетам дека идејата за создавање на ликот на тој црвено дотеран и добро нахранет чичко, или според бојата на косата и брадата дедо, е земена неколку векови наназад од милосрдниот подвиг на човекољубие на еден свет отец на Црквата од 4 век кој на сите ни е познат поради неговиот надалеку раширен култ на славење, епископот и пастирот од градот Мира во областа Ликија, Мала Азија, светиот Николај Чудотворец. Секоја слава, чест и почит на Свети Николај и на неговите христијански вредности, на неговото човекољубие, на неговиот подвиг да продаде се што е негово и да раздаде на сиромасите, а тој самиот да живее во доброволен подвиг на сиромаштво, постанувајќи ни образ, пример на сите нас христијаните за човекљубието во името на Христа Спасителот Кој се поистоветува со секој човек, па и со оние кои го измислија Дедо Мраз (Santa Claus од St. Nicolaus) кои се сетија на светиот Николај и неговите добродетели па од неговото житие ги додале во карактерот на измислената личност. Но повеќе од сигурно е дека идејата на св. Николај со неговиот аскетски подвиг, не била за преку тоа да добие една хуманитарна улога во современиот свет туку преку тој аскетски и духовен живот во Христа Богочовекот да го стекне смирението, скромноста, сиромаштвото за да го добие небесното богатство. Што би кажал тој денес, и дали би се согласил со нашата комерцијална претстава за него, или дали би се согласил со идејата да го преселат во Лапонија, да го згојат, да му ги зацрвенат обравчињата, да му облечат црвено капче, панталони и палто, да му стават лакирани чизмички и црн ремен со сребрена тока кој ќе му го крепи веќе попуштениот стомак, па и за поинтелектуално да изгледа според денешнава наша претстава за интелектуалноста може и едни убави ленонки на врвот од напрченото носе да се додадат, да го екипираат со огромни вреќи полни со играчки за послушните деца, со санка влечена од еден куп набилдани ирваси со ѕвончиња, џуџиња со пругасти чорапчиња и зашилени ушиња да му помагаат при пакувањето, а последнава година гледам на некои клипови и реклами веќе и со систем за навигација, за секој случај, зашто можеби го фаќа склероза поради годините и веќе има реална опасност да го промаши толку години минуваниот пат и децата да останат без подароци. Па нели заслужил стариот и ние да му излеземе во пресрет барем со техничка поддршка, ете и човештвото да направи нешто за него како возврат на тоа што секоја година н посетува и не дарува со играчки и шарени бонбони.

И сега најадени со бонбони помеѓу двата (според календарот) Божика, враќајќи се со носталгија на оние чедни времиња, се прашувам повторно: кој повеќе го потиснал Христа од општеството, па и од христијанскиот свет? Социјализмот со идеологијата или пак капитализмот со комерцијализацијата? Се прашувам светски или трговски заговор е ова? Се прашувам и до кога големите дарови добиени од Бога кои погоре ги споменав, или еве како можност, ако не прават посреќни поситните дарови од дедо Мраз, ќе ни се помили од Дародавецот, од Бога? И ќе си констатирам за жал самиот, а можеби по овој текст уште некој ќе ми се придружи во размислувањето, дека се додека ги сакаме даровите повеќе од Дародавецот сите ние ќе учествуваме во тој заговор од било чија страна и заради било која причина да е измислен и пуштен во оптек.

Сепак, за сите нас какви и да сме, и го сакале ние повеќе или помалку, или пак сосема отфрлиле Дародавецот,

Христос се роди!

Дневник 09/10 јануари 2010 година




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!

Е-пошта

  Коментари (13)
1. Пратено од m, на 09-01-2010 01:18
:zzz
2. Пратено од Вера Веритас, на 09-01-2010 02:28
:) одлично кажано !!
3. Пратено од MILE, на 09-01-2010 03:28
NAVISTINA SE RODI!
4. Пратено од Anton, на 09-01-2010 07:54
Bravo! A ima li nadez da se smenat rabotite (vo tekstot, ne ja vidov, spored toa, - koga i navigacioni aparatchinja ubacuvaat )?  
Kako e do pravoslavnite zemji ,dedo Pimen? vo Rusija, Grcija, Srbija...
5. Пратено од Дејан, на 09-01-2010 12:05
Навистина се роди! Една шега во врска со текстот која ми ја кажа мојот отец. Стоеле на две страни од провалија комунист и капиталист и си довикувале - комунисто, другиот, - капиталисто а од провалијата ечело исто, исто, исто...
6. Пратено од Blagica, на 09-01-2010 13:09
"И ќе си констатирам за жал самиот, а можеби по овој текст уште некој ќе ми се придружи во размислувањето, дека се додека ги сакаме даровите повеќе од Дародавецот сите ние ќе учествуваме во тој заговор од било чија страна и заради било која причина да е измислен и пуштен во оптек."  
Ova nekako me potseti na ona sto otec Naum postojano ne' uci,deka vo osnovata na zdravata vera e sebedavanjeto (pred se' molitveno),a ne baranje i ispolnuvanje na zelbi. 
Ubavo,otec Pimen,za mnogu godini ,Hristos se rodi!
7. Пратено од Nikola., на 09-01-2010 13:14
Navistina se rodi.Dedo Pimen,situacijata e po slozena otkolku vo ovaj tekst.I za kolede i badnik i Hristovoto raganje Bozik.Po molitvite na Sv.STEFAN da bideme pomiluvani.Prodolzete so vasite pouki,kako i ucestvoto vo serijalot,makos a ne vo nekoi emisii koj se ne dolicni i ne dostojni za vasite,svetosti.
8. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 09-01-2010 21:49
А Кока-Кола, мислам, компанијата, побрза уште во 1931-ва да го заштити Дедо Мраз во Заводот за Патенти и пазарни знаци (илимити брендови)... и оттогаш само тие си го користат. Не сте знаеле?!
9. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 10-01-2010 00:13
Se cudam kolku na javnite mediumi se potencira dedo mraz okolu novogodisnite praznici, se e tolku izmesteno i poremeteno i se prasuvam koga ke se stavi kraj.
10. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 12-01-2010 09:11
navistina se rodi! Za zal taka e..no da ne se zabluduvame, seto toa doaga od nedovolnoto recisi i nikakvo teolosko poducuvanje na nasite majki, babi, roditeli...koi svoeto znaenje go prenesuvaat na mladite...a imaat znaenje? koj im go prenel? ucele teologija na vremeto? ili nekoj vo crkva im kazuval polezni raboti..Ne Veruvam!!!
11. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 15-01-2010 10:32
Nema dva Bozika tuku eden. Edna e crkvata Sveta i Apostolska.
12. Пратено од marce, на 15-01-2010 12:41
za zal brate isto e i vo pravoslavnite zemji posebno Grcija kade duri i nekoi od crkvite se ukraseni so sijalicki.
13. Пратено од za zal, на 15-01-2010 16:08
Deneska ja ima slobodata nasata crkva i pak nekoi svestenici odaat po ognovite,proglasuvaat kumstva i poddrzuvaat i nekoi paganski obicai.Toa li e nasata vera,taka li treba da ucat neukite? Pak ostavame zad nas samo tradicii a ne prosvetlenost. Od tie tradicii evreite go promasija Mesijata,od nepravilnata vera koja ne ja razbiraa vistinskata vera na nivnite tatkovci,kako denes nekoi se povikuvaat na nasite pretci a kolku i koi nasi predci bile vo verata? Evreite neli trebase da se narekuvaa Avramovi ceda no po vera.A nie da se narekuvame Sv.klimentovi ceda po vera a ne po tradicii i obicai duri i paganski.Gospodi Isuse pomiluvajne gresnite.

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Код:* Code
Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 13
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >
Premin Portal on Facebook

Online разговори

Пребарување

Фотопрезентација - МОЈА ВИЗУРА

НАГРАДЕНИ УЧЕСНИЦИ

Помош за Бигорскиот манастир


Сите што сакаат да се вклучат во возобновувањето на Бигорскиот манастир и да се вложат себеси како жив камен во живата Црква, можат да донираат на следните жиро-сметки:
Повеќе...

RSS Канали

rss_ikona.jpgПретплатете се на некои од следните RSS Линкови:

07.png Вести
07.png Полезно и потребно
07.png Колумни
07.png Наука и религија
07.png Одговори на Вашите прашања
07.png Беседи
07.png Поуки од Светите Отци




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!