Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Духовност arrow Колумна arrow Ѓакон Горан Стојчевски - Континуитет
Ѓакон Горан Стојчевски - Континуитет Испечати Е-пошта

Континуитет 
 
gakon.Goran.A1.jpg
  
Делото на светите Климент и Наум и сите светители пред нив и по нив од овој наш простор нема да го одбраниме со удирање в гради за генетичка одбрана на националниот идентитет заради политички ќеф или национално-посесивна фрустрација на некого   
   
  
Дневнополитичките третирања на историјата во медиумите не ја заобиколија ниту Македонската православна црква. Прашањата што во изминативе неколку седмици се присутни во нашата јавност во однос на македонската историографија, од научен аспект точно и со факти ги образложија од Институтот за национална историја („Нова Македонија“, 26.6.2009) луѓе што со својот труд и живот се вградиле во историската наука, затоа и треба да им веруваме. Одговорот на прашањето, каде што се корените на св. Климент Охридски и св. Наум Охридски, даде и Светиот архијерејски синод на МПЦ преку соопштение, дека идентитетот извира од слободата што ја има човекот, која човекот го идентификува како човек, како слободно битие, затоа слободата не би требало да подразбира условувања, исто како и љубовта.

Затоа споменатите корени, кои денес толку многу се политизираат, се содржани во животот на Црквата на просторот од Македонија, позната по нејзиното литургиско име Охридска архиепископија, а заради пастирската мисија меѓу овој народ и простор именувана како Македонска православна црква. Мене, искрено, многу подраго ми е, кога сме веќе кај корените, кажувањето на свети Атанасиј Велики, дека воскресението е корен на нашето спасение. Зошто е потребно да се проблематизира историскиот континуитет на македонскиот народ или МПЦ кога тој се подразбира, или зошто се бара одговор за нешто со кое сме сраснати и што го живееме, а наше е пак и пак тоа да го откриваме, да го сведочиме, да го пренесеме на тие по нас во слава на Бога и за тие пред нас, поточно христијански, да го осветиме.

Со аргументи со кои сега се брани словенскиот карактер на македонскиот национален идентитет, како луѓе од Црквата настапувавме со написи во одбрана на веронауката, дека барем заради континуитетот на просветителската мисија на св. Кирил и Методиј и светите Климент и Наум, таа да биде дел од образовниот систем, но тогаш најверојатно требаше вниманието да се насочи кон рушење на проектот веронаука, а сега истите аргументи се користат во насока на критизирање друг проект. Аргументите не можеме да ги користиме според желбите на личности што се расположени за критикување во однос на тема за која имаат последно сеќавање од книги во гимназиските денови. Во еден напис по ова прашање ја забележав за мене клучната констатација, дека Црквата се однесувала како да не е оттука, што и навистина е точно. Да, Црквата не е од овој свет, таа во овој свет е да го актуализира Царството Божјо, кое е цел на христијанскиот подвиг во овој свет. Црквата според нејзината еклисиолошка и есхатолошка природа не е од овој свет, но е во овој свет за да го води народот кон спасение низ подвиг во Христа Спасителот, а за македонскиот народ, за православниот народ од Македонија тоа го чинела и чини Охридската архиепископија, Македонската православна црква.

Ставот на Црквата секој може транспарентно да го види на интернет-страницата на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, каде што точно се изложени историскиот континуитет односно Преданието, апостолското преемство и континуитетот на Црквата Божја на овој наш простор и меѓу овој наш народ. Самото име на нашата Помесна Црква укажува на Охрид како епископско седиште на Црквата Божја во Македонија, на свети Климент Охридски како патрон на нашата Црква, на свети Наум Охридски како втемелител на општожителното монаштво во Македонија, на просветувањето во Христа Богочовекот преку разбирлив јазик, кој сé уште се негува во богослужбите при храмовите на МПЦ како дело на светите Кирил и Методиј. Во таа насока сé уште го чуваме споменот за нив, преку тоа што денот кога Црквата Божја си споменува за св. Климент Охридски сега е прогласен за државен празник, а возобновувањето на Охридскиот универзитет на Плаошник како потврда на тој континуитет. Она што се потврдува со живот нема потреба експлицитно да се изложува во интерес на политиката. Мисијата на Црквата е да го води народот кон спасение и не се занимава со потврда на национален идентитет, кој е многу јасен и кој народот го зачувал меѓу другото и во Охридската архиепископија. Преданието Црквата го темели врз апостолското преемство, а тоа на овој простор е засадено од светиот апостол Павле, а понатаму продолжува преку организираниот литургиски живот на Црквата Божја на овој простор, во Скупи, Тиверипол, Баргала, Стоби, Хераклеја, Јустинијана Прима, и тој не прекинува туку продолжува со светите Кирил и Методиј, Климент и Наум итн. Црквата кога зборува за континуитет пред сé мисли на апостолското преемство, затоа не случајно и охридскиот архиепископ Прохор, иако тогаш не се зборува за националниот концепт познат како таков во национално-романитчарскиот 19 век, илјада години по св. Јустинијан одејќи во Москва, се потпишува како архиепископ охридски и на Прва Јустинијана, но тоа не е случај само со него туку и со некои од неговите претходници и следбеници. А, сега некој нека мисли што бил овој архиепископ по род, кој со еден потпис укажува на нераскинливиот континуитет на христијанството на овој наш простор.

Делото на свети Климент и свети Наум и сите светители пред нив и по нив од овој наш простор нема да го одбраниме со удирање в гради за генетичка одбрана на националниот идентитет заради политички ќеф или национално-посесивна фрустрација на некого, туку со тоа колку литругиски живееме во Црквата и дали принесуваме дела како резултат на нашето покајание. Да, време е да го вклучиме алармот, но за измирување и покајание.   
   
Автор: ѓакон Горан Стојчевски 

 

 

 




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!

Е-пошта

  Коментари (6)
1. Пратено од знаеш кој, на 03-07-2009 13:16
одлично, душо!
2. Пратено од drugarce, на 04-07-2009 00:31
ti kazav i jas deka e odlicno :) , ama ocenkata od zaes koj e mn.povredna
3. Пратено од tocno, на 04-07-2009 13:39
Da,vistinskata pobeda e pobeda vo imanje ziva vera,vo duhovnoto rastenje i vo pokajanieto.No,kolku li im e tesko na nasite episkopi i drugite od klirot vo odlucuvanjeto za sekoj poteg vo odnos na drugite crkvi koi ne ne priznavaat i ne etiketiraat kako"sizmatici",dotolku poveke sto i od domasnite vernici i nevernici se izlozeni na bezobzirno kritizerstvo.Zaboravame deka i tie se luge na koi,Gospod znae,kolku teska im e borbata so strastite,a sekoj nivni pad vo nekoja postapka,docekuvan e so kritizerska omraza,pa duri,i od nekoi t.n vernici.Nebare sekoj sto gresi nema da odgovara pred Boga,ta treba nie da mu bideme sudii,nie-zivealiste na site mozni strasti!
4. Пратено од vernik, на 05-07-2009 15:38
Odlichen tekst... Vistinsko svedoshtvo za kontinuitet...MPC ragjala i ke ragja cheda shto dostojno go prodolzuvaat apostolskoto preemstvo vo nejzinite pazuvi...
5. Пратено од Marulida, на 12-09-2009 13:08
Bravo taka treba da se svedochi crkvata na delo.
6. Пратено од edna devojhka,znae Otec Goran koja pameten e., на 12-09-2009 14:07
sekoj ke odgovarame spored delata.

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Код:* Code
Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 3
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >
Premin Portal on Facebook

Online разговори

Пребарување

Последни коментари

Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010)
Слава на Госп...
02/09/10 22:31 Повеќе...
Од Тони

Царице моја преблага
Mnogu ubav link!
02/09/10 19:49 Повеќе...
Од be_free

СЕКОГАШ ИМАЈТЕ ЉУБОВ КОН БОГ И МЕЃУСЕБНО
"За монахот ти...
02/09/10 19:15 Повеќе...
Од DA!

Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010)
PREKRASNO!!!
02/09/10 19:08 Повеќе...
Од S.L.

Михаила Поповска - За вистината и лагата
Секоја чест. И...
02/09/10 13:57 Повеќе...
Од Игор К.

Фотопрезентација - МОЈА ВИЗУРА

НАГРАДЕНИ УЧЕСНИЦИ

Помош за Бигорскиот манастир


Сите што сакаат да се вклучат во возобновувањето на Бигорскиот манастир и да се вложат себеси како жив камен во живата Црква, можат да донираат на следните жиро-сметки:
Повеќе...

RSS Канали

rss_ikona.jpgПретплатете се на некои од следните RSS Линкови:

07.png Вести
07.png Полезно и потребно
07.png Колумни
07.png Наука и религија
07.png Одговори на Вашите прашања
07.png Беседи
07.png Поуки од Светите Отци




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!