Духовност
Манастири и Цркви
арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (6)
| арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (6) |
|
|
|
а) Расказ на монахот С. Монах С, ученик на отец Леонид, а подоцна брат на Тихоновото свето братство, раскажува за себеси дека, откако слушал во своето село многу убави нешта за отец Леонид, посакал да отиде во Оптина и да го види тој многу прославуван баќушка и дури да остане да живее во братството, ако го примаат. Нашол другар од истото село и тргнале. Неговиот другарот бил прост и малку писмен човек, но се гордеел многу со тоа дека умеел да чита. По патот идниот монах С. го прашал својот сопатник, што мисли - дали отец Леонид ќе ги посоветува да дојдат во манастирот или не? Гордото момче одговорило:
- Зошто ми е неговиот совет? - Јас сум писмен!
Налутено од тоа, гордото селанче почнало да негодува против старецот: „Јас пак, - продолжува да раскажува за себеси благочестивиот младич - од почеток секој ден одев кај старецот, му говорев за моите лоши мисли и страсти, но наскоро ја загубив таа будност над својата душа. Почнав со тоа што зедов да ги кријам од старецот, според мене, најнебитните помисли. Потоа, ја изгубив својата вера во старецот и усрдноста да живеам во светото братство. Се почесто почнав да мислам за селскиот живот и за женидба. На крајот, дојдов кај старецот со лицемерна преданост и го замолив да ми дозволи за „кратко" време да отидам до својот дом. Но, мојата неискреност не можев да ја кријам од проникливиот старец. Насмевнувајќи се и заканувајќи ми се со прст, тој ми рече:
- Внимавај, братко! Ме лажеш ли? Еднаш оштетениот селанец се враќаше пијан од друго село, каде што беше отишол на некој празник. Неочекувано, на крајот од шумата тој наиде на крадецот на својот коњ и пламнат од гнев, се нафрли врз него нанесувајќи му жесток ќотек и убивајќи го несреќникот.
Таа ноќ мене ми беше редот да ги пасам коњите во полето. Следниот ден, селаните ја известија полицијата, дека еден наш соселанец лежи на патот убиен, а не се знае од кого. Полицаецот дојде. Започнаа сослушувањата, кој каде бил во тоа време. Една жена ме посочи, дека јас таа ноќ ги пасев коњите во полето. Ме подложија на испитување. Јас постојано говорев едно и исто; дека ништо не знам. Нашите селани инсистираа пред полицаецот да бидам затворен и подложен на гладување. Ме затворија во подрумот и цели три дена не ми даваа ни да јадам, ни да пијам. Колку се покајав во тие три деноноќија, што не го послушав советот на видовитиот старец! Со целото свое срце Му се молев на Бога да ме избави од таа беда по молитвите на старецот, кого го бев излажал! И Господ ме избави... Ме оставија мене и почнаа да испитуваат други... Се откри виновникот!... Радосен што сум слободен, веднаш се упатив кон Оптинската пустина. Штом ме виде, отец Леонид се насмевна полн со љубов, ме благослови и рече:
Јас му раскажав се на баќушката - и замислете си да не живеам веќе во манастирот и каква голема несреќа ме снајде за мојата непослушност. Од тој момент, јас веќе се плашев да ја скријам од старецот дури и најмалата своја небогоугодна помисла... Мене не ми се одеше, затоа го молев баќушката да не ме испраќа. Но, старецот инсистираше задолжително да одам. Кога отидов, го затеков брат ми умопомрачен од прекумерно пиење вино. Селаните, следниот ден по моето пристигнување се подготвуваа да испратат човек до манастирот да ме извести, дека треба да си дојдам и да ги преземам стопанските работи наместо брат ми. Каква болка беше тоа за мене! Јас не сакав да останам во светот. Не знаев што да правам. Најпосле, решив да отпатувам со брат ми до манастирот на свети Митрофан Вороњешки. Нашите селани не се спротивставија на тоа. Ние отидовме во Вороњеж и направивме Молебен пред моштите на Божјиот угодник. Брат ми се почувствува подобро. Следниот ден повторно порачавме Молебен. По Молебенот способноста за расудување на брат ми потполно се поврати. Јас го доведов дома сосема здрав. Сите беа восхитени од таа промена. Јас пак, се восхитував на прозорливоста на баќушката, како тој однапред ги беше предвидел и претскажал и двете мои патувања до моето родно место!
По сето ова, јас го оставив брат ми да живее во светот, а самиот побрзав да се вратам при својот старец - сега со вера и синовска преданост. б) Расказ на послушникот Алексеј Иванов Василев
„Јас еднаш почувствував во себе студенило и префинет душевен немир и си размислував; тоа можеби е последица од мојата расеаност и самобендисаност. Ете, веќе три дена не сум бил кај старецот, не сум ги проверувал своите постапки и не сум ги откривал помислите. Една мисла ми велеше, дека нема зошто да одам кај него, бидејќи во минатото не сум сторил ништо спротивно на мојата совест. А друга мисла ме убедуваше да отидам и да добијам од него барем благослов, кој може да ме поткрепи против стрелите на ѓаволот. Покорувајќи се на таа замисла, јас се присилив да отидам кај својот наставник. Кога влегов во неговата ќелија, тој беше зафатен со своите гости. Кога ме виде да влегувам, тој ме запраша: в) Од записите на јеромонах А. Б.
Една жена туѓинка постојано се вртеше околу отец Леонид во Тихоновата пустина, која тој често ја посетуваше и со тоа поведение таа беше омразена од сите. Нејзините ласкави зборови, земни поклони и разни гримаси ми изгледаа како комедија и лага. Јас се осмелив да споделам со баќушката дека не само јас, но и сите наши браќа чувствуваат досада од неа, дека според нејзините сопствени зборови, од секој манастир ја гонеле и дека никој духовник не можел да ја поднесува... * * *
Еден ден, кај отец Леонид дошол на исповед некој господин од градот Вјазма. По исповедта старецот му дал благослов да пристапи кон светата Причест, но под услов тој тврдо да реши да го поправи својот живот. Гостинот ветил дека ќе го стори тоа. * * *
Еден учен архимандрит дошол во Оптина за да го види отец Леонид. Гостинот бил опкружен со многу внимание. Но, старецот заради него не ја прекинал својата работа со простиот народ и со разните свои гости, меѓу кои имало болни, туѓинци, мирјани кои искрено се кајат, монахињи и монаси. * * *
Еднаш пристигнал во Оптина еден учен духовник, ректор на богословија. Му предложиле да поразговара со отец Леонид. А тој одговорил: * * *
Еднаш кога околу отец Леонид клечеа оптинските послушници, еден од нив занимавајќи се со своите мисли, почнал да размислува дека некој монах, како многу вешт во стопанските работи, би бил добар за игумен. Само што го помислил тоа, старецот го удрил силно по образот со зборовите: * * *
Оптинскиот јеромонах Арсениј раскажува: „Една година по моето доаѓање во Оптинската пустина, кај мене се појави силна желба да се преселам на Атон. Таа своја желба, во почетокот јас ја споделив со отец Макариј. Тој ми рече: Г) Други раскази
Симон И., жител на градот Козелск, бил еден од најверните ученици на отец Леонид. Тој самиот за себе го раскажува следново: „Во триесеттите години, како и сега, се занимавав со грнчарство. Со жена ми живеевме во сопствен дом. Немавме коњ, но имавме добра кочија. Јас ги наредував грнците во таа кочија, замолував некој пријател да ме услужи со својот коњ и ја носев стоката на пазар. Така се прехранувавме.
- Остави, Симонушка, не барај ги своите тркала! - одврати баќушката. - Бог те казнил за тоа. Ти поднеси ја Божјата казна и тогаш преку мала болка ќе се избавиш од поголеми несреќи. Ако пак, не сакаш да го истрпиш тоа мало искушение, ќе бидеш казнет повеќе!
По малку време истиот Полјак пак се провре во нашиот двор и изнесе од амбарот цела вреќа со брашно, го стави на рамо и посака да помине со него преку зеленчуковата градина. А, од градината отспротива се зададе жена ми.
Наскоро потоа имаше и друг ист случај. Ние чувавме крава. Решивме да ја продадеме. Најдовме купувач, се договоривме и добивме капар. Но, купувачот, кој знае зошто, неколку дни не се јави да си ја земе кравата. Најпосле ја одведе. Истата ноќ се проврел крадец во нашиот двор, ја скршил бравата каде што беше кравата но, таа не беше веќе таму. Така Господ и овој пат по молитвите на старецот не избави од несреќа. * * * Новодојден брат навредил еден стар монах. Двајцата отишле да му се пожалат на отец Леонид. За сите било јасно дека послушникот бил виновен. Но, така не пресудил старецот. Тој со строг тон му рекол на постариот монах, со цел да го смири: „Не се срамиш ли да се споредуваш со новодојдениот? Тој тукушто е дојден од светот. Косата уште не му порасната. На него човек не може да се лути, ако каже нешто навредливо. А ти, колку години живееш во манастирот и пак не си се научил да внимаваш на себеси и да трпиш!" Така, тие си заминале. Послушникот се радувал, сметајќи се за оправдан. Но, набргу кога дошол кај отец Леонид, старецот го фатил за раката и му рекол: „Што правиш ти, брате? Тукушто си дошол од светот, косата уште не ти е порасната, а ти веќе ги навредуваш старите монаси!" Неочекуваниот укор силно дејствувал на братот и тој посакал прошка. „Бог да ти прости!" - рекол старецот - само, отсега понатаму биди внимателен, поправи го своето поведение. Инаку, лошо те чека!" -Така старецот случајот со навредата го претворил во лекција по смирение и за двајцата. * * * Кај старецот довеле една бесна (демоноопседната) селанка, која за време на нападите говорела туѓи јазици. На ова сведок бил Павел Тамбовцев, кој знаел туѓи јазици. Отец Леонид прочитал над неа трипати заколнувачки молитви, ја помазал со елеј од незгасливото кандило пред иконата на Божјата Мајка и и дал да голтне од тој елеј. Третиот пат ја довеле во сосема пристоен изглед. Кога Тамбовцев ја замолил да поговори на туѓи јазици, како што правела пред тоа, таа одговорила: „Како можам јас да говорам на туѓи јазици?! Јас и руски едвај говорам и насила се движам..." * * * Едно семејство, уништено од многу несреќи, пристигнало во Оптина за духовна помош. Оптинскиот јеромонах Гаврил намислил да им помогне со некаков, таканаречен, херувимски темјан: „Ти си чудак! Како тука ќе помогне херувимскиот темјан? Каде што има Божји гнев, таму Бог не ги штеди и Своите светости! Тука се потребни две работи: искрено покајание за гревовите, поради кои е испратен Божјиот гнев, и целосно поправање!" * * *
Монах Н. раскажува: „Првите месеци по моето доаѓање во светото братство јас имав голема ревност кон монашките подвизи. Често се случуваше по Утрената другите да отидат да се одморат, а јас пак, во тоа време ќе се зафатев со нешто во врска со моето послушание. Дури потоа, изморен, ќе си легнев за краток одмор, опфатен од мислата да не се успијам и да не станам за почетокот на раната Литургија. Одеднаш, некој ме буди! Станувам, гледам - нема никого. На другиот ден истото се повторува; штом ќе заѕвонат за Литургија, некаков глас како да чита молитва. Сето ова јас му го објаснив на старецот. д) Расказ на монахињата О. „Уште од најрана возраст јас горев од желба да живеам во манастир. Кога станав 12-годишна (1837 г.), ја замолив мајка ми да ме остави во женскиот манастир во Киев, каде што, потоа, се откажавме. Таа не се согласи, а ми вети, дека кога ќе станам 15-годишна, ќе ме одведе во Борисовската обител. Меѓутоа, по ова, таа почина. А, татко ми не сакаше да ме пушти во манастир, додека не наполнам 35 години. Јас бев многу натажена. Во 1840 г., кога веќе ја бев поминала 15-та година, почнав многу да се тревожам, за мојата судбина да не биде решено против мојата желба и затоа бев намислила да избегам тајно од родителскиот дом. Но, една моја тетка, која многу сочувствуваше со мене, го наговори татко ми да заминам за Оптинската пустина кај баќушката Леонид и на него да препуштам да ја реши мојата судбина. Татко ми се согласи. Кога се јавивме кај отец Леонид, тој, без да не познава, сите не нарече по име и рече дека одамна не очекувал. При таков невообичаен пречек ние бевме така зачудени, та не знаевме што да му одговориме. Потоа, тој нареди да влегуваме во неговата ќелија еден по еден. И на секого од нас тој ни ја откриваше сегашноста, минатото и иднината. Мене кај него ме пуштија последна. Очекувајќи ја таа минута, кога требаше да се јавам пред старецот, јас почувствував голем страв но, на крајот излегов од неговата ќелија спокојна и со голема духовна утеха. Тој ми даде благослов веднаш да заминам во Борисовската пустина, а заради неговите молитви татко ми веќе не ме запираше, но и пари ми даде за моето устројување. Кога некои го запрашаа старецот, како ќе живеам без средства, тој одврати:
- Таа ќе живее подобро од најдобро ситуираните! * * *
Во 1839 г. една девојка од дворјанско потекло дошла кај отец Леонид да моли благослов за стапување во манастир. Тој и рекол: * * * Еднаш дошла при отец Леонид неговата родена сестра. Тој ја примил исто како другите посетители и и дал таква парична помош, каква што давал на сите кои имале потреба. По тој повод, старецот на некои им објаснил дека, ако монахот даде на својот роднина нешто повеќе отколку на туѓите, со тоа ќе покаже дека уште не се ослободил од оковите на телесното роднинство и дека не ги сака сите луѓе еднакво, туку меѓу нив прави разлика. * * * Еднаш во Оптина пристигнал еден земјопоседник и откако го видел старецот опкружен од многу народ, си помислил: „Зошто луѓето за него велат, дека е необичен човек?! И тој е како сите останати. Ништо необично не се гледа кај него." Но, кога старецот го примил и му ги открил сите мисли и суетни животни планови кои го интересирале за време на патувањето кон Оптина и особено кога при исповедта му спомнал за еден негов одамна заборавен грев, земјопоседникот побожно го признал старецот за необичен човек. Мнозина се советувале со отец Леонид и за своите вообичаени работи. Кој со вера ги примал неговите совети, го чувствувал Божјиот благослов во своите дела. Особено многу од верните се ценело мислењето на старецот во врска со венчавањето на младите луѓе. И чудно! - сите забележувале дека браковите за кои старецот го давал својот благослов се покажувале среќни. А оние, кои се склучувале против благословот на старецот, излегувале неуспешни. Во таа животна област отец Леонид ја пројавувал како својата прозорливост, така и својот здрав разум и трезвена мисла. Тој не ги одобрувал слепите краткотрајни воодушевувања, туку советувал да се земаат во предвид сите околности - и благопријатните и неблагопријатните, пред да се склучи бракот. Така на пример, тој сугерирал да се обраќа внимание на тоа - дали младоженецот и невестата се здрави, дали има од што да се прехрануваат, дали и младоженецот и невестата се од ист сталеж. На сиромашните семејства тој не им советувал да се осватуваат со богати луѓе. На крајот, ги советувал и младите и нивните родители да се молат на Бога и да слушаат што ќе им шепне нивното срце. Ако во однос на склучувањето на дадениот брак младоженецот и невестата, а и нивните родители, чувствувале душевен мир, старецот советувал да се решат на таков брак. И обратно, ако имало сомнежи, колебања и неспокојство, отец Леонид говорел дека тоа не е добар знак и советувал да не се склучува избрзано таквиот брак и да се побара подобар младоженец (или невеста). Еднаш кај отец Леонид дошол еден сиромав човек и му објаснил, дека има тројца кандидати за неговата ќерка: еден занаетчија, втор - фабрички работник, а третиот - имотен селанец. Тој го запрашал старецот; на кого да ја даде својата ќерка? Отец Леонид посоветувал: „- На имотниот селанец. Таа таму ќе има прехрана." Советот се покажал многу полезен. Следната година била гладна. Таткото дошол да му заблагодари на старецот, затоа што ги вразумил како да постапат. За време на гладот, зетот ги хранел, додека занаетчијата и работникот за малку не умреле од глад.
Издавач: ЃаконијА 2004 Главен и одговорен уредник: Митрополит Брегалнички г. Агатангел Е-пошта
|
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и Фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
Premin Portal on Facebook |
| Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010) |
| Слава на Госп... |
| 02/09/10 22:31 Повеќе... |
| Од Тони |
| Царице моја преблага |
| Mnogu ubav link! |
| 02/09/10 19:49 Повеќе... |
| Од be_free |
| СЕКОГАШ ИМАЈТЕ ЉУБОВ КОН БОГ И МЕЃУСЕБНО |
| "За монахот ти... |
| 02/09/10 19:15 Повеќе... |
| Од DA! |
| Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010) |
| PREKRASNO!!! |
| 02/09/10 19:08 Повеќе... |
| Од S.L. |
| Михаила Поповска - За вистината и лагата |
| Секоја чест. И... |
| 02/09/10 13:57 Повеќе... |
| Од Игор К. |
![]() |
![]() |
Повеќе... |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
Претплатете се на некои од следните RSS Линкови:
Вести
Полезно и потребно
Колумни
Наука и религија
Одговори на Вашите прашања
Беседи
Поуки од Светите Отци