Архива на Вести
Вести од овој месец
Стар Дојран (27.06.2009)
| Стар Дојран (27.06.2009) |
|
|
Страница 1 од 2
Куќа на камен Рече Господ: „Секој што ги слуша и исполнува овие Мои зборови, ќе го вподобам на благоразумен маж, кој си направил куќа на камен. И заврна дожд и надојдоа реки, и дувнаа ветрови и навалија на таа куќа, но таа не падна, оти беше изградена на камен. А секој што ги слуша овие Мои зборови и не ги исполнува, прилега на човек глупав, кој си направил куќа на песок. И заврна дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови и навалија на таа куќа, и таа падна, и паѓањето ѝ беше страшно“ (Матеј 7, 24-28). Што обично и најчесто си помислуваат христијаните кога го читаат овој дел од Евангелието? Или што обично си помислуваме сите ние? Нормално е да мислиме, кога се спомнува камен на кој се прави куќа, дека се работи за нешто цврсто и сигурно. И најчесто си помислуваме дека тука се збори за Христос, и Неговото Тело – Црквата, на Кого сме втемелени. Потоа си помислуваме дека можеби станува збор за вистинската вера – православната, а можеби и за првото и за второто заедно. И толку, нашиот ум не оди подалеку. Точна е и таа мисла, но не е најконкретна. Тоа, дека се идентификуваме како православни христијани, уште ништо не мора да значи, ниту пред Господ ниту за животот и спасението на другите луѓе. Ниту, пак, за стабилноста на нашиот духовен живот. Има многу само по форма (формални) или по име (номинални) христијани чиј живот не е согласен со Христовите заповеди. Светите Отци на Црквата поставиле друг критериум за нешто цврсто, сигурно и постојано во духовниот живот. Тој критериум е внатрешен и на почетокот се темели на реченото од Христос: „Секој што ги слуша и исполнува овие Мои зборови“. Слушањето и исполнувањето заедно ги опфаќа и ги содржи зборот послушание. Послушанието е подвиг за восогласување на начинот на нашиот живот соодветен на првото ниво од духовниот раст на кое се наоѓаме. Послушанието е сигурност и стабилност, но кои се засноваат на духовниот отец и неговото раководство. Вистинското прашање е: на кое ниво од духовниот развој ние ја стекнуваме личната цврстина, стабилност или постојаност во духовниот живот на кои можеме да надградуваме нешто сигурно и вредно? Или, на кои нашите ближни можат да надградуваат нешто сигурно и вредно, особено оние што се во наше послушание? Светите Отци (на пример старец Ефрем Филотејски) велат: „Умот лесно се осквернува, но лесно и се чисти. Срцето тешко се чисти, но тешко и се осквернува“. Значи, еднаш отворено и очистено срце, односно доволно очистена суштина на умот, потоа тешко се валка. Толкаво и такво валкање или затворање на срцето може да предизвика само голем грев. Доволно очистено и отворено срце, молитва на умот внатре во срцето и просветлен ум се карактеристики за второто ниво од духовниот развој. На ова ниво ние ја стекнуваме личната цврстина, стабилност или постојаност во духовниот живот. Стабилноста и цврстината на духовниот живот можат да се испитаат, проверат, видат, или разјаснат и преку видот на искушенијата што ги доживуваме. Затоа што реките и ветровите што навалуваат не се ништо друго туку телесните и духовните искушенија. Постојат различни искушенија на секој од степените. На првиот степен, додека е срцето заробено од страстите, демонот има директен пристап од внатре. Доволно е да уфрли некоја помисла, да поттикне некоја желба, однатре да побуди некоја страст за да го наведе човекот на пад. На вториот степен, кога е достигнато одредено очистување од страстите, доволно за да се пројави благодатта на Крштението во срцето и да се привлече умот во срцето, демонот нема толку сила за да предизвика пад кај монахот однатре преку страстите и тој мора да нападне однадвор. Тоа значи дека оној мал дел недопреобразени страсти мора да биде поттикнат со голем предизвик. На вториот степен, демонот мора да причини реален предизвик, наместо блудна помисла за лице од спротивниот пол тој мора да обезбеди негово реално присуство. Потребен му е токму реален предизвик за да се обиде да предизвика пад кај подвижникот. На третиот степен, што може да се види во житијата на Светиите, демонот и лично се појавува, но за тоа друг пат. Но, нели Господ не допушта искушенија поголеми од оние што можеме да ги поднесеме? И нели искушенијата се дозирани и допуштени за наше самопознание, очистување, растење и восовршување, а не за наш пад? Така е, но постојат и друг вид искушенија – поголеми од нашите сили. Тоа се искушенијата што ние самите си ги предизвикуваме затоа што заземаме позиции, и во Црквата и општо во опшеството, кои не се соодветни на нашето внатрешно духовно покритие. Тоа се искушенија кои ни се случуваат затоа што не го восогласуваме начинот на нашиот живот и подвиг согласно нивото на нашиот духовен развој. Грабањето и заземањето позиции без внатрешно духовно покритие е бестемелна позиција или градба подложна на пад од надојдените искушенија. Големината на искушенијата зависи од соодносот на внатрешната духовна состојба и позицијата која ја заземаме. Што поголема позиција а помало внатрешно покритие, толку поголеми искушенија. Не говорам толку за видот на искушението колку за силата со која тоа нè погодува внатре во нас. На пример: човек со епископски чин и со духовна состојба од прво ниво, можат да го срушат во пад само обични помисли. Тука силна река и силен ветер се помислите. Но, има ли поголем пад од самопопречување на нашиот духовен развој? И да заклучиме: цврста подлога на која може да го надградуваме нашиот духовен живот за првото ниво од духовниот раст е подвигот на апсолутното целосрдечно послушание, а за второто ниво е подвигот на аскетската умносрдечна молитва и љубовта кон непријателите. Ова е, не мое туку, светоотечко учење и Предание и треба да бидеме многу внимателни затоа што: „кој падне врз тој камен, ќе се разбие; а тој врз кого падне, ќе го здроби“. Паѓа врз каменот и се разбива тој што го прогонува, а каменот паѓа врз оној што погрешно ги учи луѓето, и го здробува. Богочовекот Христос нè повикува да не приличиме на човек глупав кој изградил куќа на песок, туку да приличиме на благоразумен маж кој изградил куќа на камен, затоа што секако нема да нè одбегне денот кога цврстината на нашата градба ќе се провери. Пресвета Богородице спаси нè! Митрополит Струмички Наум
Посети: 1738
Е-пошта
|
||||||||||||||||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
Premin Portal on Facebook |
![]() |
![]() отец Игор Калпаковски Преглед на разговор од 22.12.2009 |
![]() Митрополит Европски г. Пимен Преглед на разговор од 04.08.2009 |
| Божествена Литургија во храмот Св. Великомаченик Геор... |
| mila sestro vo Hrista jas... |
| 10/03/10 23:12 Повеќе... |
| Од petar |
| Божествена Литургија во храмот Св. Великомаченик Геор... |
| Perfektno.Ajde, kako da s... |
| 10/03/10 22:58 Повеќе... |
| Од Olivera |
| Божествена Литургија во храмот на св.Петка, Скопје (09.03.... |
| :) :) |
| 10/03/10 22:20 Повеќе... |
| Од a......a |
| Божествена Литургија во храмот Св. Великомаченик Геор... |
| Xristos pomegu site nas ... |
| 10/03/10 21:36 Повеќе... |
| Од natasha |
| Дали може некрстен да пие крстена вода, и молитвите дал... |
| Ако не може да... |
| 10/03/10 19:01 Повеќе... |
| Од Бети |
![]() |
![]() |
Повеќе... |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
Претплатете се на некои од следните RSS Линкови:
Вести
Полезно и потребно
Колумни
Наука и религија
Одговори на Вашите прашања
Беседи
Поуки од Светите Отци
![]() Сè што е соединето со Бога, спасено е ![]() |
| 11/03/2010 - четврток |
Свети Порфириј, епископ Гаски; |
Светиот маченик Јован Калфа; |
| Велики пост;
(Строг пост) |
| Крстопоклона седмица |
Православен календар за овој месец - МПЦ |
![]() А и до ден денеска има значи и чудеса на неговиот гроб од каде се чувствува и благопријатна миризба низ воздухот, а по неговото упокојување во Господа, на неговиот гроб гледале светлина во вид на огнен столб. Повеќе... |
![]() Христијанството не е учење туку живот. А самото негово учење влегува во животот како одреден образ, како поглед на сè што е и станува... Повеќе... |
![]() ...Преку делото на трезвеноумието се ослободувале од помислите и на тој начин страстите биле намалувани. Трезвеноумноста им ја носела чистотата на срцето... Повеќе... |
![]() ...Душата исполнета со тага како да станува безумна и надвор од себе, па не може спокојно да прима добар совет, ниту кротко да одговара на поставените прашања. Таа бега од луѓето како од виновници за своето вознемирување, не сфаќајќи дека причината за болеста е во неа.,... Повеќе... |
![]() Како што орелот царува над птиците, лавот над дивите ѕверови, волот над кротките животни, а човекот над сите творби, така и во разумната душа постојат сили што царуваат, т.е. волјата, совеста, умот и силата на љубовта. ... Повеќе... |
![]() „Дејствувањето на суетата започнува така што ослабнува вниманието спрема духовното и се засилува наклонетоста спрема сетилното: луѓето им робуваат на излишните нешта, ги бараат пријатностите," ... Повеќе... |
![]() – Како да се зборува за верата Атеизмот не се јавува како последица на научни истражувања од следните причини:... Повеќе... |
![]() Нема поголема добродетел од смиреното покајание, зашто кога човек преку покајанието ќе се испразни себеси од секоја суета, од секое осудување, ... Повеќе... |
![]() ... Суштината на кратката молитва е во непрестајното и нерасеано пребивање на умот во Бог, во заедница со Него. ... Повеќе... |
![]() ...Читајќи ја големата и се пообемна современа литература, посветена на прашањето на христијанската обнова, не можеме а, да не дојдеме до заклучок дека главниот, ако не и исклучителен критериум на таа обнова, е светот... Повеќе... |
![]() ... Уметноста на св.Андреј Рубљов е комбинација на две традиции: средновековниот манастирски аскетизам и класичната хармонија на византиското сликарство. Ликовите на неговите икони и фрески се секогаш спокојни... Повеќе... |
![]() ...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos. Повеќе... |
![]() |