Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Наука, Култура arrow Филм, Театар arrow ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА ПАРС ПРО ТОТО ОД ГОРАН ТРЕНЧОВСКИ
ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА ПАРС ПРО ТОТО ОД ГОРАН ТРЕНЧОВСКИ Испечати Е-пошта
Goran.Pro2.jpg

Горан Тренчовски (1970) е еден од ретките млади интелектуалци кај нас кој својата креативност ја исполнува на неколку нивоа. Најпрво, Тренчовски на јавноста и е познат како театарски, телевизиски и филмски режисер, потоа како основач и организатор на фестивалот за краток и алтернативен филм во Струмица – „Астерфест“, и, најнакрај, како плоден писател кој во своите триесет и девет години веќе напишал четири релевантни книги што се однесуваат на драмската уметност и филмот.
Книгата што денес ја промовираме во Кинотеката на Република Македонија, ПАРС ПРО ТОТО, неговото најново дело иако на 156 странички е мошне амбициозен текст кој се однесува на феноменологијата на краткиот филм, кој пак, според самиот Тренчовски е „...идеолошки супстракт...и емоционален екстракт...“. Ваквиот став е нов за нас и ни ја потврдува амбицијата на овој амбициозен интелектуалец инспириран од Јакобсон, да изгради свој постмодерен, цитатен и акцтептирачки стил на пишување, што е секако значаен придонес за македонската филмологија.

Goran.Pro.jpg

Самото дело се осврнува и на значајни импресии од животот кој на Горан Тренчовски му овозможува да размислува за теми и личности како што биле Претседателот Борис Трајковски, актерот Ристо Шишков, или, пак, да пренесе полнокрвно значење на неговата љубопитност кон Семјуел Бекет версус родната Струмица, која за авторот е еден вид на културолошка парадигма. Тој на Струмица и посветува и еден синопсис во седум слики, по инспирација од Стојан Ковачев, а кој што го детерминира визави првите филмски проекции во овој град или пак настаните што реферираат на Првата светска војна.
ПАРС ПРО ТОТО, односно тоа парче за целото, е книга што е елоквентна и има апендикс и заклучоци на англиски јазик, а во неа е поместена и богата библиографија и 39 фотографии. Издавачот „Улис“ печател дело кое рефлектира со квалитет кој може да се најде на рафтовите на било која книжарница во модерниот свет.  Меѓудругото и заради ова, ние топло ја препорачуваме оваа книга не само на еснафот и стручната јавност, туку и на широката публика.
За крај, колку што ни е нам познато, иако не сме филмски хроничари или историчари, ПАРС ПРО ТОТО е прва книга посветена на краткиот филм во нашата културна средина, па и со тоа има една несекојдневна значност.

Goran.Pro.jpg

Д-р Сашко Насев

 

 




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!

Е-пошта

  Коментари (4)
1. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 04-07-2009 23:31
На промоцијата е присутен еден господин кој пријави патепис снимен на годишен одмор со џебна видео камера, како полнопоравен документарен филм на конкурсот на СРДФ, доби средства, а филмот никогапш и никаде не беше прикажан. Погрешив нешто?! Не кажав како се вика... значи, веројатно ништо не погрешив.
2. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 06-07-2009 18:44
Почитуван-а, Ве молам да појасните на кого алудирате: на некого во публиката или на некого од страната на промоторскиот деск. Јас, како автор на книгата би сакал тоа да го знаат читателите, за да не се фрла дамка на овој настан кој мене многу ми значи.
3. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 07-07-2009 01:10
Јас се извинувам, и настанот и личноста ја измислив. На несоодветно место, и во несоодветно време. Значи, ниту во публика, и ниту на промотерскиот деск. А овакви книги и овакви промоции, уште многу да има, да даде Бог! Простете ми! ;-)
4. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 07-07-2009 16:11
Во ред, пријателе, нека ни бидат пријатни летните денови, во знак на убавите филмови и книги, и во име добрите зборови. Со почит!

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 5
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >
Premin Portal on Facebook

Online разговори



ON LINE на Премин Портал
отец Игор Калпаковски
Преглед на разговор од 22.12.2009


ON LINE на Премин Портал
Митрополит Европски г. Пимен
Преглед на разговор од 04.08.2009

Пребарување

Фотопрезентација - МОЈА ВИЗУРА

НАГРАДЕНИ УЧЕСНИЦИ

Помош за Бигорскиот манастир


Сите што сакаат да се вклучат во возобновувањето на Бигорскиот манастир и да се вложат себеси како жив камен во живата Црква, можат да донираат на следните жиро-сметки:
Повеќе...

RSS Канали

rss_ikona.jpgПретплатете се на некои од следните RSS Линкови:

07.png Вести
07.png Полезно и потребно
07.png Колумни
07.png Наука и религија
07.png Одговори на Вашите прашања
07.png Беседи
07.png Поуки од Светите Отци




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!