Духовност
Прашања до духовникот
ЗА ВЕРАТА, ПОЧИТТА И ЉУБОВТА КОН СТАРЕЦОТ
| ЗА ВЕРАТА, ПОЧИТТА И ЉУБОВТА КОН СТАРЕЦОТ |
|
|
|
1. Умешно и грижливо држете ги довербата и љубовта кон својот духовен раководител, зашто во тоа се состои и животот и смртта на душата. Не нажалувајте го својотдуховен отец, ако сакате да Го гледате лицето Божјо. Оној што го нажалува него, треба да знае дека Го нажалува Христа. Како тогаш после смртта ќе Го погледне Христа?
2. Верувам, чедо мое, дека ќе направиш и повеќе од она што ти го советувам и ќе видиш колку добро ќе се чувствуваш! Никогаш не му допуштајте на непријателот да ве нападне со лоши помисли против вашиот Старец, зашто таквите помисли се змии преполни со отров.
3. Чедо мое, не се сомневај во тоа што ти се случува. Едно вистинско духовно чедо така го љуби својот духовен отец којшто духовно го родил со содејство на благодатта Божја.
4. Послушникот бива смртно повреден кога нема смирено и искрено да му се открие себеси на Старецот. Како што болниот не може да се исцели ако не му покаже на лекарот каква му е раната или болеста, зошто продолжуваат болките или температурата... така и послушникот, кога нема да му ги покаже своите душевни рани на својот духовен лекар - не се исцелува. Тоа што го спречува да покаже од што боледува е неговиот егоизам.
5. Да бидеме будни, чеда мои, и да се присилуваме себеси. Што чекаме? Крајот се приближува и ќе се најдеме во неволја. Што ќе ни помогне тогаш? Во таа голема нужда ќе ни помогнат сегашната грижливост во должностите, во стекнувањето на добродетелите и особено - духовното единство со нашите духовни родители преку животот со кој сме им угодиле. Ако сме духовно раздвоени од својот духовен отец заради нашата непослушност и заради тоа што го осудуваме, како ке се утврдиме во смртниот час против демоните? Без неговите свети молитви - како да се најдеме во присуството на Самиот Исус Христос? Чии молитви ќе не ослободат кога ќе се вознесеме и ќе наидеме на воздушните митарства? Тие на Старецот? Тие не напуштија, бидејќи во овој живот го растажувавме, така што тие веќе немаат никаква сила во оној миг на нужда. 6. Твоето прашање, чедо мое, е прашање коешто главно се однесува на твојот Старец. Многупати ви зборував дека ѓаволот стравува од Старците и дека љубовта и довербата кон нив е најголемата сигурност за секого што заради љубовта Божја ќе им се потчини. Меѓутоа, секој којшто греши во послушанието кон Старецот, во истиот миг ја губи неговата заштита и со тоа започнува пропаста на послушникот. Бидејќи ѓаволот ова го знае, не се двоуми да отпочне војна користејќи ги помислите против Старецот и обидувајќи се да ги преувеличи неговите слабости во таа мера што послушникот да поверува дека нема никаква корист од него, дека не се покажал добар итн. Кога ѓаволот ќе го увери во тоа, тој и го победува. Меѓутоа, кога ќе го затекне послушникот утврден, го напушта и отвара друг фронт. Реткост е послушникот да не води ваква војна. Писмо на Старецот до една монахиња
7. Ќерко моја, љуби ја и почитувај ја својата Старица. Кој од нас е без слабости? Сите ние сме под суд заради своите страсти. Меѓутоа, тоа е една работа, а твојата обврска кон духовната мајка сосем друга! Гледај ја како лицето Христово! Довербата што ја имаш во неа ќе ти се земе како доверба во Бога. „Поуки за Исусовата молитва“- Издавач: Струмичка епархија
Посети: 893 Е-пошта
|
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| Дуци беее, па ... |
| 21/11/08 15:40 Повеќе... |
| Од babuska |
| Младите битолчани учат за верата од холивудски филмов... |
| SIROK SOKAK=SIROK PAT |
| 21/11/08 15:15 Повеќе... |
| Од M16TIK |
| Несоборливиот аргумент на господинот Иларион |
| Ц, немам мисио... |
| 21/11/08 15:03 Повеќе... |
| Од Б. |
| Божествена Литургија во манастир Св. Прохор Пчински, А... |
| pozdrav do o.Gavril i od ... |
| 21/11/08 14:55 Повеќе... |
| Од sofija |
| Младите битолчани учат за верата од холивудски филмов... |
| Ova pokazuva deka zetvata... |
| 21/11/08 12:47 Повеќе... |
| Од p.h. |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |