Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Полезно и Потребно arrow Беседа за Крстот Христов
Беседа за Крстот Христов Испечати Е-пошта


   Hristos.nakrst.jpg                                    


...Нашиот небесен Отец го даде Својот Единороден Син да биде распнат на дрвото на омразата и крајната суровост - кое што го измислила човечката злоба. И Синот, висејќи така, колку што било потребно за да ја насити злобата на своите непријатели, умре. После три дена, Отецот го воскресна Синот и го запечати во срцата на луѓето своето ново дело.

Оттогаш, во светот на човековата претстава и сфаќање настана потполн пресврт. Крстот, кој порано бил орудие на страшно мачење, сурово човекоубиство, стана единствена вистинска потпирка на човекот. Патот, вистината и животот почнуваат од Крстот, без кој што нема спасение.

Безмерна е љубовта Божја кон нас, што заблеска од Крстот Христов!

Голем и неизмерен е Крстот Христов! Невозможно е да се сфати неговата ширина и должина, длабочина и висина.   

Но, да се потрудиме, колку што е возможно, тоа да го замислиме.

„Колку е широк Крстот Христов?” - прашува еден епископ и одговара: „Тој е широк колку светот, зашто Христос умре за целиот свет, како што е напишано: „Тој ги очистува нашите гревови, и не само нашите, туку и гревовите на целиот свет” ( 1 Јован 2, 2 ).

Толкава е ширината на Крстот.

Колку е долг Крстот Христов? Толку е долг, што се продолжува низ сите векови, сè додека не остане на земјата дури и еден грешник кој што може да се спаси, додека не исчезнат тагата, страдањето и сето она што му е спротивно на Господа во Божјиот свет.

Толкава е должината на Крстот.

Колку е висок Крстот Христов? Толку, колку што е небото, како Престол Господов. Да, тој е висок како највисоко небо, зашто кога Христос беше распнат на Крстот, Небото слезе на земјата, а земјата се вознесе до Небото.

Толкава е висината на Крстот.

Колку е длабок Крстот Христов? Тоа е голема тајна, и не ни е дадено да ја сфатиме, и за неа можеме со стравопочит да претпоставуваме. Ако Крстот со својата висина достига до небесата, тогаш тој со својата длабочина слегува до адот, до најдлабокиот грешник во најдлабокиот вртлог, било каде да се наоѓа - зашто Христос слезе во адот и им проповедаше на духовите кои беа во затвор ( 1 Петр. 3, 19 ).


Толкава е длабочината на Крстот.

Крстот Христов е почеток и крај на нашето спасение ( Јован 3, 16 - 17; 36 ). 

Без Крстот, ние не сме христијани, ние не сме членови (член - дел од телото) на Црквата Христова, ние не сме синови Божји. За Крстот ние се раѓаме, со Крстот живееме и со Крстот умираме ( Мат. 10, 88; 16, 24; 28, 19; Лук. 14, 27; Марк. 10, 21; 16, 16 ).

Крстот Христов е оклоп или облека во која ние сме должни да се облечеме ( Мат. 20, 22 - 23; Марко 10, 38 - 39; Лук. 12, 50 ) за време на нашето земско подвиго-положништво (трудот), за со тоа веднаш да се разликуваме од секој неправославен или неверник ( Апок. 7, 3; Језек. 9, 4 ).

Крстот Христов е пофалба за христијанинот и страшна казна за оние кои се одрекуваат и се гнасат од Крстот Христов, за оние кои отпаѓаат поради него од Црквата Божја и за непријателите Божји ( Гал. 6, 14, 24; Кор. 1, 18; Јевр. 13, 13; 6, 6; Филип. 3, 18).

Крстот Христов е меч духовен со кој што се победуваат непријателите, видливи и невидливи.

Крстот Христов е Боженствено оружје за избавување од ѓаволите и непријателите ( 1 Кор. 1, 18; Лук. 1, 71 - 74; Мат. 22, 44 ).

И на крајот, Крстот Христов е страшен знак на денот на Страшниот и конечен Суд Божји за сите противници на името Христово ( антихристи ) ( Мат. 24, 30 ).
 
                   
                     ( Составено според книгата „Смирение во Христе”, П. Иванова
                       прот. Гр. Дљаченко)


Подготви: Никица Мишева

Извор:http://www. dobrodrvo.orthodox.ru

 




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!

Е-пошта

  Оставете Ваш коментар

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 2
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >
Premin Portal on Facebook

Online разговори



ON LINE на Премин Портал
отец Игор Калпаковски
Преглед на разговор од 22.12.2009


ON LINE на Премин Портал
Митрополит Европски г. Пимен
Преглед на разговор од 04.08.2009

Пребарување

Фотопрезентација - МОЈА ВИЗУРА

НАГРАДЕНИ УЧЕСНИЦИ

Помош за Бигорскиот манастир


Сите што сакаат да се вклучат во возобновувањето на Бигорскиот манастир и да се вложат себеси како жив камен во живата Црква, можат да донираат на следните жиро-сметки:
Повеќе...

RSS Канали

rss_ikona.jpgПретплатете се на некои од следните RSS Линкови:

07.png Вести
07.png Полезно и потребно
07.png Колумни
07.png Наука и религија
07.png Одговори на Вашите прашања
07.png Беседи
07.png Поуки од Светите Отци




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!


Сè што е соединето со Бога, спасено е

Православен календар

14/03/2010 - недела

Преподобната маченичка Евдокија;
Преподобен Агапиј;
Велики пост;
(Разрешено на масло)
Недела на Св. Јован Лествичник

Православен календар за овој месец - МПЦ

Преподобен Гаврил Светогорец, епископ Велички


А и до ден денеска има значи и чудеса на неговиот гроб од каде се чувствува и благопријатна миризба низ воздухот, а по неговото упокојување во Господа, на неговиот гроб гледале светлина во вид на огнен столб. Повеќе...

Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (4дел)


Христијанството не е учење туку живот. А самото негово учење влегува во животот како одреден образ, како поглед на сè што е и станува...
Повеќе...

Старец Ефрем Филотејски - За трезвеноумието


...Преку делото на трезвеноумието се ослободувале од помислите и на тој начин страстите биле намалувани. Трезвеноумноста им ја носела чистотата на срцето...
Повеќе...

Свети Серафим Саровски- За тагата


...Душата исполнета со тага како да станува безумна и надвор од себе, па не може спокојно да прима добар совет, ниту кротко да одговара на поставените прашања. Таа бега од луѓето како од виновници за своето вознемирување, не сфаќајќи дека причината за болеста е во неа.,... Повеќе...

Св. Макариј Велики : Беседа 1


Како што орелот царува над птиците, лавот над дивите ѕверови, волот над кротките животни, а човекот над сите творби, така и во разумната душа постојат сили што царуваат, т.е. волјата, совеста, умот и силата на љубовта. ...
Повеќе...

А. С, Бочаров, А. В. Чернишев: СУЕТНОТО ЧОВЕЧКО СПАСЕНИЕ


„Дејствувањето на суетата започнува така што ослабнува вниманието спрема духовното и се засилува наклонетоста спрема сетилното: луѓето им робуваат на излишните нешта, ги бараат пријатностите," ...
Повеќе...

Арх. Рафаил Карелин - Тајната на спасението (4)


– Како да се зборува за верата
Атеизмот не се јавува како последица на научни истражувања од следните причини:...
Повеќе...

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО


Нема поголема добродетел од смиреното покајание, зашто кога човек преку покајанието ќе се испразни себеси од секоја суета, од секое осудување, ... Повеќе...

Митрополит г. Наум: Преданието на исихазмот во неговите догматски и аскетски основи


... Суштината на кратката молитва е во непрестајното и нерасеано пребивање на умот во Бог, во заедница со Него. ...
Повеќе...

Александар Шмеман - ХРИСТИЈАНСКА ОБНОВА


...Читајќи ја големата и се пообемна современа литература, посветена на прашањето на христијанската обнова, не можеме а, да не дојдеме до заклучок дека главниот, ако не и исклучителен критериум на таа обнова, е светот...
Повеќе...

Преподобен Андреј Рубљов


... Уметноста на св.Андреј Рубљов е комбинација на две традиции: средновековниот манастирски аскетизам и класичната хармонија на византиското сликарство. Ликовите на неговите икони и фрески се секогаш спокојни...
Повеќе...

Православни Цркви во светот


...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos.
Повеќе...


Едукативно