Духовност
МПЦ - Синод и Епархии
Летно училиште за изучување на грчкиот јазик и култура во Авдира
| Летно училиште за изучување на грчкиот јазик и култура во Авдира |
|
|
Најголемата радост започна со посетата на игуменот на Светогорскиот манастир Ватопед, Архимандрит Ефрем, заедно со неколкумина монаси од истиот манастир (Нимфонт, Григориас...).
13.08.2007-03.09.2007 Со благослов на неговото високо преподобие Архимандрит Партениј, игумен на Бигорскиот манастир Св.Јован Крстител, група деца-негови духовни чеда, предводени од Весна Спасевска, беа дел од овогодинешното летно училиште за изучување на грчкиот јазик и култура во Авдира,место најблиско до градот Ксанти. Летно училиште со долга традиција од 11години, место на кое во минатото живееле и твореле едни од најистакнатите филозофи во историјата на човештвото,како: Питагора, Платон, Сократ, и др.
Амфитеатарот во кампот
Параклис ![]() Професор Јоргос Павлос (лево)
Часовите продолжуваа попладне со театар и национални грчки танци (ора).Вечерта претставуваше можност за секој од нас да се запознае со останатите деца од летниот камп, кои доаѓаа од различни земји низ светот: Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Русија, Молдавија, Романија, Унгарија, Германија, Чиле, Јордан, Египет, Грузија и Кина.Секоја недела ја посетувавме црквата Св. Пантелејмон во Авдира, каде на литургиите го кажувавме Символот на Верата на македонски јазик, а подоцна се запознавме и со свештеникот.
![]() Заедно со свештеникот
Света Литургија
Најголемата радост започна со посетата на игуменот на Светогорскиот манастир Ватопед, Архимандрит Ефрем, заедно со неколкумина монаси од истиот манастир (Нимфонт, Григориас...). Радоста продолжи со присуството на Светата Литургија во метохот на Ватопед, манастирот Св.Николаво Порто Лагос, каде се поклонивме на чудотворната икона на Мајката Божја H PANTANASSA Царица на сите и на се). Браќата не примија со огромна љубов, а најголем дел од времето го поминавме со Отец Матеј, ватопедски монах.
Со светогорските монаси: Архимандрит Ефрем (во средина)
Отец Нимфонт (од лево ) и Отец Григориас (од десно) Св.Никола (метохот на Ватопед) ![]() Со Отец Матеј во црквата ![]() H PANTANASSA
Иконата на Св. Јован Крстител
На празникот Отсекување на главата на св.Јован Крстител присуствувавме на Архиерејска Литургија во црквата Св.Јован Крстител во Ксанти, каде служеше Епископот Ксантиски г-дин Пантелејмон во сослужение со повеќе владици и свештеници. Во црквата се поклонивме на светите мошти на Св. Георгиј. Посетата на градот заврши во црквата Св.Софија каде се наоѓаше чудотворна икона на Мајката Божја, а подоцна посетивме уште една чудотворна икона на Богородица во црквата Св.Никола во градот Кавала.
Чудотворната икона на Мајката Божја Наредниот ден, Епископот Ксантиски г-дин Пантелејмон, дојде во летното училиште и пред него се претставивме со повеќе византиски песни, заедно со професорот Софоклис. Претставувањето со византиски песни Престојот во летното училиште го завршивме со посетата на античкиот град Филипи, каде проповедал Св.Апостол Павле и е крстена првата жена македонка Лидија.Во амфитеатарот кај Филипите , одигравме две антички драми Медеа и Вакхес.
ФИЛИПИ
По напуштањето на кампот , на 03.09.2007година, Премилостивиот наш Господ Исус Христос не удостои да го посетиме манастирот Св. Јован Богослов(Суроти) во Василика, каде се поклонивме на моштите на Св.Арсеније Кападокијски и на гробот на светиот старец Пајсиј Светогорец (1924 - 1994).Подоцна и сестрите во манастирот не послужија со кафе, вода и локум, токму како стариот обичај на старец Пајсије.
![]() Суроти (однадвор) ![]() Старец Пајсије ![]() Суроти (однатре)
Гробот на Старец Пајсије
Фала му на Бога што позволи и благослови сето ова да го видиме и доживееме по Неговата преголема милост, бидејќи радоста и благодатта што Он ни ја дарува на различни начини, преку манастирите, монасите, светите мошти на светителите, се нешта кои минливиот обичен смртен човек ни со најголемиот свој труд, не може да ти ги подари, бидејќи Бог е единствен извор на љубов. Затоа, непрестано да се радуваме спомнувајќи го Неговото Пресвето Име, и да Му благодариме за се што ни дал, а најмногу за Светиот Дух кој го испрати на земјата да не крепи и дарува ВЕЧНА утеха.
• Павлина Ангеловска
Посети: 726 Е-пошта
|
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| Дуци беее, па ... |
| 21/11/08 15:40 Повеќе... |
| Од babuska |
| Младите битолчани учат за верата од холивудски филмов... |
| SIROK SOKAK=SIROK PAT |
| 21/11/08 15:15 Повеќе... |
| Од M16TIK |
| Несоборливиот аргумент на господинот Иларион |
| Ц, немам мисио... |
| 21/11/08 15:03 Повеќе... |
| Од Б. |
| Божествена Литургија во манастир Св. Прохор Пчински, А... |
| pozdrav do o.Gavril i od ... |
| 21/11/08 14:55 Повеќе... |
| Од sofija |
| Младите битолчани учат за верата од холивудски филмов... |
| Ova pokazuva deka zetvata... |
| 21/11/08 12:47 Повеќе... |
| Од p.h. |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |