Духовност
Прашања до духовникот
Старец Ефрем Филотејски - За трезвеноумието
| Старец Ефрем Филотејски - За трезвеноумието |
|
|
|
За трезвеноумието (13.04.2009)
Од 14 век па наваму, отците ја систематизираат и ја организираат молитвата. Тие оставија списи за молитвата. Утврдија дека трезвеноумноста е нешто неопходно за човековото совршенство.
Од таа причина ние, монасите, никако не смееме да ја запоставиме молитвата, бидејќи таа ќе ни донесе стопроцентена корист. Кога трезвеноумието ги очистува умот и срцето и го овозможува целомудреното внимание, како во поглед на надворешните чувства на телото така и во поглед на внатрешните чувства на душата, монахот нема потреба од големи подвизи за да ја достигне истата цел. Подвизите на праксата го помагаат трезвеноумието. Од таа причина отците, според силите, ги практикувале телесните подвизи за, се разбира, да го потпомогнат трезвеноумието. Но, главно се бавеле со трезвеноумие, бидејќи молитвата и трезвеноумноста темелно поучуваат за духовните нешта и за ‘теоријата’ (созерцанието). Подвигот на трезвеноумието го води молитвениот тихувател кон теоријата (созерцанието) за созерцанието да го одведе кон мудроста, а мудроста до љубовта, додека од љубовта происходи ‘Божествениот ерос’. Чистотата е природен исход на трезвеноумието. Чистотата на душата и на телото си доаѓа сама по себе. Трезвеноумието ги заменува најголемиот дел од напорите и страдањата што ги вложувале отците во минатото измачувајќи се и истоштувајќи се себеси до смрт. Трезвеноумието ги води тихувателите кон слобода од грижите. Тие увиделе дека претераната грижа за многуте и различни работи претставува сериозна пречка за достигнување на трезвеноумност, бидејќи од грижите се раѓаат помисли. Помислите, од своја страна, го одвлекуваат умот од молитвата и созерцанието. Од таа причина, грижата за непотребните и одвишни работи отците ја нарекуваат духовна туберкулоза. Општежителните монаси живеат во послушание. Природна последица на послушанието е ослободеноста од грижите на оној што е послушен. Сè додека го практикувам послушанието и додека некој друг се грижи за мене, јас сум мирен и спокоен и се грижам само за својата служба (диакониа). Кога се грижам за својата работа (диакониа) и сметам дека не треба да се грижам за ништо друго, многу добро можам да ги соединам послушанието и молитвата. Ако видам дека мојот ум додека се молам не е во состојба да внимава на ракоделието, бидејќи е расеан на многу работи што не се поврзани за должностите во рамките на послушанието, тогаш нужно ќе почнам усно да го призивам името на Исус и со шепот да изговарам: “Господи Исусе Христе, помилуј ме!„ Кога устата се моли, а рацете работат, трудот бива двојно награден: со благодатта на послушанието и со благодатта на молитвата. Послушанието нè наградува за нашата работа, а молитвата нè осветува. Секое дело проследено со молитва има посебна благодат.
Старец Ефрем Филотејски Друго: Старец Ефрем Филотејски - Слово за молитвата
Извор: http://www.mpc.org.mk/predanie.asp
Е-пошта
|
|||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и Фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
Premin Portal on Facebook |
| Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010) |
| Слава на Госп... |
| 02/09/10 22:31 Повеќе... |
| Од Тони |
| Царице моја преблага |
| Mnogu ubav link! |
| 02/09/10 19:49 Повеќе... |
| Од be_free |
| СЕКОГАШ ИМАЈТЕ ЉУБОВ КОН БОГ И МЕЃУСЕБНО |
| "За монахот ти... |
| 02/09/10 19:15 Повеќе... |
| Од DA! |
| Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010) |
| PREKRASNO!!! |
| 02/09/10 19:08 Повеќе... |
| Од S.L. |
| Михаила Поповска - За вистината и лагата |
| Секоја чест. И... |
| 02/09/10 13:57 Повеќе... |
| Од Игор К. |
![]() |
![]() |
Повеќе... |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
Претплатете се на некои од следните RSS Линкови:
Вести
Полезно и потребно
Колумни
Наука и религија
Одговори на Вашите прашања
Беседи
Поуки од Светите Отци