Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Духовност arrow Прашања до духовникот arrow ЧОВЕКОТ БЕСЕДИ СО ОНОЈ КОГО ШТО ГО САКА
ЧОВЕКОТ БЕСЕДИ СО ОНОЈ КОГО ШТО ГО САКА Испечати Е-пошта

 

crkva.drvo.jpg
 

Еднаш, во една пригода, разговарав со еден млад човек – студент. Тој беше верник и водеше релативно благочестив живот. Но, кога стана збор за молитвата, тој ми рече:

- Јас се молам мошне ретко. А и немам особена потреба да се молам: зошто човек да се моли, ако сè знае, ако сè разбира? И нема некакви особени прилики коишто би ме поттикнале на молитва. Ако, пак, се појави таква особена, екстремна ситуација, тогаш ќе се молам, а дотогаш – зошто да се молам? Нема потреба.
- Сакаш да кажеш – му возвратив -  дека се молиш „машки“: додека не удри гром, вистинскиот маж не се прекрстува?
- О, не, јас воопшто не сакам да ме снајде некаква неволја или грижа. Не, едноставно, нема потреба да се молам, и тоа е сè.

Што да се каже на ова?

Да претпоставиме дека некој брачен пар има дете. И дека детето вели: „Зошто треба да разговарам со татко ми и со мајка ми? Ако имам некаква потреба, тогаш ќе разговарам со нив, а дотогаш – зошто ми се потребни? Јас не сакам да разговарам со нив, не ми е интересно.“ Зарем со таквиот нељубовен однос не им нанесува болка на своите родители? Ги растажуваме – и тоа силно!

Дали некогаш сте забележале дека , кога стоите на молитва со ладно чувство спрема Бога, тогаш и луѓето се однесуваат ладно спрема нас? А по срдечната, топла молитва упатена кон Бога, и односите на луѓето спрема нас стануваат некако потопли.

А речиси редовна појава е кај децата да заладува природната љубов кон родителите ако тие се однесуваат ладно спрема Бога. Но, тоа најчесто никој не го забележува. А Господ рекол: „Со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери“ (Матеј 7:2).

crkva.majka.deca.jpg

Со оној, кого што го сакаме – со него и комуницираме. Па дури и да седиме молкум, сепак се радуваме, го чувствуваме присуството на саканиот. Така е и пред Бога: ако ни е „досадно“ со Него на молитвата, значи дека сме ја изгубиле љубовта спрема Него. Ние Го растажуваме нашиот Небесен Отец и, фактички, го губиме контактот со Него, оној контакт кој ни е потребен повеќе од сè. Тој контакт не Му е потребен на Бога, туку ни е потребен нам, за вечен живот. Ако не го воспоставиме тој контакт, слично како што електична сијаличка воспоставува контакт во електрично коло, што ќе биде со нас? Ако сијаличката не се вклучува во електричното коло, станува бесполезна и се фрла во ѓубре. Така и ние, ако не се соединиме со Бога со посредство на срдечна, жива молитва, тогаш, како неупотреблива сијалица, ќе бидеме фрлени на духовно буниште, коешто се нарекува „ад“ или „вечна мака“.

Подготви: д-р Драган Михајловиќ


Е-пошта

  Оставете Ваш коментар

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 6
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели