Прашања и Одговори
ЗА ГРЕВОВИТЕ
| ЗА ГРЕВОВИТЕ |
|
|
|
П. Што е грев?
О. Грев е прекршување на Божјите заповеди. П. Со што ние грешиме? О. Првенствено со збор, дело и помисла, а исто така и со петте сетива: поглед, слух, мирис, вкус и допир
.
П. Како се делат гревовите? О. Според Светото писмо, некои гревови водат во смрт, а некои не. П. Што е смртен грев? О. Смртниот грев е непокорен бунт на човекот против Божјата волја и таквиот грев го одделува човекот од Божјата благодат и уништува секое добро во душата. П. Како се делат смртните гревови? О. Смртните гревови се делат на прародителски и лични. П. Што е прародителски грев? О. Прародителски грев е прекршување на Божјата заповед што му беше дадена на Адама во рајот
.
П. Со што се истребува овој грев? О. Со крвта на Синот Божји, во Светото крштавање. П. Што е личен грев? О. Личен грев е онај којшто ние сме го направиле по Светото крштение со својот разум и волја во зрела возраст, а против Божјиот и моралниот закон. П. Со што се истребува овој грев? О. Со чисто и вистинско покајание и со Крвта на Синот Божји. П. Што е несмртен грев т. е. којшто се простува? О. Несмртен грев е онај којшто не нè лишува од благодатта и може лесно да биде простен. П. Колку несмртни гревови има? О. Не е можно да се избројат несмртните гре- вови, според Псалтирот: Паѓањата во гревови кој ќе ги разбере (Пс. 18, 13)? П. Колку смртни гревови има? О. Гревови смртни, изворни и главни има седум 1) гордост, 2) лакомост, 3) блуд, 4) завист, 5) стомако- угодие, 6) злопамтие, 7) мрзливост. Сите овие гревови се нарекуваат главни, почетни зашто од нив произлегуваат сите други гревови. П. Со што се победуваат овие гревови? О. Со спротивните на нив добродетели и тоа: 1) гордоста се победува со кроткост и смиреност, 2) скржавоста со дарежливост, 3) блудот со противење на телото и со чистота, 4) зависта со љубов, 5) стомакоугодието со воздржаност и трезвеност, 6) злопамтието или гневот со трпение и кроткост, 7) мрзливоста со ревност и трудољубие. П. Уште какви гревови има? О. Следуваат шест што се нарекуваат гревови против Светиот Дух: 1) неоснована надеж на Божјата милост, 2) очајување за своето спасение, 3) противење на знаена, утврдена и несомнена вистина и отфрлање на Православната христијанска вера, 4) завидување на духовните дарови што нашите ближни ги примаат од Бога, 5) пребивање во гревови и соучествување во злобата, 6) немар за покајание сè до крајот на својот живот.
Има уште четри гревови што викаат до небото за одмазда. Тоа се:
1) намерно убиство на човек, 2) неприроден блуд, 3) угнетување на сиромашните, особено на вдовици и сирачиња, 4) неиздавање и закинување на заработката на оние коишто се трудат за нас. П. Со што се победуваат овие гревови? О. Со добродетелите и со вардење на Божјите за- поведи, со скрушување на срцето, со покајание, испо- вед и епитимија. П. Кои добродетели христијанинот е должен да ги врши и упражнува постојано? О. Следниве: на прво место, ден и ноќ да се поучува Божјиот закон, како што вели Псалмопевецот во првата псалма, и како второ, да се моли на Бога во секое време, како што Христос ни објавува во Евангелието: Чувајте се, вашите срца да не отеж-нат од разузданост, пијанства и претерани грижи за животот; и да не дојде на вас овој ден одненадеж како примка; ќе дојде имено на сите кои живеат по сета земја. Туку бидете будни и молете му се на Бога во сето време, за да сте кадри да го избегнете сето тоа што ќе се случи за да застанете пред Синот човечки (Лк. 21, 34 - 36). СВЕТИ ДИМИТРИЕ РОСТОВСКИ ПРАШАЊА И КРАТКИ ОДГОВОРИ ЗА ВЕРАТА И ЗА СÈ ДРУГО ШТО ТРЕБА ДА ГО ЗНАЕ ХРИСТИЈАНИНОТ
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство
Издава Уредник и превод: Диме Кочовски, протојереј Лектура: Д-р Стојан Ристески
О Х Р И Д Е-пошта
|
|||||||||||
| < Претходно |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
Premin Portal on Facebook |
![]() |
![]() отец Игор Калпаковски Преглед на разговор од 22.12.2009 |
![]() Митрополит Европски г. Пимен Преглед на разговор од 04.08.2009 |
| Стојанче Андов - Победната песна...Реки Вавилонски (26.02.2... |
| :) |
| 11/03/10 23:45 Повеќе... |
| Од M |
| Божествена Литургија во храмот Св. Великомаченик Геор... |
| Ох, крилата бе... |
| 11/03/10 21:29 Повеќе... |
| Од Бараба |
| Божествена Литургија во храмот Св. Великомаченик Геор... |
| ok voda i struja se posle... |
| 11/03/10 19:30 Повеќе... |
| Од natasha |
| Искрите на Тесла создаваат потреси? |
| Tocno e deka Bog e golem ... |
| 11/03/10 14:48 Повеќе... |
| Од karolina |
| Божествена Литургија во храмот Св. Великомаченик Геор... |
| Многу почитув... |
| 11/03/10 14:19 Повеќе... |
| Од z |
![]() |
![]() |
Повеќе... |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
Претплатете се на некои од следните RSS Линкови:
Вести
Полезно и потребно
Колумни
Наука и религија
Одговори на Вашите прашања
Беседи
Поуки од Светите Отци