Прашања и Одговори
ТАЈНАТА НА СВЕТОТО КРШТЕНИЕ
| ТАЈНАТА НА СВЕТОТО КРШТЕНИЕ |
|
|
|
П. Што е крштение?
О. Крштение е миење на првородниот грев, а кај возрасните и личните гревови. П. Што ни донесува крштението? О. Ни ги отвора дверите на царството небеско. П. Каква е материјата со која се изведува оваа тајна? О. Обична, чиста вода со ништо непомешана. П. Која е формата на оваа тајна? О. Следниве зборови: „ Се крштева работ Божји (или рабинката Божја) (се кажува името), во Името на Отецот, Амин и Синот, Амин и Светиот Дух, Амин. Амин, го вели кумот. П. На што треба да се внимава во оваа тајна? О. Кумот и свештеникот да се од православната католическа вера. П. Може ли обичен човек да крсти дете? О. Може, но само во преголема крајна и смртна нужда, употребувајќи вода и велејќи ги зборовите: Се крштева работ Божји... итн
.
П. Дали во таков случај свештеникот е должен повторно да го крсти детето и да ги врши кршталните молитви и обреди? О. Повторно да се крштава не е потребно, но неопходно е да го помаза со миро со одреденото чинопоследование. П. Може ли оваа тајна да се повторува? О. Не. П. Зошто ние се раѓаме во грев? О. Затоа што кога Адам згреши, тогаш и ние згрешивме со него, зашто како родени од него, постанавме грешници. П. Како ја стекнуваме благодатта Божја во крштението? О. Со очистувањето на прародителскиот престап и со очистувањето на подоцнежните гревови напра- вени до крштението човекот постанува син Божји и наследник на благодатта на Светиот Дух. П. Можно ли е во една вода да се крстат повеќе деца? О. Можно е, како што е тоа укажано во житијата на светите, особено во житието на свети маченик Севастијан (види Мин. 18 декември) . П. Што е потребно да внимаваме по тајната на крштението? О. Бидејќи по крштението постанавме синови Божји, ние се одрекуваме од сите ѓаволски дела и ветивме дека ќе му служиме на Христа; според тоа сме должни до последната воздишка да го вардиме тоа што го ветивме на крштението. П. Колку вида крштенија има? О. Три:
1) со вода,
2) со желба и
3) со крв.
Со вода се крштаваме според одредбата Христова, со желба и со крв се крштаваме преку мачеништвото при што го стекнуваме царството небеско поради нашето исповедување на Христа вистинскиот Бог и поради на шето страдание. Исповедувањето и страданието придружени со желбата за крштение го заменува водното крштение во часот на смртта на маченикот.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| Дуци беее, па ... |
| 21/11/08 15:40 Повеќе... |
| Од babuska |
| Младите битолчани учат за верата од холивудски филмов... |
| SIROK SOKAK=SIROK PAT |
| 21/11/08 15:15 Повеќе... |
| Од M16TIK |
| Несоборливиот аргумент на господинот Иларион |
| Ц, немам мисио... |
| 21/11/08 15:03 Повеќе... |
| Од Б. |
| Божествена Литургија во манастир Св. Прохор Пчински, А... |
| pozdrav do o.Gavril i od ... |
| 21/11/08 14:55 Повеќе... |
| Од sofija |
| Младите битолчани учат за верата од холивудски филмов... |
| Ova pokazuva deka zetvata... |
| 21/11/08 12:47 Повеќе... |
| Од p.h. |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |